• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0

Откако разбрав дека загадувањето на воздухот ги погодува и неуките новинари и другите простосмртни лаици, а не само владините и невладините експерти, си помислив дека е дозволено и јас нешто да чкртнам на оваа тема. Да дувнам и јас малку ветре во маглава. Па што сака нека биде!

Пред се, еве однапред ги поздравувам сите најавени и ненајавени мерки и препораки што скопскиот градоначалник Петре Шилегов, другите градоначалници и соодветниот ресор во Владата ќе ги преземат во борбата против загадувањето. Од мене имаат бланко поддршка. Онака, неука поддршка, баш без задршка. Секоја добра идеја е добредојдена.

Иако, да бидам искрен, не сум убеден дека битката за чист воздух ќе биде така едноставна како што се чинеше во кампањата. Зашто, јас се уште немам разбрано дека имаме реалистични стратегии за намалување на греењето со дрва, јаглен, стари гуми, стари чевли и друг отпаден материјал, на пример. И немам слушнато за одржливи решенија за драстично намалување на загадувањето од сообраќајот. И не знам како ќе се натераат газдите на фабриките да инвестираат во нови филтри. Итн.

Не знам, веројатно до мене е проблемот. Односно, до мојата неукост. Можеби некаде се спрема кампања за субвенцирање на греењето со еколошки енергенси, на пример, а јас да не знам. Можеби има проекти за преориентирање на јавниот превоз на струја или нешто слично, а јас да не сум известен. Единствено што разбрав е дека по воведувањето на акцизата за дизелот, богатите ќе ги баталат џиповите и ќе се качат на велосипеди, а сиромашните ќе гледаат сеир.

Како и да е, еве сме во ноември, па доаѓаат декември, јануари, мојот роденден... Мене уште сега ме опива чистиот воздух што надоаѓа. А ако случајно ме лажат сетилата, ако повторно заглавиме во смог, имам една скромна молба до скопските градоначалници.

Другари Петре, Богац, Српче и останатите - ако загусти, нема да ве карам (јасно ми е дека ова со загадувањево е голема заебанција), ама однапред ве молам да ги ослободите децата од учлиште во критичните денови. Барем нивните бели дробови малку да ги заштитиме. Додека не смислите некоја генијална машина за чистење на воздухот. После ќе биде полесно.

Бал, бал, Балтазар... 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

Скок од височина од балканскиот гроб

Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.

Чувство за навредување

Како тој убав манир престана да важи кога се во прашање Македонците? Дали некој помислува на нашите национални чувства и имаме ли ние право на нив?

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

НАЈЧИТАНИ