• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83

Таман се спремав да продолжам со гледање на Strangers Things 2, кога моја Снежана од таму ми вели, гледај МТВ1! Ќе гледаш, шо ќе правиш. Наредба! Нејсе, почнав да гледам. Ми оставија впечаток три поенти.

Ми остави многу голем впечаток што премиерот нашол време да дојде во Македонија меѓу толку форуми и самити и да му чува страв на младиот благонадежен министер за финансии. Тоа е за почит, особено што е под голем ризик, зашто некој може да му направи атентат во Македонија!

Реков во еден друг коментар дека нема да коментирам веќе за економијата и за финансиите и за нивната иднина и слобода во 2018 година и понатаму. Ама не можеш!

Од тоа што го слушнав, заклучив дека буџетскиот документ за 2018 е обичен copy/paste на документот од 2009 година. Имаше многу смирувачки изјави, како онаа легендарната и арогантна изјава на бившиот министер Ставревски од 2009 година: „За плати на службениците и за пензии секогаш ќе има пари“! Сакаше да каже, останатите - кој ве ебе!

Понатаму, видов дека за клучните проблеми Владата формирала работни експертски групи заедно со Светска Банка (омилениот израз на еден министер од деведесеттите). Тоа е добро. Ама, Министерството за транспарентност и отчетност има обврска конечно да ги соопшти имињата на локалните експерти. Ако ништо друго, да им го измериме умот и да видиме дали имаат буџетски бизнис кредитни картички со дискреционо право од 500 евра!

Сè на сè, заклучив дека го чекаат шумарот во 2018 година. Нејсе, имаат право, на власт се и редно е да им помине меракот. Туку, многу зборуваа за образованието. Ми остави впечаток дека вицепремиерот за економија и финансии во Австрија го проучувал дуалното образование во средните школи. Добро е тоа. Во тренд е во Македонија да се писка по средношколците и основците. Типично за балканска земја. Па се запрашав, зошто никој не писка по високото образование и нивните институции? Па си реков, абе Руди, кој е луд сам себе да се укине?!

Па најголемиот број на присутните дискутираа и за буџетот за 2009 година! Кога веќе по наредба морав да гледам, да предложам нешто. Мислам, исто како МРТВ, треба да се укине и УКИМ и повторно да се формира. Ама при формирањето секој мора да помине низ машинчето за плагијаризам. И второто што е многу важно, она што го вели Сашо после 11, а тоа е задолжително кандидатите да бидат интелектуалци со три генерациски дипломи во фамилијата. Додуша, праксата покажува дека со третата диплома може да се роди само глембај интелектуалец.

ОК, само давам предлог. Не очекувам дека сами себе ќе се укинат, кога веќе владеат со државава од денот на независноста.

Една идеја многу ми се допадна. Онаа со доматата. Ако успееме на гранчето да произведуваме домата повеќе од две парчиња, сигурно ќе бидеме како Холандија и економијата ќе се придвижи. Додуша,овие млади и паметни деца на самитов Macedonia 2.025 зборуваа за нешто друго. Зборуваа за AI, Startup, IT- solutions, E-economy....за NASA. Ама јас не би ја занемарил ни оваа идеја со доматата.

Јебига, наредба е наредба да гледам. Останав без Strangers Thing.

ПС. Овој текст синоќа по емисијата го постирав на ТОП КОЛУМНИ И КОМЕНТАРИ, изутринава го избришав. Јебига, кај ги тепаат од сите страни за нестручност, уште јас им фалам. Вака е неутрално, ќе го објавиш на ИН, па кој сака нека чита и реобјавува.

 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Преиспитување и ново саморазбирање

Големо парче од Републиката каква што ја познававме е изедено во поместувањата на тие геополитички пластови, таму е или празнина или нефункционална содржина или болна содржина и тие дупки мораме да ги пополниме со модерност, со здрав резон.

Македонија на кошаркарското ЕП 2021!

Благоја Георгиевски по неуспехот во квалификациите за ЕП 2017 поднел оставка, но побарал и Наумовски да го направи истото! Како Македонец и љубител на спортот во истовреме тагувам поради сегашната наша европска кошаркарска провинцијалност.

Врзете се, полетуваме!

Македонија стана земја со најголема стапка на дебата за реформи по глава на жител во Европа! Што си баравме – тоа си добивме: сите фатиле да дискутираат, да дебатираат, да полемизираат, да се допишуваат и да се надвикуваат!

Новогодишни прослави на плоштадите – да или не?!

Ако ја сакаме и почитуваме македонската музика и продукција, да го покажеме тоа на дело, а нашите естрадни ѕвезди да покажат доблест дека се отворени за една таква нова соработка во која нема да се преценат.

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни се повтори.

Земја на (не)реваншизмот

И кога сè така убаво ќе изрелативизираме, па ќе го завиткаме во нереваншистичка обланда и обилна доза на шлаг, тогаш на врвот пак ќе се појави она фирерчено и неговите ора, стапот со два краја и слични идиотштини.

Политичарите и политиците пред историчарите и лингвистите

Можно ли е да изградиме наративи за историјата во духот на добрососедството на Македонија и Бугарија? Да, но само под еден услов – таа работа сепак да им ја оставиме на политичарите.

Братучед му на Мугабе

Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година.

Пратениците и нивните патни трошоци

Доколку успеат да се ослободат од хипотеката околу трошоците за превоз, пратениците во Собранието ќе имаат можност да покренат многу прашања околу трошењето на народните пари, вклучително и во македонските ДКП!

Нихилизмот не е доблест

Бугарија беше во друштвото на тие 13 фашистички држави и во врска со тоа спор нема, напиша бугарскиот хроничар Стефан Цанев.

НАЈЧИТАНИ