• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0

Добро е. Вака или онака, премиерот Зоран Заев покажа дека трпи критика. Барем јавно. А што му трпи душата, само он си знае. На јавната сцена, човекот е транспарентен, отворен и директен. Тоа го покажа и на дебатата за буџетот на МТВ, која ме предизвика, по долго време, да го пофалам јавниот сервис.

Се согласувам со професорот Ѓорги Спасов кога нѐ кара и вели дека е малку престрого да се кажува дека ова од Владата, сега-засега, е малку и дека можеби не биле реални очекувањата. И во право е кога вели дека се отворени многу сериозни процеси на промени во Македонија кои заслужуваат поддршка, иако заборава да каже дека за тие сериозни процеси Владата доби исто толку сериозна поддршка од медиумите. Од оние што се важат.

Сепак, професорот греши во неговата насловна теза – лесно е да се критикува Заев, вели тој. Не, верувајте, воопшто не е лесно. Еве зошто.

Прво, не е лесно, зашто сега знаеме дека работите нема да одат така лесно како што се очекуваше и најавуваше. Но, лесно ветената брзина сепак не е наша вина.

Второ, не е лесно, зашто Заев и неговата влада немаат баш уверливи одговори зошто се одложуваат некои реформи за кои не смее да има одлагање. Во ред, решила Владата да не ја крати администрацијата. Не ми се допаѓа, ама тоа е, политичка одлука. Но, ние знаеме дека во тој сектор има огромни резерви за внатрешни рационализации, за чиновништвото да стане попродуктивно. За тоа сведочат дури и самите министри. Агилната и искрена министерка за труд и социјала Мила Царовска, за своето министерство вели дека „е преоптоварено со кадар, но долу во сервисите - дневни центри за лица со пречки, центри за социјална работа што треба да им служат на граѓаните, таму нема вработени“. Ако е така, ајде веднаш претумбации. Што се чека?

Трето, не е лесно да се критикува владата на Заев, зашто навистина има многу луѓе во неговото опкружување кои се обидуваат да сузбијат секаква јавна критика, нарекувајќи ја критицизам, омилен термин од златните комуњарски времиња, или „мрчење“, простачки синоним од вокабуларот на куртон-порталите и останатите ФБ-апологети, кои дури почнаа самите себе да се саморекламираат како „провладини“.

Конечно, не е лесно, зашто повеќето од нас што деновиве критички ја опсервираме работата на Владата, сепак настапуваме од позиции на „другарска критика“ (еве уште еден познат комуњарски термин), а остатоците од груевистичката пропаганда, во тој тон, што Јанко бурекчијата го нарече „лакејски“, препознаваат некакво „разочарување“, неостварени лични очекувања и амбиции на критичарите и слични будалштини.

Нејсе, тука помош нема. Ни отстапки. Ние си избравме и си поддржуваме демократска влада и како таква ќе ја третираме – а тоа значи и дека ќе ја критикуваме! – сѐ додека таа не го докаже спротивно. Наречете го тоа презумпција на демократичност ако сакате. Тоа е.

ПС. Во наредните неколку денови нема да ги читате моите острилки. За да не помисли некој нешто лошо, ете, да ве известам дека заминувам на едно кратко приватно патување, со јасна намера опасно да се збунам и целосно да се дефоксуирам од настаните во Македонија. Ако смеат пратениците, зошто да не смеам јас?
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

Скок од височина од балканскиот гроб

Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.

Чувство за навредување

Како тој убав манир престана да важи кога се во прашање Македонците? Дали некој помислува на нашите национални чувства и имаме ли ние право на нив?

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

НАЈЧИТАНИ