• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 82

Неколку дена пред вториот круг на локалните избори, дојдов до информации за трошењето на јавните пари во Државната изборна комисија. Информациите непријатно ме изненадија. Откако ги споделив со тимот, падна решение да побараме одговор според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Прашањата кои ги поставивме се однесуваа на шест области на трошење за 2016 и 2017 година. Така, побаравме документација за повик, одлуки или договори за видот и вредноста на јавните набавки, поврзани со набавка на комуникациска опрема (телефони, мобилни телефони и друго) од буџетот на ДИК. Исто така, побаравме список со имиња и информација за висината на поединечните месечни примања на членовите на Државната изборна комисија, (9-те члена, вклучително и Претседателот и неговиот заменик), но и информација за висината на поединечно исплатените награди, односно хонорари или бонуси за нив.

Секако, сметавме дека е потребно јавноста да знае и за висината на поединечно исплатените надоместоци за трошоци за патување, репрезентација и прекувремено работење.

Не верував дека одговорот ќе дојде толку брзо, особено затоа што прашањата, сепак, бараат малку копање по документација. Но, одговорот пристигна за десетина дена и гласеше: „Побараните информации во барањето не се од јавен карактер и од тие причини истите не можеме да Ви ги доставиме во начин и форма во кои ги побарувате“. Хм.

Јавноста и експертите нека проценат дали побараните информации (не) се од јавен карактер. Дали треба да знаеме по која цена се набавени мобилните телефони? Колкави бонуси се исплатени? И сето тоа пред одржувањето на изборите. Како да било повеќе од извесно дека ДИК ќе ја заврши работата беспрекорно, па однапред заслужува мобилни, бонуси и разни други исплати, како дополнување на платите кои, ете, не биле податоци од јавен карактер.

Секако, Државниот завод за ревизија би требало да биде во состојба да побара одговор на овие прашања. Можеби ДЗР ќе биде доблесно и ќе се придржува до законите и ќе ги сподели тие информации со нас.

Инаку, од тоа што можам да забележам од снимките и фотографиите, мобилните телефони ми изгледаат прилично скапи. Мислам дека на пазарот се околу 900 евра. Десетте општини чии сметки беа блокирани и не можеа да ги спроведат изборите, добија „великодушна“ помош од ДИК во вредност од 9.000 евра. Значи, во просек колку еден мобилен телефон за членовите на ДИК.


 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Преиспитување и ново саморазбирање

Големо парче од Републиката каква што ја познававме е изедено во поместувањата на тие геополитички пластови, таму е или празнина или нефункционална содржина или болна содржина и тие дупки мораме да ги пополниме со модерност, со здрав резон.

Македонија на кошаркарското ЕП 2021!

Благоја Георгиевски по неуспехот во квалификациите за ЕП 2017 поднел оставка, но побарал и Наумовски да го направи истото! Како Македонец и љубител на спортот во истовреме тагувам поради сегашната наша европска кошаркарска провинцијалност.

Врзете се, полетуваме!

Македонија стана земја со најголема стапка на дебата за реформи по глава на жител во Европа! Што си баравме – тоа си добивме: сите фатиле да дискутираат, да дебатираат, да полемизираат, да се допишуваат и да се надвикуваат!

Новогодишни прослави на плоштадите – да или не?!

Ако ја сакаме и почитуваме македонската музика и продукција, да го покажеме тоа на дело, а нашите естрадни ѕвезди да покажат доблест дека се отворени за една таква нова соработка во која нема да се преценат.

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни се повтори.

Земја на (не)реваншизмот

И кога сè така убаво ќе изрелативизираме, па ќе го завиткаме во нереваншистичка обланда и обилна доза на шлаг, тогаш на врвот пак ќе се појави она фирерчено и неговите ора, стапот со два краја и слични идиотштини.

Политичарите и политиците пред историчарите и лингвистите

Можно ли е да изградиме наративи за историјата во духот на добрососедството на Македонија и Бугарија? Да, но само под еден услов – таа работа сепак да им ја оставиме на политичарите.

Братучед му на Мугабе

Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година.

Пратениците и нивните патни трошоци

Доколку успеат да се ослободат од хипотеката околу трошоците за превоз, пратениците во Собранието ќе имаат можност да покренат многу прашања околу трошењето на народните пари, вклучително и во македонските ДКП!

Нихилизмот не е доблест

Бугарија беше во друштвото на тие 13 фашистички држави и во врска со тоа спор нема, напиша бугарскиот хроничар Стефан Цанев.

НАЈЧИТАНИ