• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83

Пред петнаесетина и повеќе години, во полуофицијална посета на Македонија беше дојден тукушто пензионираниот шеф на една од најголемите западни служби за разузнавање, еден постар, негуван господин кој како да беше излегол од филмот за тајната служба „Кингсмен“. На негово барање – ај сеа?! – домаќиниве ми организираа ручек со него, на кој на долго и широко си ги чешавме јазиците за, како што е ред, разно-разни неважни теми. Сепак, некаде околу десертот, не пропушти прилика да ме потпраша што мислам дека е проблемот со нашиве тајни служби?

„Господине – ќе да му бев рекол – сѐ додека политичарите мислат дека процесите во општеството можат да ги насочуваат преку контрола на луѓе, а не преку слободна, демократска размена на аргументи и идеи, тајните служби ќе им бидат еден од главните лостови за останување или за доаѓање на власт, а не за пресретнување на вистинските безбедносни предизвици“…

Бидејќи не слушна ништо спектакуларно ново, „кингсменот“ констатираше дека времето во Македонија е необично топло за тоа доба од годината.

Во изминатите 27 години никако не дојде ред за реформа на тајните служби: прво поминавме години на осамостојување и разни безбедносни предизвици на работ од нервен слом. Потоа се случи атентатот врз претседателот Глигоров, што ја спречи – иако можеше и обратно – секоја размисла за чепкање во службите. Следуваше промена на власта, па Косовската криза и големиот бран бегалци, по што, без пауза, дојде војната на НАТО со Србија. Тоа беше подолг период во деведесеттите во кој Скопје ги одживеа годините на Лисабон и Виена меѓу двете светски војни, кога овде буквално можеше да те фати тежок бронхитис од вирусите што ги пренесуваа големото количество разни регионални и белосветски цивилни и воени разузнавачи и други трговски патници. Па од сето тоа „природно“ израсна нашата криза од 2001 година, со сите безбедносни трауми што ги подразбира еден таков настан. Уште не бевме салам земале здив по Охридскиот Рамковен договор, ни загина претседателот Трајковски под релативно сомнителни околности, по што повторно ни требаа уште неколку години и разни политички претумбации и вратоломии за, колку-толку, да се вратиме на себе…

Потоа си дојде Грујо на власт и историјата заврши. На братучедите им дојде како „кец на десетка“ долгогодишната нереформирана и многу пати политички злоупотребена тајна полиција, за од неа да направат тотална пачавра и главна патерица за злосторничкото здружување околу кое се обединија во владеењето со Македонија.

Денеска, можеби за прв пат од осамостојувањето, македонските тајни служби се наоѓаат пред сериозна можност за преобмислување и нов начин на организирање. Можеби повеќе од зорт (Прибе, НАТО, дисконтинуитет и сл.), отколку од мерак, но мал е временскиот прозорец низ кој треба да ги протнеме реформите во и на службите, и оние за и оние контра разузнавање, пред повторно да се случи некоја поголема политичка или безбедносна хаварија или додека не ѝ помине мераков на сегашнава власт за реформи.

Тие зафати не треба да бидат само околу тоа кој и како ќе управува со процесот и како ќе се контролира опремата за следење на комуникациите. Тоа бездруго. Туку поголемото прашање е она старото, принципиелно: повеќе централизација или повеќе децентрализација на моќта околу секторите кои би требало дискретно, а ефикасно и демократски контролирано, по закон, да се грижат за нашата севкупна безбедност? И дали стари кадри од деведесеттите можат на нов начин да ја водат оваа модерна расправа во поодминатиот 21 век?

Мислам дека во тие размислувања сме некаде околу констатацијата дека времето во Македонија е необично топло за ова доба од годината. 

 

извор: Цивил медиа

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Преиспитување и ново саморазбирање

Големо парче од Републиката каква што ја познававме е изедено во поместувањата на тие геополитички пластови, таму е или празнина или нефункционална содржина или болна содржина и тие дупки мораме да ги пополниме со модерност, со здрав резон.

Македонија на кошаркарското ЕП 2021!

Благоја Георгиевски по неуспехот во квалификациите за ЕП 2017 поднел оставка, но побарал и Наумовски да го направи истото! Како Македонец и љубител на спортот во истовреме тагувам поради сегашната наша европска кошаркарска провинцијалност.

Врзете се, полетуваме!

Македонија стана земја со најголема стапка на дебата за реформи по глава на жител во Европа! Што си баравме – тоа си добивме: сите фатиле да дискутираат, да дебатираат, да полемизираат, да се допишуваат и да се надвикуваат!

Новогодишни прослави на плоштадите – да или не?!

Ако ја сакаме и почитуваме македонската музика и продукција, да го покажеме тоа на дело, а нашите естрадни ѕвезди да покажат доблест дека се отворени за една таква нова соработка во која нема да се преценат.

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни се повтори.

Земја на (не)реваншизмот

И кога сè така убаво ќе изрелативизираме, па ќе го завиткаме во нереваншистичка обланда и обилна доза на шлаг, тогаш на врвот пак ќе се појави она фирерчено и неговите ора, стапот со два краја и слични идиотштини.

Политичарите и политиците пред историчарите и лингвистите

Можно ли е да изградиме наративи за историјата во духот на добрососедството на Македонија и Бугарија? Да, но само под еден услов – таа работа сепак да им ја оставиме на политичарите.

Братучед му на Мугабе

Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година.

Пратениците и нивните патни трошоци

Доколку успеат да се ослободат од хипотеката околу трошоците за превоз, пратениците во Собранието ќе имаат можност да покренат многу прашања околу трошењето на народните пари, вклучително и во македонските ДКП!

Нихилизмот не е доблест

Бугарија беше во друштвото на тие 13 фашистички држави и во врска со тоа спор нема, напиша бугарскиот хроничар Стефан Цанев.

НАЈЧИТАНИ