• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0

Кога Валентина Божиновска во својот хистеричен говор ја употреби асоцијацијата на Ноќта на долгите ножеви на протестите на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК, јавноста го вклучи алармот. Предоцна и недоволно гласно и одлучно, што е истовремено неприфатливо и разбирливо. За време на режимот на Груевски, агит-проп машинеријата се возеше на хистеријата во стилот „крв, крст и чест“. Оваа хистерија со години негуваше и негува иконографија, вокабулар, вредности и постапки кои нескриено ја следеа и ја следат мрачната фашистичка идеологија.

Може лесно да се направи разлика меѓу романтичната патриотска иконографија и онаа на фашистичките и неофашистичките манијаци. Кокетирањето со фашизмот во Европа и во светот, во Македонија се претвори во речиси отворена поддршка на политичкиот екстремизам и стана дел од политичкиот и општествениот водечки естаблишмент. Неизбежната меѓународна обврска да се вклучуваат етничките заедници во институциите, беше крајно формален и вештачки, проследен со нескриен презир и постојано изигрување на таа обврска.

Кога Божиновска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници (еј!), која истовремено има(ше) уште две-три функции низ државниот систем, си дозволи да ја пали толпата со асоцијации на Ноќта на долгите ножеви, што да се очекува од таква структура, освен омраза и насилство? Лидерот на партијата и премиер на Македонија со најдолг мандат, Груевски, повикуваше на „народни стражи“, „пресметки“ со „мрачните сили“, а неговата ДПМНЕ си дозволи терористички напад врз Собранието и обид за убиство на пратеници. „Фашистичка револуција“ од Бенито Мусолини и „Мајн Кампф“ од Адолф Хитлер се на полиците за книги во секој супермаркет, без посебни предупредувања од издавачот. И ова се само неколку случајно избрани примери... Секако, постојат безброј други аргументи и докази (некои и помалку познати за јавноста) за фашизмот и екстремизмот на кликата која ја предводи Груевски.
Кога говориме и пишуваме против фашизмот, верните следбеници на оваа клика не пропуштаат да извршат контранапад и да релативизираат со споредби со комунизмот. Значи, не го осудуваат фашизмот и политичкиот екстремизам, прикриениот или отворен антисемитизам, туку само велат дека и комунизмот бил лош. Притоа, невешто се обидуваат да ги стават антифашистите во графата комунисти, па така да ги направат сите подеднакво лоши, односно исти. Ја згрешиле работата! Со тоа само дополнително се разобличуваат себе си.

Никој не ја одречува монструозноста на диктатурата на Советскиот Сојуз и фасцинацијата на руските (и не само руските) деспоти со фашизмот, па дури и „натпревар“ во бруталноста низ не така дамнешната историја, но и денес. Антисемитизмот и фашизмот во Русија се прилично живи. Руските екстремисти го слават роденденот на Хитлер со брутални и неказнети напади врз мигранти и не-Руси секоја година, а тоа е само еден пример.

Ништо не може да ги оправда! Било да се свесни или несвесни, фашистите во земјава се дел од еден долгогодишен социјален инженеринг кој влезе на голема врата во образованието и културата на Македонија. Јавната сцена со години се контаминира со валкан и насилнички вокабулар, кој го со години го користат дел од медиумите. Во фашисоиден манир, медиумите често отворено ја подгреваат омразата кон поинаквите, било да се политички неистомисленици, етнички и верски малцинства, ЛГБТИ заедницата или други маргинализирани и ранливи групи на граѓанки и граѓани.

Фашизмот и политичкиот екстремизам во Македонија не се маргинални појави. Беа негувани и сѐ уште се негуваат од структури чиј размер и моќ не се за занемарување. Почнувајќи од сопствениот двор, сите заедници и структури, политички и општествени, мораат да почнат со чистење. Сега!

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

Скок од височина од балканскиот гроб

Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.

Чувство за навредување

Како тој убав манир престана да важи кога се во прашање Македонците? Дали некој помислува на нашите национални чувства и имаме ли ние право на нив?

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

НАЈЧИТАНИ