• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 82

 

Барем засега од она што го слушнавме во јавноста голем број од нас не можат да ја разберат логиката на повикот за дијалог во куќата на „Жан Моне“ во Париз на Иво Вајгл.

• Европратеникот Иво Вајгл најнапред вели: „парискиот дијалог нема да биде ниту замена, ниту продолжение на договорот од Пржино”.

• Второ, Вајгл на прес конференција јавно изјавува дека „,претставници на македонските политички партии се нафатиле кон крајот на јануари 2018 година во куќата на Жан Моне (симбол за евроинтеграцијата) да ги повторат лекциите за собранискиот Деловник, за етичкиот кодекс на пратениците и за владеење на правото.?!. ( Со ова објаснување за желбата и вољата на пратениците за повторување на зададената лекција навистина ме изнасмеа. Добро штом Вајгл нашол такви незнајковци и повторувачи. А впрочем и не туку така останала латинската поговорка ,,Repetitio Est Mater studiorum”)

• Трета изјава на Вајгл: воспоставувањето на еден нов формат на политички дијалог т.н. „Жан Моне“ на кој ќе учествуваат претставници од сите парламентарни партии?!

Иако мислам дека лично ми е јасна позадината на еден ваков бесмилен предлог кој за мене има друга цел, сепак би сакал јавно да му поставам неколку прашања на Вајгл, на ова негово бледо па дури и проsирно образложение на идејата за наводен дијалог.

1. Зошто во Собранието на Република Македонија да не може да се постигне политички компромис и дијалог за иднината на земјата, бидејќи само таму е вистинското место?

2. Зошто политичко помирување да се случува надвор од државата кога Република Македонија покажа дека има сили за внатрешно помирување. Да потсетам дека за време на воениот конфликт во 2001 година се случи најголемото помирување на домашен терен и тоа во Охрид со посредство на меѓународната заедница.

3. Кој со кого ќе треба да се помирува?

4. Дали мислите дека е потребно помирување на оние кои постојано се заедно, освен кога се вклучени камерите? За ваша информација голем број од оние кои наводно се постојано скарани и лути, заедно одат на лапачка и пијачка, заедно ги договараат бизнисите и се останато. Кого Иво Вајгл и ЕУ ќе помируваат?.

5. Кој му гарантира на Иво Вајгл дека политичкиот претставник кој ќе присуствува во Париз, тоа што ќе го прифати и договори таму, дека ќе има сила да го спроведе кај лидерот на сопствената партија и меѓу своите сопартијци?.

6. Дали ова е пред фаза за идно евентуално овозможување на одредени личности да им се овозможи елегантно избегнување на нивното соочување со правдата во својата држава, обид за нивна рехбилитација или нов политички пазар?.

7. Нели и е доста на Р. Македонија од вакви и слични скапи туристичко- патувачки циркуси?

Господине Вајгл се надевам дека ќе имате доблест да одговорите на поставените прашања.

 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Преиспитување и ново саморазбирање

Големо парче од Републиката каква што ја познававме е изедено во поместувањата на тие геополитички пластови, таму е или празнина или нефункционална содржина или болна содржина и тие дупки мораме да ги пополниме со модерност, со здрав резон.

Македонија на кошаркарското ЕП 2021!

Благоја Георгиевски по неуспехот во квалификациите за ЕП 2017 поднел оставка, но побарал и Наумовски да го направи истото! Како Македонец и љубител на спортот во истовреме тагувам поради сегашната наша европска кошаркарска провинцијалност.

Врзете се, полетуваме!

Македонија стана земја со најголема стапка на дебата за реформи по глава на жител во Европа! Што си баравме – тоа си добивме: сите фатиле да дискутираат, да дебатираат, да полемизираат, да се допишуваат и да се надвикуваат!

Новогодишни прослави на плоштадите – да или не?!

Ако ја сакаме и почитуваме македонската музика и продукција, да го покажеме тоа на дело, а нашите естрадни ѕвезди да покажат доблест дека се отворени за една таква нова соработка во која нема да се преценат.

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни се повтори.

Земја на (не)реваншизмот

И кога сè така убаво ќе изрелативизираме, па ќе го завиткаме во нереваншистичка обланда и обилна доза на шлаг, тогаш на врвот пак ќе се појави она фирерчено и неговите ора, стапот со два краја и слични идиотштини.

Политичарите и политиците пред историчарите и лингвистите

Можно ли е да изградиме наративи за историјата во духот на добрососедството на Македонија и Бугарија? Да, но само под еден услов – таа работа сепак да им ја оставиме на политичарите.

Братучед му на Мугабе

Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година.

Пратениците и нивните патни трошоци

Доколку успеат да се ослободат од хипотеката околу трошоците за превоз, пратениците во Собранието ќе имаат можност да покренат многу прашања околу трошењето на народните пари, вклучително и во македонските ДКП!

Нихилизмот не е доблест

Бугарија беше во друштвото на тие 13 фашистички држави и во врска со тоа спор нема, напиша бугарскиот хроничар Стефан Цанев.

НАЈЧИТАНИ