• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 82

Многу сум безобразен, дрзок и арогантен. Се разбира, мислам додека испишувам на белината од текстот (што значи дека тука сум сам наспроти цела непријателска територија), во реалноста сум „бајче“, на мравка не газам (или што би рекол Николаидис А.: „Кога човек зборува за себе, најчесто лаже“). Имено, текстот за мене е сè, дури понекогаш мислам дека нема ништо надвор од текстот, понекогаш мислам дека сè е нарација, дискурзивност. Па, дозволете ми, кога веќе имам простор да ги испишувам своите мисловни проекции, да се обидам со еден „амбициозен“ и „арогантен“ текст, за кој и самиот наслов ни кажува: „Зошто Македонија се распаѓа“. Или можеби фер би било вака: има ли нешто спорно во текстот „Зошто Македонија се распаѓа“?

Нема национализам

За разлика од другите социјалистички земји (освен Русија) падот на Берлинскиот sид и рушењето на комунизмот не резултираше со обнова на граѓанското општество, култура и општествени вредности, туку во историска смисла се отиде чекор наназад. Ако комунизмот сè уште е дел од светскоисторискиот процес, еманципацијата на пролетаријатот и секуларната интелегенција, по трагичните и лудачки случувања на крајот од осумдесеттите години и почетокот на деведесеттите, беше револуција на лумпенпатриотите и битангите. Таквиот преврат е изведен зад димната завеса од лажниот повеќепартиски систем и уште повеќе лажниот парламентаризам. Зад маглиштата од комунистичкото општествено уредување, Македонија клизна во трибална утопија или во превод: привидните институции клизнаа во уште попривидни, а узурпацијата на власта отиде во некој мнозински пакет на некакви совети сочинети од бабички и дедовци. Може кој сака што сака да си мисли, ама тука немаше никаков национализам. Како што го нема ни денес. Национализмот е можен само во внатрешноста на слободна „нација“ (бидејќи секоја нација е конструкт!). А македонскиот народ никогаш не се дигна, или никогаш не излезе од ориенталната заблуда и неслобода.

Национализмот е кохерентна идеологија, која за цел има да ги зачува виталните снаги на нацијата од погубните влијанија на „доцниот модернизам“: раскалашаниот модернизам и безвезните субверзивни „слободи“; неуспехот и анахроноста на таквите доктрини скриени се така што таа – иако на драго срце кокетира со Црквата-нацијата, впрочем, како и секоја идеологија во суштина е антирелигиска и не успева да ја види есхатолошката смисла на десолуција во современиот свет, распаѓање кое може (и мора) усправно да се канализира, ама кое не е возможно да се запре.

Територијална експанзија

Да го земеме за пример национализмот на „француската нација“, па да го споредиме со национализмот на „македонската нација“, ќе видиме застрашувачка негрижа кај нашите национални татковци и синови за доброто на народот. Всушност, ние и ден-денес играме политика на племенска, политичка и економска хунта, која исплива на бранот на деведесеттите, па апсолутно разбирливо беше дека ќе се отвори Пандорината кутија од сите замисливи и незамисливи злосторства во Македонија, кои склизнаа во безнадежност, а младите ги отера во нихилизам и наркоманија, при што, монопол над дистрибуцијата на дрога, да речеме, ја држи државна безбедност. Татковците на нацијата беа водени исклучиво од ориенталната идеја за територијална експанзија, од типот „Солун е наш“ и слични „булшитирања“. Што со дрвен јазик би значело: ширење и собирање арач, рекет, пљачка. Дури и површната анализа докажува, барем онаа анализа што мене ми ја кажуваат разни филозофи и теолози, луѓе на кои многу повеќе им верувам, одошто на армијата од советници, аналитичари и пи-ар „стратези“.

Дури, на мисла сум, нашите „елити“ посакуваат воена состојба, пожари, само за да обезбедат минимум национална кохезија и свесно приклучувајќи се кон неможноста Македонија да се конституира како нормална, модерна и демократска држава во која живеат слободни луѓе. Исто така, тешко е човек да се оттргне од впечатокот дека Македонија е ништо друго освен „потполнка“ за надворешните целини создавајќи внатрешна нестабилност. А притоа, ете ви феноменален повод за кукање и врескање кон „неправдите“ што другите земји ѝ ги задаваат на Македонија.


Селани и граѓани

Од своето постоење до денес, Македонија не успева да постои „сама за себе“; сама на себе да си биде цел, внатре во својот расположив простор да воспостави реален културен и државен поредок. Ниту, пак, некој македонски „државник“ се појави до сега за да сфати еден елементарен логички факт: Македонија како геополитички поим не е исто што и Македонија како географски поим. Такво неразбирање, создаде долг список на лабави единства, па затоа луѓето во оваа земја секогаш ќе бидат ПРОТИВ, секогаш во некаква негација. А кога некој ќе биде ЗА, тоа значи дека некој е во поддршка за она наше ПРОТИВ.

Да речеме, кога некој ќе ви тропа „ајде национално да се обединиме“, тоа значи дека се работи за анимозитет кон НАТО пактот и Европската унија, што не значи дека ќе ослабне ресентиманот ПРОТИВ Турците, Германците, Србите, Албанците, Масоните, Коминтерна, Сорош, Америка... Акумулацијата на таквиот негативитет, таа неспособност да се преболи поразот, да се надмине огорченоста, ја блокира конструктивноста, ја исцрпува општествената енергија и претставува солидна основа за идни порази и дезинтеграции.

Денес во Македонија имате нова поделба на „селани“ и „граѓани“, или она што јас го нарекувам псевдопатриоти и полумалограѓани, поделба која засега, притаено пристига како поддршка од државата. Ние, всушност, а тоа го повторувам со години, немаме проблем со политиката, ами имаме проблем со културниот модел. Ништо не можеше и ништо нема добро до произлезе, ниту денес, ниту во иднина, од нашето „славно минато“; oд друга страна, ако продолжиме да го практикуваме истиот културен модел, ние ќе го зациментираме популизмот, а простаклукот ќе го востоличиме како врвна вредност! Сево ова, во комплицираната реалност од 21 век, ќе се претвори во гротеска. И ќе биде сè погротескно. Поради тоа не треба да се мава со дрва и камења кон парламентарните будалштани и разбеснети пратеници. Иако немаат врска со парламентаризам, тие несвесно ја извршуваат својата парламентарна улога – не претставуваат токму онакви какви што во суштина ние сме.
 

Објавено во „Слободн печат“

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Преиспитување и ново саморазбирање

Големо парче од Републиката каква што ја познававме е изедено во поместувањата на тие геополитички пластови, таму е или празнина или нефункционална содржина или болна содржина и тие дупки мораме да ги пополниме со модерност, со здрав резон.

Македонија на кошаркарското ЕП 2021!

Благоја Георгиевски по неуспехот во квалификациите за ЕП 2017 поднел оставка, но побарал и Наумовски да го направи истото! Како Македонец и љубител на спортот во истовреме тагувам поради сегашната наша европска кошаркарска провинцијалност.

Врзете се, полетуваме!

Македонија стана земја со најголема стапка на дебата за реформи по глава на жител во Европа! Што си баравме – тоа си добивме: сите фатиле да дискутираат, да дебатираат, да полемизираат, да се допишуваат и да се надвикуваат!

Новогодишни прослави на плоштадите – да или не?!

Ако ја сакаме и почитуваме македонската музика и продукција, да го покажеме тоа на дело, а нашите естрадни ѕвезди да покажат доблест дека се отворени за една таква нова соработка во која нема да се преценат.

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни се повтори.

Земја на (не)реваншизмот

И кога сè така убаво ќе изрелативизираме, па ќе го завиткаме во нереваншистичка обланда и обилна доза на шлаг, тогаш на врвот пак ќе се појави она фирерчено и неговите ора, стапот со два краја и слични идиотштини.

Политичарите и политиците пред историчарите и лингвистите

Можно ли е да изградиме наративи за историјата во духот на добрососедството на Македонија и Бугарија? Да, но само под еден услов – таа работа сепак да им ја оставиме на политичарите.

Братучед му на Мугабе

Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година.

Пратениците и нивните патни трошоци

Доколку успеат да се ослободат од хипотеката околу трошоците за превоз, пратениците во Собранието ќе имаат можност да покренат многу прашања околу трошењето на народните пари, вклучително и во македонските ДКП!

Нихилизмот не е доблест

Бугарија беше во друштвото на тие 13 фашистички држави и во врска со тоа спор нема, напиша бугарскиот хроничар Стефан Цанев.

НАЈЧИТАНИ