• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83

Жан Моне е човекот кого со право го викаат „Таткото на Европа“, кој лично ги доживеал двата светски ужаси, за да констатира дека компромисот и мирот немаат цена. Автор е на историски проект - соработка наметсо војни; разбирање место поделби; зближување место оддалечување; заеднички врендости место омраза; напредок место сиромаштија. И успеал во тоа. Тој мислел дека токму кога проблемите не стегаат, треба да бидеме најсилни. За разлика од нашиве кои секоја голема пропаст ја продавале како голем успех.
Неговиот продукт – Европската унија, на 12 октомври 2012 за својот 60 роденден ја доби „Нобеловата награда за мир“. При врачувањето на наградата, претседателот на комитетот Торбјен Јагланд кажа: „Денес војна меѓу вечните историски непријатели Германија и Франција е сосема назамислива“. Намсто тоа, имаме соединување, заеднички развој, разбирање и зближување меѓу нациите и државите. Полни 73 години Европското семејство живее без војна и се повеќе се оддалечува од неа.

Тео Вајгл дојде кај нас точно на денот кога пред 129 години бил роден Жан Моне. Дојде поради нас, а не поради себе. Тој не донесе со себе машина со врвна технологија со која автоматски ќе излечи болни умови на политички манипуланти, кои како вредност ги сметаат антивредностите, кои како национален интерес ја сметаат – недовербата, омразата, разорувањето и уништувањето.
Средбите за помирување во куќата на Моне се проект на Европскиот парламент. Дури и да не се случи таму, тоа е силна порака дека нешто слично некаде ќе треба да се случи. Можно е и тука внатре во државава. Дури и во самиот врв на ВМРО веќе сфаќаат дека одбивачката политика што ја практикуваше водството на таа партија, државата ја доведе на колена, луѓето до европска и светска мизерија, а нив самите до зависност од средства за смирување. Сигурен сум дека ниедно црно богатство не може да ја санира таквата нивна душевна болка. Имено, ако тоа не се случи во куќата на Моне, веројатно ќе се случи некоја овдешна куќа, ако не и самата бела куќа на ДПМНЕ. Блиски соработници веќе јавно му кажуваат на Груевски дека промените и смените се неизбежни, па дури и тоа дека идното водство ќе треба да ја ужива подршката од меѓународната заедница.

Треба да знаеме дека тука проблемот не е во потребата за помирување меѓу случајно скарани страни. Целата технологија била сведена на неограничена власт и неограничени пари. Јасно е дека тука нема скарани страни на ниво на опции. Туку имаме една скарана страна и законот од другата страна. А со европска логика не е можно да се помират овие две структури. Од друга страна сè уште не е откриена таква технологија за намалување на ненормалната страст во зграпчување власт и пари. Некој иден детектор можеби ќе ги поштеди луѓето од лажговци кои со лажен патриотизам ќе сакаат да дојдат до огромни вистински пари.

Но, ај да видиме кои лидери го жртвувале својот рејтинг во полза на национални интереси на нивните држави. На Франклин Рузвелт воопште не му бил лесно да му се спротивстави на целото американско изолационистичко расположение и да ги вовлече САД во војна против фажизмот. Но, тоа се покажа како силен државнички потег. Де Гол морал да му даде независност на Алжир, иако ризикувал живот. Дури во 1962 година една фанатична организација со име „Тајна воена огранизација“ (Organisation armee secrete), го дочекала во заседа со дожд истрели. Де Гол бил ранет, но спасил жива глава. Но, докажал дека е државник. Денес е историска личност. Поранешниот американски претседател Џими Картер ги помирил вечно лутите противници Садат и Бегин во услови на силно спротивставени две нации. Дури и соседот Вучиќ полека се помирува со косовската реалност. Има и безброј други случаи на пожртвуваност на личен рејтинг во име на општото добро. Сите тие станаа историски личности. Други завршија како кукавици и маргиналци. А нашиот проблем со Грција е обична детска играчка во споредба со споменатите. И Косово се согласи со ненационално знаме, грб, химна, дури и името му е на англиски со српски белег (Косово наместо Косова), па за да направи држава, на се се согласи. Оти дамата која очекува да и дојде принц на бел коњ, останува само со коњот. А нашата мината власт направи со Бугарите потешко да се договориме за минатото отколку за иднината.

А Груевски, за свој интерес дури ги срушил и тие тешко стекнати позиции со Грција. До 2005 година Европа и САД проблемот со името го третираа како билатерален проблем и вршеа силен притисок врз Грција. Битката нивна беше пред капитулација. Но, со нашата Антика на Грците им се врати силата. Проблемот од билатерален стана меѓународен. Минатат власт глорифицирајќи го минатото, ја закопа иднината. Сега тие може да не се согласуваат со овие факти, но и тие не се согласуваат со нив. А со бројните лопати само што ја погребаа вистината.

ЕУ е уморна од балкански проблеми. Таа и така има бројни други проблеми - Брекзит, Крим, снабдувањето со гас низ Украина, глобален тероризам, бегалци, санирање на Грција, проблеми со Унгарија. Потребно е самите да тргнеме за да бараме нивна помош. ЕУ функционира врз договор и консензус, а не како нас со инаетот на магарето пред мостот! ЕУ се градел со циклични кризи, а токму тие биле можност за докажување на нејзините политичари. А „јас сум небитен“ на Груевски, во практиката се движел во спротивна насока, додека „длабинските анализи“ стануваат се поплитки. Национализмот веќе не гарантира победа за никого. Луѓето разбрале дека можат да бидат слободни само ако се робови на законот и вистината. А актуелните политичари, треба да сфатат дека со добивањето власт, не треба да се загуби разумот.
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Преиспитување и ново саморазбирање

Големо парче од Републиката каква што ја познававме е изедено во поместувањата на тие геополитички пластови, таму е или празнина или нефункционална содржина или болна содржина и тие дупки мораме да ги пополниме со модерност, со здрав резон.

Македонија на кошаркарското ЕП 2021!

Благоја Георгиевски по неуспехот во квалификациите за ЕП 2017 поднел оставка, но побарал и Наумовски да го направи истото! Како Македонец и љубител на спортот во истовреме тагувам поради сегашната наша европска кошаркарска провинцијалност.

Врзете се, полетуваме!

Македонија стана земја со најголема стапка на дебата за реформи по глава на жител во Европа! Што си баравме – тоа си добивме: сите фатиле да дискутираат, да дебатираат, да полемизираат, да се допишуваат и да се надвикуваат!

Новогодишни прослави на плоштадите – да или не?!

Ако ја сакаме и почитуваме македонската музика и продукција, да го покажеме тоа на дело, а нашите естрадни ѕвезди да покажат доблест дека се отворени за една таква нова соработка во која нема да се преценат.

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни се повтори.

Земја на (не)реваншизмот

И кога сè така убаво ќе изрелативизираме, па ќе го завиткаме во нереваншистичка обланда и обилна доза на шлаг, тогаш на врвот пак ќе се појави она фирерчено и неговите ора, стапот со два краја и слични идиотштини.

Политичарите и политиците пред историчарите и лингвистите

Можно ли е да изградиме наративи за историјата во духот на добрососедството на Македонија и Бугарија? Да, но само под еден услов – таа работа сепак да им ја оставиме на политичарите.

Братучед му на Мугабе

Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година.

Пратениците и нивните патни трошоци

Доколку успеат да се ослободат од хипотеката околу трошоците за превоз, пратениците во Собранието ќе имаат можност да покренат многу прашања околу трошењето на народните пари, вклучително и во македонските ДКП!

Нихилизмот не е доблест

Бугарија беше во друштвото на тие 13 фашистички држави и во врска со тоа спор нема, напиша бугарскиот хроничар Стефан Цанев.

НАЈЧИТАНИ