• 23 ноември 2017
  • Вести денес: 122

Проект Жан Моне. Убаво звучи. Добри намери и сиот тој џез... Но, да не заборавиме на тоа дека и патот кон пеколот е поплочен со добри намери. Затоа, Иво Вајгл би требало да одговори на неколку дополнителни прашања.

Да се потсетиме, две од двете најголеми кризи низ кои помина Македонија, беа разрешени на тлото на земјата. Конфликтот во 2001 година беше прекинат во Охрид. Таму се преговараше, а таму и се потпиша Охридскиот рамковен договор. Тешката политичка криза која кулминираше со масовни протести и барање за оставки во владата, се разреши со Пржинскиот договор 1, 2 и до пола 3. Крајно неправедно беше што беа зад затворени врати.

Поглавиците на политичките и етничките племиња пушеа луле на мирот далеку од очите на јавноста и решаваа проблеми на целата земја, а самите беа мотори на проблемите. Да не отвораме рани сега и да проценуваме колку тие договори се успешни, колку добро се спроведуваа(т) и што ќе се случеше тие да не беа потпишани. Поентата е дека беа потпишани на тлото на оваа земја, па нека беа и зад затворени врати.

Овој проект ми изгледа како да е спонзориран од чекмеџето на Груевски и компанија, обвинети во предметите на СЈО, сите со почетна буква „Т“. Затоа што, каква му е идејата на Вајгл? За потребите на Париските разговори да побара враќање на пасошот на Груевски?! Па тој ќе побара враќање на пасошите и на членовите на неговата банда, нели, неопходни за неговото учество во тие разговори?! Дали ова е една акробатска точка која ќе води кон амнестија на криминалот во земјава?

Ова со парискиов проект не изгледа никако освен како на обид да му се даде на Груевски уште еден пакет можности да се задржи на тронот на партијата кој десетици илјади членови му го нишаат овие денови. Проектот Жан Моне му овозможи на Груевски да ја одложи својата оставка, а дополнително ќе му даде можности да се извлече од политичката гилотина која Реформаторите ја полираат веќе неколку месеци.

Кому ќе му отвори врата Париз, а за кого херметички ќе ја затвори? Сигурно ќе ја отвори вратата за безброј шпекулации и полувистини. А демократската јавност ќе биде лишена од можноста да биде демократска и да знае тоа што, според сите стандарди и закони, мора да го знае и да учествува во тие процеси. Повторно ќе бидеме лишени од правото да знаеме што сѐ има во пакетот кој само „избраните“ ќе го отворат.

Значи, три прашања стојат отворени: Зошто Париз? Дали намерата е да му се врати пасошот на Груевски, како прво скалило кон амнестија на криминалците? Зошто јавноста во Македонија повторно е лишена од правото да знае сѐ за оваа нова иницијатива?
Еве, за почеток, да побараме Париз да се пресели во Македонија. Париски разговори во Вруток или Гиновци, зошто да не?

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Пиарчење

Никако не е во ред владините пи-ар служби да служат за вработување партиски кадри, „шарени револуционери“, „фејсбук активисти“ и други „заслужни“ по која било основа. Крајно време е Заев да ја слушне вистината и да заведе ред и поредок.

Неуморниот прес центар на ВМРО-ДПМНЕ

Прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ е внимателен и буде, што покажува дека агитпроп апаратот на ВМРО-ДПМНЕ е сѐ уште во добра кондиција, иако многу конфузен, но тоа не е новост.

Законот за јазиците да се одложи за најмалку три години

Треба да се одложи додека не се постигне граѓанска еднаквост на социјален план, односно додека апсолутното мнозинство граѓани од сите етнички заедници не изградат платформа за хармоничен соживот.

Последните алатурка и алафранга дилеми во Македонија

Алатурка е скоро заборавен италијански израз од последното столетие , и се однесува на моделот, видот на облеката, музиката, храната, општественото уредување, мерењето на времето... Западното е алафранга, источното е алатурка.

БПЦ нема да влезе во раскол заради МПЦ

Прашањето на спорот меѓу МПЦ и СПЦ, сепак, ќе се решава со добра волја и со консензус на сите православни цркви, при што водечки збор, се разбира, ќе имаат највлијателните. Бугарската, сепак, не е меѓу нив.

Слуги на структурите

Сигурно никој не верува дека конакот во с. Согле и некои други ситни поправки и приправки чинат фантастични 11 милиони евра.

Да не го мести некој струмичанецот?

Можеби, оваа изненадувачка црквена екскурзија е токму поради тоа, што некој е вознемирен што евроатлантската приказна ни врви толку добро? Затоа и си мислам дека некој му го мести на струмичанецот.

Крстовите!

Да се преиспита кои железни крстови се нелегално подигнати, без одлагање да бидат демонтирани и продадени како старо железо, а парите да им бидат поделени за школување на децата без родители, без разлика на верска или национална припадност

Апсурдистанци од Македонија

Територијата на РМ ќе биде постојано под будното око на авионите на Алијансата, а Алијансата од своја страна ќе остане и најкредибилниот гарант на македонските граници, територијалниот суверенитет и интегритетот на државата.

Јазикот на јазичарите?

Таа расправа е мотивирана од еден Договор за добрососедство кој го потпишаа премиерот на бугарската влада и неговиот македонски аналогон Заев. Тој Договор избегнува јасно да каже дека се потпишува на бугарски, односно на македонски јазик.

НАЈЧИТАНИ