• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83

Деновиве се обидувам да разберам што претставува, всушност, иницијативата за средби и „преговори“ меѓу претставниците на македонските партии во куќата на Жан Моне крај Париз… И никако не ми успева. Можеби „зад затворена врата“ Вајгел на своите соговорници во Скопје им објаснува нешто што нам не ни е познато, но она што го кажува „пред вратите“ ниту остава силен впечаток, ниту помага да разбереме во која грмушка лежи овој европски зајак…

 

На прв поглед, личи дека Вајгел, малку осамен, како да сака да воспостави некаква „втора шина“ на отворен дијалог меѓу партииве, далеку од Скопје, за нешто што можеби допрва, „кога ќе му дојде време“, ќе добие некаква содржина и смисла. Тоа не е необично во пристапите на меѓународната политика, особено кога сите знаеме дека во земјава ќе треба да се гради некаков поширок консензус кога ќе се решава спорот што го имаме со Грција. Можеби и поскоро отколку што се предвидувањата во нашата политичка и поширока јавност.

Но, јас, пак, мислам дека е тоа, по малку, едно мрзеливо, или барем сосема очигледно, па затоа и не сосема точно толкување на оваа „Жан Моне“ иницијатива.

Мојот впечаток е дека Вајгел и Французите кои, веројатно, го спонзорираат овој проект, како да се обидуваат да го рехабилитираат ВМРО-ДПМНЕ што побрзо да се врати на македонската политичка сцена, после „еутаназијата“ што им ја приреди Груевски со своите погубни политики. Французите и инаку, во политичка смисла, во последните години стоеја, дискретно, повеќе зад политиките и партијата на Груевски, отколку зад напорите на Заев; и, некако, со потешко срце – додуша, не баш толку трагично како Австријците и Унгарците! – го доживеаја неговиот политички пад. Што е право, кога ги читам интелигентните изјави и интервјуа на сегашниот француски амбасадор, сега и ним им е потполно јасно дека со политичкиот „жив мртовец“ Грујо е готово. Но, претпоставувам дека проценуваат оти грогираното ВМРО-ДПМНЕ мора што поскоро да застане на нозе.

Тоа не е лоша проценка: Македонија не може да решава важни прашања од евро-атлантската агенда без учество на македонската десница, дури и земајќи ги предвид отворените недемократски, антиалбански и антизападни хистерии што ги разви ДПМНЕ во последните години. Можеби куќата на „Жан Моне“, низ меѓупартиски дијалог, е добро место, со засилена антибиотска терапија, за рехабилитација и ресоцијализација на демократските отпадници (да не кажам злосторници).

Сепак, со Французите треба внимателно: тие на Балканот си ги имаат своите „традиционални“ сојузници, Србија и Грција, државите кои на нас, од распадот на Југославија, гледаат како на понтонски мост преку мирна река на кој некој, преку ноќ, им турил рампа!

Дополнително што француската политика кон Македонија никогаш и не покажувала особена, да ја наречеме, енергичност или, не дај боже, симпатија. Повеќе ми личела како кога, од здодеаност, ќе се откажете со вилушката да ја бркате маслинката низ грчката салата. Всушност, Париз нас нѐ третира со една беневолентна, бивша империјална рамнодушност, како неопходна „тампон зона“ за избегнување на искрите што, кога би ја немало македонската држава, би се појавиле од директните територијални триења меѓу нашите соседи.

Значи, во принцип, а-пропо куќата на Жан Моне, нема зијан од правење дијалог. Само да не ја преценуваме користа.

Се ла ви, мон ами.

 

извор: Цивил

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Преиспитување и ново саморазбирање

Големо парче од Републиката каква што ја познававме е изедено во поместувањата на тие геополитички пластови, таму е или празнина или нефункционална содржина или болна содржина и тие дупки мораме да ги пополниме со модерност, со здрав резон.

Македонија на кошаркарското ЕП 2021!

Благоја Георгиевски по неуспехот во квалификациите за ЕП 2017 поднел оставка, но побарал и Наумовски да го направи истото! Како Македонец и љубител на спортот во истовреме тагувам поради сегашната наша европска кошаркарска провинцијалност.

Врзете се, полетуваме!

Македонија стана земја со најголема стапка на дебата за реформи по глава на жител во Европа! Што си баравме – тоа си добивме: сите фатиле да дискутираат, да дебатираат, да полемизираат, да се допишуваат и да се надвикуваат!

Новогодишни прослави на плоштадите – да или не?!

Ако ја сакаме и почитуваме македонската музика и продукција, да го покажеме тоа на дело, а нашите естрадни ѕвезди да покажат доблест дека се отворени за една таква нова соработка во која нема да се преценат.

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Важно е! Навистина е бесценето важно, да не го заборавиме злото на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ и сите негови лица, за да не дозволиме да ни се повтори.

Земја на (не)реваншизмот

И кога сè така убаво ќе изрелативизираме, па ќе го завиткаме во нереваншистичка обланда и обилна доза на шлаг, тогаш на врвот пак ќе се појави она фирерчено и неговите ора, стапот со два краја и слични идиотштини.

Политичарите и политиците пред историчарите и лингвистите

Можно ли е да изградиме наративи за историјата во духот на добрососедството на Македонија и Бугарија? Да, но само под еден услов – таа работа сепак да им ја оставиме на политичарите.

Братучед му на Мугабе

Бидејќи сме во Европа – а и заради милион други причини – планот на Грујо излезе пократок за дваесетина години од оној на Мугабе, кој со Зимбабве владееше од 1987 година.

Пратениците и нивните патни трошоци

Доколку успеат да се ослободат од хипотеката околу трошоците за превоз, пратениците во Собранието ќе имаат можност да покренат многу прашања околу трошењето на народните пари, вклучително и во македонските ДКП!

Нихилизмот не е доблест

Бугарија беше во друштвото на тие 13 фашистички држави и во врска со тоа спор нема, напиша бугарскиот хроничар Стефан Цанев.

НАЈЧИТАНИ