• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0

Во сите наши муабети за културата – велам муабети, малку пежоративно, ама нивното рамниште ретко преминува во нешто посериозно – па дури и оние за и околу новата стратегија во културата, ретко, сосема ретко ќе го чуете зборот Европа или европски. Мислам и дека сме заборавиле како се изговара тој збор, како „звучи“, барем во културата. До неодамна, речиси пред само неколку дена, кога на една расправа (во Штип!) се појави прашањето (парафразирано): а кога Македонија ќе почне во културата да работи според европски норми и стандарди?! Е ај одговорете, кога ние сè уште се препелкаме да излеземе од нашево македонско селско мочуриште, па да се обидеме да не’ прифатат како дел на регионалниот балкански културен жабурник … па понатаму … Кој во такви услови да мисли и на Европа? Како и да е, пред да бидам зауздан, или замолчен, да ја завршам темата. Зашто, очигледно, малку ни беа она началницине од куртонските медиуми. Сега се појавуваат нови, од „демократските“, со нивни нарачки. Но и тоа е, всушност, балканско медиумско односно европско прашање. Таквите, што сакаат да зауздуваат, во секој сериозен европски медиум ќе беа „исшамарани“ и ќе и беше покажана вратата!

Елем, локалните (не мали) проблеми на македонската култура може, донекаде, и само донекаде, да го оправда отсуството на сериозна расправа за нејзините европски перспективи. А таа расправа не смее да се сведе на претходно спомнатиот (главно од кафеански тип) муабет – особено не со локално провинцијални „новинарски“ ѕвезди – зашто тоа дополнително би ја убило надежта за каква-таква регионална и поширока афирмација на македонската култура. И тука суверено влегува во игра уште една теза на Фрчковски, онаа за судбината на македонската култура да запне три, пет пати повеќе, со сета сила, буквално да се вложи себеси во компетитивен натпревар со регионалните култури. Зашто тие се (номинално) поголеми култури од македонската – Србија и Бугарија околу пет пати, Албанија двапати, Грција седум пати итн. – што ќе рече дека нам ни требаат толку пати поголеми напори да го постигнеме нивното рамниште на културен и уметнички развој. (Да не говориме за историските развојни не-услови како дополнително оптоварување и наше омилено оправдување!). Плус, ова што денес го имаме како македонска култура не е ни блиску до она што го имавме пред десет години! Што може да значи дека предизвиците се зголемуваат со математичка прогресија.

И тука има две битни прашања: можеме ли и сакаме ли да се „натпреваруваме“, прво регионално а потоа и пошироко? Не сум сигурен ни за првото, ниту за второто. Зашто тој натпревар не е ни лесен ниту едноставен, повеќе заличува на маратон отколку на спринт, а со спринтови во културата ништо или сосема малку се решава. Но сепак, посигурен сум дека можеме отколку дека сакаме. Поточно, сигурен сум дека можеме во нашиот Музеј на современата уметност да имаме барем приближно добра поставка како новата во Музејот на современата уметност во Белград. Само ни фали верба, повеќе стручност и добра државна поддршка. Но, затоа, сигурен сум дека не можеме да имаме Археолошки музеј како оној во Атина. Зошто? Па не само заради третокласниот материјал, туку заради отсуството на стручност, визија и – сериозна државна поддршка. Такви, имено, музеи не се градат од шутраци како оние од груевизмот! Тие градат хорор музеи. Или, можеме ли да имаме филмска манифестација од типот на ФЕСТ? Па се разбира, веќе ја имаме, зашто Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“,на пример, не е ништо подолу од ФЕСТ, дури е и поспецифичен бидејќи „ги слави“ оние без кои филмот навистина не би постоел – кинематограферите. Ама, повторно, не можете да (на)правите компетитивен во европски рамки фестивал со педесеттина и нешто ситно илјади евра. Но, од друга страна, можеме ли да направиме телевизиска серија како актуелнава „Сенките над Балканот“? Е тоа сигурно не можеме, заради многу причини, а пред се’ заради актуелната филмска мафија исповрзана помеѓу себе со фамилијарно пријателски и клиентелистички ортоми. А, бога ми, и како да ни недостасува знаење, барем во стручниот (филмски, продуцентски) домен. Ама затоа царови сме да правиме филмови по директна политичка нарачка од самите партиски врвови – сакате историски, сакате современи, сеедно, нашиве клиенти испорачуваат се’, како келнери во зачадена балканска меана, само со огромен бакшиш! Некој ќе каже дека со 800те (или повеќе?) милиони евра фрлени за „Скопје 2014“ ќе направевме чуда во културата. Можеби, да беа паметни, како што не беа. И тоа со голема, огромна помош токму од културата, од оние кои само молчеа и инкасираа, токму оние за кои што пишувам целово време.

И тука е всушност дилемата: не само дали можеме туку и дали сакаме? Зашто, на многумина им е одлично овде, во ваква зачадена меана каде тие се келнерите кои примаат и испорачуваат нарачки. Зошто тие, впрочем, би се натпреварувале со некого од опкружувањето? Како беше она – подобро прв у село …?! Или можеби има право Тричковски кога вели дека нашиот проблем не е само во одделни провинцијални „ѕвезди“, во некои лабилни митоман(к)и и остала клиентелистичка багра, туку (и) во „… неподносливо тесниот јазичен простор во кој за исто ниво на остварување со светот, се потребни тројно поголеми напори, а ние сме мрзи!“? Не знам, можеби. Можеби сета оваа македонска меана е комбинација на сите наши лоши карактеристики? Веројатно, ама едно е сигурно: време е онаа позната сентенца на Гане Тодоровски малку да ја модифицираме и да се запрашаме – колку сме, толку сме, токму ли сме?

 

извор: Теодосиевски уметност

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Македонската регионална политика - прилог кон потребата за нејзино подолгорочно дефинирање

На Балканот се создава нов (гео) политички распоред кој радикално за долг период ги менува политичките состојби и констелации од било кога во досегашната историја.

Заев конечно во елемент, „преторијанците“ во паника

Е баш јебитачно, што би рекол оној куртонот над куртоните – додека сите очекуваа премиерот да ја поддржи харангата против оние што го критикуваат, тој најави реконструкција на Владата.

Заев се враќа дома?!

Посебно бев лут што една искрена моја поплака до премиерот заврши неуспешно и со доза на одмазда од страна на критикуваниот, т.е. Извршителот. И тогаш се сетив на стих од познатиот албански поет Миѓени: „Трај ти петеле востаник!“ И траев.

Болниот има само една желба

НАТО никогаш нема да ги реши нашите сопствени проблеми со вмровскиот фашизам, со нефункционалните институции на државата, и, конечно, со нашата општествена декапацитираност да ги решаваме сопствените проблеми.

Скок од височина од балканскиот гроб

Во преговорите за името Македонија не го брани својот идентитет, туку го гради. Ова е најдлабокото проникнување во суштината на македонската тековна егзистенција. И во перспективите.

Чувство за навредување

Како тој убав манир престана да важи кога се во прашање Македонците? Дали некој помислува на нашите национални чувства и имаме ли ние право на нив?

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

НАЈЧИТАНИ