• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6

Утре е нов ден. Задутре е 2018 година. За три години НАСА планира слетување на ново возило на Марс. Ние не одиме никаде, а најмалку на Марс. Но, задутре имаме шанса да почнеме полека да одиме кон ЕУ, без разлика во која форма ќе биде додека стигнеме. Но едно е сигурно. Мораме да почнеме да одиме задутре натаму. It’s mandatory! Од кого зависи? Најмногу од нас. Затоа што, може да останеме и да не одиме никаде! А првите луѓе според оптимистичкото сценарио, за 13 години ќе слетаат на Марс! А ние пак нема да одиме никаде.

Кога велам дека зависи од нас, мислам на луѓето кои полека се загреваат да го „дрват“ наредниве месеци особено мудрувајќи низ ослободениве медиуми со своите колумби одеднаш во сите медиуми. Тоа е веројатно поради три-четири плицирање на хонорарите. Тие не мислат на идните генерации кои сакаат да одат и на Марс ако може, тие сакаат да го „дрват“, лечејќи ги комплексите, суетите и нивната незаборавна важност и влијателност во последниве 27 години. Тешко ќе се издржи таа цела булумента на еминентни дипломатски есенции, како што вели Среќко Шојиќ.

Суетата, комплексите, лошите и добрите слики и спомени во домашен споменар! Да не ја загадуваме околината на идните генерации!
Крај! Ние мораме да го смениме уставното име, ако сакаме идните генерации да добијат шанса како Македонци. Па дури и шанса да одат на Марс.

Историјата кај историчарите. Малцинските права во заедничкиот Дом. Географијата не трпи територијални претензии. Дрварите во Споменар!

Затоа ми се допаѓа новото потенцијално уставно име Republic Of Northern Macedonia. Затоа што е комлексно, со географска одредница и нема историски импликации. А тоа се и барањата на соседна Грција. Лично, ми се допаѓа ако некој ме нарече северномакедонец. Нема да бидам сигурно среќен ако ме нарече вардарец или фиромец и тоа да им го оставам во наследство на моите поколенија. 

 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Пиарчење

Никако не е во ред владините пи-ар служби да служат за вработување партиски кадри, „шарени револуционери“, „фејсбук активисти“ и други „заслужни“ по која било основа. Крајно време е Заев да ја слушне вистината и да заведе ред и поредок.

Неуморниот прес центар на ВМРО-ДПМНЕ

Прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ е внимателен и буде, што покажува дека агитпроп апаратот на ВМРО-ДПМНЕ е сѐ уште во добра кондиција, иако многу конфузен, но тоа не е новост.

Законот за јазиците да се одложи за најмалку три години

Треба да се одложи додека не се постигне граѓанска еднаквост на социјален план, односно додека апсолутното мнозинство граѓани од сите етнички заедници не изградат платформа за хармоничен соживот.

Последните алатурка и алафранга дилеми во Македонија

Алатурка е скоро заборавен италијански израз од последното столетие , и се однесува на моделот, видот на облеката, музиката, храната, општественото уредување, мерењето на времето... Западното е алафранга, источното е алатурка.

БПЦ нема да влезе во раскол заради МПЦ

Прашањето на спорот меѓу МПЦ и СПЦ, сепак, ќе се решава со добра волја и со консензус на сите православни цркви, при што водечки збор, се разбира, ќе имаат највлијателните. Бугарската, сепак, не е меѓу нив.

Слуги на структурите

Сигурно никој не верува дека конакот во с. Согле и некои други ситни поправки и приправки чинат фантастични 11 милиони евра.

Да не го мести некој струмичанецот?

Можеби, оваа изненадувачка црквена екскурзија е токму поради тоа, што некој е вознемирен што евроатлантската приказна ни врви толку добро? Затоа и си мислам дека некој му го мести на струмичанецот.

Крстовите!

Да се преиспита кои железни крстови се нелегално подигнати, без одлагање да бидат демонтирани и продадени како старо железо, а парите да им бидат поделени за школување на децата без родители, без разлика на верска или национална припадност

Апсурдистанци од Македонија

Територијата на РМ ќе биде постојано под будното око на авионите на Алијансата, а Алијансата од своја страна ќе остане и најкредибилниот гарант на македонските граници, територијалниот суверенитет и интегритетот на државата.

Јазикот на јазичарите?

Таа расправа е мотивирана од еден Договор за добрососедство кој го потпишаа премиерот на бугарската влада и неговиот македонски аналогон Заев. Тој Договор избегнува јасно да каже дека се потпишува на бугарски, односно на македонски јазик.

НАЈЧИТАНИ