• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0

Уште одамна, кога почесто го посетував Охрид, од пријатели имав чуено еден важен совет – ако те стегне срце дури си во градот, барај го Никола Бакрачески. Во меѓувреме, откако стана градоначалник, за овој човек, кого имав прилика неколкупати од нога да го поздравам и само еднаш, пред изборите, со него да седнам на подолг муабет, можевме да слушнеме сè и сешто. Како и за секој друг човек, впрочем. Но, никој никогаш не го оспорил фактот дека Бакрачески е солиден кардиолог, мајстор на својот занает.

И биднаа изборите... Во околности кои мене ми се познати (случајно, но од прва рака), Бакрачески одлучи да не се кандидира за уште еден мандат. Победи кандидатот на СДСМ. Победи „нашиот“. И сите, заедно со мене, се радувавме на победата. Не затоа што беше битно да се порази Бакрачески, туку затоа што беше неопходно да му се зададе уште еден силен удар на злото, олицетворено во ВМРО-ДПМНЕ. Бакрачески спокојно и достоинствено го поднесе поразот и му се врати на својот занает, на своето работно место, во Кардиолошкиот завод „Свети Стефан“ во Охрид.

Неодамна слушнав дека новото раководство на Заводот, избрано од партијата на власт, упорно и на различни начини го шиканира Никола Бакрачески, во очигледен обид да го избрка од оваа медицинска установа. Вчера, пак, дознав дека човекот и официјално добил решение, според кое неговата нова работна задача ќе биде да реди холтери. Како медицинска сестра! Ново, веројатно последно во низата понижувања од реваншистички побуди.

Повторно ќе нагласам – немам никакви посебни причини да бидам на страната на Бакрачески, уште помалку на страната на партијата што го држеше на власт во Охрид еден мандат. Сигурен сум дека тој има многу слабости, какви што имам и јас. Но, не можам да издржам, а да не се бунтувам против овој, со ништо непредизвикан, безочен и малоумен реваншизам.

Зошто ви пречи кардиологот Бакрачески, другари? Што мислите дека постигнувате со ваквото однесување? За кратко време, можеби човекот можете да го повредите и да го понижите, но неговата стручност, неговите знаења и неговата репутација на добар кардиолог, нема да успеете да му ги земете. Што добива новата власт, што добиваме ние, граѓаните, ако Охрид изгуби еден добар кардиолог, ако Бакрачески реши да се спакува и да си замине да работи некаде на друго место?

Или „гревот“ на Бакрачески е во тоа што не е „сончоглед“, што не сака да стане „наш“, што сака да се посвети на својата работа и што тоа може да го стори каде што ќе посака, бидејќи луѓе со неговиот занает секаде се бараат и добро се плаќаат. Дали шиканирањето на таквите луѓе ќе го направи нашиот живот подобар? 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Писма од Лондон: Фул Инглиш

Со индустриската револуција, Фул Инглиш стана достапен и за работничката класа која имаше два оброка дневно, со една разлика – стана прв, а големото количество калории и маснотии „ги држеа“ работниците сити цел ден.

Нашата мера се нашите тракатанци

Кај нас најмногу се произведува лупетање околу приказните за идентитетот, самобитноста, сувереноста, верата и нацијата, за нашата единственост во вселената: таквото лупетање владее онаму каде ништо друго и нема.

Македонски мазохизам

Арифи е во право, нема да поминат ниту десет години пред да почнеме да се срамиме од ставовите што денеска ги застапуваат професорките.

Грујо и златниот вардарски клен

Ние земавме со бел фекален експандиран полистирен го покривме и го префасадиравме нашиот модерен, просветен и еманципиран интернационалистички идентитет и го заменивме со лажен, ретрограден, профашистички мит за „крвта и земјата македонска“

Понудени, како почестени, па вие видете што ќе правите

Ја разбирам фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и нивното демократско право да бојкотираат, но оваа политика на бојкот ќе мора наскоро да ја менуваат, оти во неа нема политика, туку само тврдоглав инает и недораснатост.

Лажни вести – лош глас за моќните

Речиси половина од сите жители на ЀУ, (46 отсто во 2016 година), консумираат вести главно преку социјалните мрежи и ги делат понатаму на интернетот без ни најмал напор за проверка на фактите.

Москополе

Отсекогаш сум сакал да научам влашки јазик, но никогаш не сум имал прилика.

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега.

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш.

Позајмувачи

Системот на „позајмување“ всушност и беше комплетно октроиран и елабориран токму од страна на државата и нејзините (највисоки) институции, што пак, нормално, потоа се шири како чума низ целото општество.

НАЈЧИТАНИ