• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27

Искрено, од прва не ја сфатив поентата, кога ги слушнав оние двајцата непрокопсаници од Државната изборна комисија, како зборуваат дека парите ќе ги врателе за свеќи и за пченица. Дури од втора сконтав – аха, парите што ќе ни ги вратат, да ни послужат за умирачка, за свеќи и за пченица, за погреб. Оригинално, нема што!

Државната изборна комисија е колективно тело. Работи и одлучува колективно. Како што видовме, кога станува збор за парите, работи напорно и со невиден степен на единство. Никој во име на ДИК, ниту претседателот Александар Чичаковски, ниту кој било член, не се огради од ова безобразно колнење на сопствениот народ. На народот што ги плаќа, а тие му посакуваат парите да си ги троши, замислете, за погреби.

Одамна не сум чул некој некого да колне. Особено не вака, како да речам ... креативно. Сега гледам што смислувале членовите на ДИК во долгите непроспиени ноќи, во екот на напорната, прекувремена работа. Во градите свои криеле змии. Смислувале клетви. Криеле, молчеле, се измачувале, ама ете, сега си ги отворија душите. Сега знаеме како овие луѓе го доживуваат својот народ.

Сега знаеме каква е „големата слика“ што тие ја гледаат. Тоа е слика на погреб. Не обичен, туку еден масовен погреб, со многу свеќи и пченица, од нив донирани. Тоа е погреб на цел еден народ што и не заслужил ништо подобро освен да умре. Кога веќе е таков циција и неблагодарник.

И после овие зборови на невидена омраза, после овој незапамтен безобразлук, после ова јавно разоткривање на карактерите на една група непрокопсаници, навистина ли партијата на власт, како и луѓето што се задолжени да го билдаат имиџот на Владата во името на „големата слика“ (реформите), ќе ја одмолчат оваа бласфемија? Зарем после ова членовите на ДИК навистина ќе си останат на своите позиции и ќе земаат плати од буџетот што го полни народот што треба да биде погребан?

Па можно ли е ова, дами и господо другари?!

Бидејќи, не дај боже, може да се покаже дека и тоа е можно, си помислив и јас да си ја смирам душата со една клетва. Ако можат дикоглавиве да нè колнат нас, зошто ние да не ги колнеме нив? До три утрово сум сурфал по сајтови да пронајдам некоја соодветна клетва и на крајот не смислив ништо паметно, па решив да рециклирам една стара битолска. Вели вака - дикоглави, да даде господ Аца Лукас гол да ви шета низ куќи!

Ебати клетвата... Јас ги колнам, а они се радуат!
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Магла во умот на Шилегов

Затоа што Умберто Еко, во тој роман зборува, како и Ордановски, за магла во умот на својот главен јунак Џанбатиста Бодони.

Загревање – со ладни глави

Проблемот на затоплувањето е всушност и проблем од кој извира загадувањето. Неопходно е да го реашаваат не политичари, туку експерти од сите релевантни научни дисциплини - машинци, енергетичари, здравствени работници, економисти, естетичари

Скопје (ч)исто ти ќе бидеш

Градоначалниче Петре Шилегов, нашиот град е загаден откако го паметам и ти оваа зима нема да го исчистиш. Тоа е јасно и за тоа никој не ти се лути. Скопје нема да биде чисто, но не мора да биде баш исто.

Право на свое време и граѓанска самопочит

Сево ова што ви го зборувам е прашање на слободата и граѓанското самопочитување, што значи нешто еминентно политичко и, без сомнеж, и тоа како „транзициско“.

Ем сере, ем зеље бере

Вмровското серење во никој случај не било „зеље берење“, туку зељето – како и нашето национално достоинство и идентитет – било само тоалет за нивната психопатска нужда! Измет, што – ако не го исчистиме - ќе нè идентификува во веки веков.

Еколошката катастрофа е аспект на нашата историска пропаст?!

Прво, некој мора да одговара за радикалната трансформација на градот во гасна комора со илјадници страшни жртви, дури и ако не сакал да направи гасна комора, како што тврдам јас.

Агентот „Мачка“ ангажиран за Македонија

Настаните од дневно-политичкиот живот ова го потврдуваат, а и постапките на Шилегов, кој не сака да ја тргне маглата од Скопје, точно поради фактот, што во магла, полесно се оперира.

Магла врз градот, магла во умот

Шилегов даде една непромислена изјава – всушност, тотална глупост – дека зад иницијативата за неодење на децата во училиште стоеле политички мотиви на опозицијата (?!).

Петре не вети никогаш дека ќе го среди загадувањето оваа зима

Кажуваше дека е процес и дека е потребно многу време, пари и многу напори за да се среди. Никогаш немаше неразумни ветувања за дугмиња што решаваат проблеми.

Нема да ви помине!

ДКСК, како и ДИК, нема да ги оставиме да се богатат на наша сметка, без оглед на тоа дали и кога ќе поднесат оставки.

НАЈЧИТАНИ