• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27

Последнава посета на Заев на Брисел мене ми личи како кога магаре ќе се покани на свадба: големината на комплиментите што му ги направија таму веројатно може да се спореди само со товарот на обврските со кои го нагрбија!

„Многу сме среќни со работата на новата влада. Сакаме да ја охрабриме Македонија да продолжи по патот на кој тргна. Подобрувањата и напредокот се извонредни. Очекуваме овој реформски процес кој го започна премиерот да продолжи“, изјави Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, највисокиот извршен функционер на Европската унија.

Јункер е човекот кој има политички инстинкт на „сериски убиец“ – тој формат, ако памтите, беше своевремено Хавиер Солана – кому денот му се состои од решавање на низа дребулии од континентална и глобална важност (Брегзит, на пример), а чиј речник знае така да засече (Атина ја снајде прединфарктна состојба заради споменувањето на зборот „Македонија“ во изјавата на Јункер!), што неговата синтакса со денови се анализира, бидејќи произведува политички плими и осеки надвор од природните законитости.

Ова не ќе да е на арно: сите жетони се ставени персонално на Заев, од неговиот успех зависи иднината на казиното Македонија.

Станува здодевно како македонскиот премиер, каде и да се појави, комплетно ги освојува симпатиите на соговорниците – гушкања, бакнувања, тапкања по рамо, па уште малку гушкања – како да сретнале некој таличен Том од чија харизма и позитивна енергија сакаат и тие малку да се огребат.

Тоа Македонија ја вивна во нова меѓународна орбита, каде очекувањата се, реално, поголеми од нашите можности. Односно, попрецизно, од можностите на оваа администрација, барем онака како што до сега таа ги манифестира. Јавноста, на бранови, се преокупира со суштински неважни теми – број на советници за односи со јавност, бизнис класи, честењето во ДИК, тука и таму по некое насилство итн., иако многумина ќе рипнат и ќе се размавтаат дека тоа, напротив, се најважните теми за обичните граѓани! – додека реформската агенда некако тера по бирократска инерција, со штиклирање празни коцки во табелите на планот 3-6-9.

Недостасува некако координација, енергија, решителност, оти знаете како велат: од празна пушка се плашат двајца, и оној што ја држи и оној кон кого е насочена.

Но, можеби, Европа и САД разбираат подобро од нас дека е дојдено време за охрабрување, наместо за декуражирање, за сопствено стегање на евро-атланстските редови со преостанатите земјички од Балканот, како што на времето малку се „замижа“ кога ЕУ се прошири кон Бугарија и Романија, односно дека реформите ќе се спроведуваат за време, а не пред отворањето на процесот за преговори за приклучување кон Унијата.

Во политиката треба и малку среќа да се има, а овој Заев, к’сметлија, како да е фрлен на буниште.

А и „турскава серија“ од 101 епизода од случувањата со ВМРО-ДПМНЕ веќе не се издржува: во најновово продолжение, Љубчо Георгиевски најавува враќање на чело на својата некогашна партија! Она го превари, али он уште ја сака, све би дал да се освети на нејзиниот швалер со кого сакаа да го искључат од семејното наследство, али он не знае дека е трудна и дека бабата му има фрлено клетва до трето колено! Па, па, па, цела нација едвај чека вести секоја вечер да види дали ќе се случи абортус или он ќе го посвои детето откако швалерот ќе заврши у затвор… Бидаииии! 

 

 

извор: Цивил медиа

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Магла во умот на Шилегов

Затоа што Умберто Еко, во тој роман зборува, како и Ордановски, за магла во умот на својот главен јунак Џанбатиста Бодони.

Загревање – со ладни глави

Проблемот на затоплувањето е всушност и проблем од кој извира загадувањето. Неопходно е да го реашаваат не политичари, туку експерти од сите релевантни научни дисциплини - машинци, енергетичари, здравствени работници, економисти, естетичари

Скопје (ч)исто ти ќе бидеш

Градоначалниче Петре Шилегов, нашиот град е загаден откако го паметам и ти оваа зима нема да го исчистиш. Тоа е јасно и за тоа никој не ти се лути. Скопје нема да биде чисто, но не мора да биде баш исто.

Право на свое време и граѓанска самопочит

Сево ова што ви го зборувам е прашање на слободата и граѓанското самопочитување, што значи нешто еминентно политичко и, без сомнеж, и тоа како „транзициско“.

Ем сере, ем зеље бере

Вмровското серење во никој случај не било „зеље берење“, туку зељето – како и нашето национално достоинство и идентитет – било само тоалет за нивната психопатска нужда! Измет, што – ако не го исчистиме - ќе нè идентификува во веки веков.

Еколошката катастрофа е аспект на нашата историска пропаст?!

Прво, некој мора да одговара за радикалната трансформација на градот во гасна комора со илјадници страшни жртви, дури и ако не сакал да направи гасна комора, како што тврдам јас.

Агентот „Мачка“ ангажиран за Македонија

Настаните од дневно-политичкиот живот ова го потврдуваат, а и постапките на Шилегов, кој не сака да ја тргне маглата од Скопје, точно поради фактот, што во магла, полесно се оперира.

Магла врз градот, магла во умот

Шилегов даде една непромислена изјава – всушност, тотална глупост – дека зад иницијативата за неодење на децата во училиште стоеле политички мотиви на опозицијата (?!).

Петре не вети никогаш дека ќе го среди загадувањето оваа зима

Кажуваше дека е процес и дека е потребно многу време, пари и многу напори за да се среди. Никогаш немаше неразумни ветувања за дугмиња што решаваат проблеми.

Нема да ви помине!

ДКСК, како и ДИК, нема да ги оставиме да се богатат на наша сметка, без оглед на тоа дали и кога ќе поднесат оставки.

НАЈЧИТАНИ