• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106

Некаде околу 23:15, на 25 декември, излегуваме од дома и одиме во црква на полноќна Божикна миса. Со години ги научив речиси сите песни и ги пеам со задоволство. Зборовите не ги знам напамет, ама на влезот од нашата црква Св. Андреј добиваме свеќи и текстови со молитви. Молитвите се исти како и нашите православни, а песните сме ги слушнале во стотици прилики или од претходните години - имам слух за музика и завршено нижо музичко.

Дури и маж ми, кој ја погодува секоја четврта нота, ама со задоцнување, се обидува да се вклучи во пеењето. Ми вели дека е најдобар кога возиме низ Европа, јас заспивам, а тој вози и пее ли пее. Нешто му се случува кога јас ќе се разбудам па фалшира. Кога јас возам, не може да пее. Мора да се концентрира. И да кочи. Има една вдлабнатина на совозачкото место долу кај нозете...

Убаво е да се биде дел од атмосферата кога речиси половина свет се моли, пее и споделува убави и позитивни мисли и желби. Во црквата секоја година се собираат дваесетина луѓе. Годинава имаше тројца будисти, двајца православни христијани (маж ми и јас) седуммина Корејци (јужни), еден бездомник со куче и останатото претпоставувам протестанти, зашто отидоа да бидат благословени. Си посакавме мир и здравје и си отидовме дома. До следната година.

Црквите во Лондон се главно места за молитви, но и места што може да се изнајмуваат од други цркви што немаат пари да си купат свои. Така, со години Македонската православна црква ја изнајмуваше протестантската црква кај Бејсвотер, а сега една во Сохо, за служби и литургии, украсувајќи го олтарот со постери со македонски црковни светци и водејќи сметка да не останат премногу траги од восок од свеќите. А мојата комшиска Св. Андреј ја изнајмуваат Корејците, кои секоја седмица имаат свои служби, а потоа и делат храна, па црквата мириса на корејски ресторан - кој ќе помине може слободно да влезе и да проба од нивните специјалитети.

Црквите или криптите од црквите во Лондон се фантастични места за изложби и концерти - пред некоја недела го слушав Бах во Сен Мартин ин д Филд, а потоа ручав во црковниот подрум претворен во ресторан. Главно, црквите служат за свадби, погреби и крштевки, но во Лондон служат и за изложби, концерти, уметнички перформанси. Во црквата Јунион чепл има музика и храна за бездомниците, во Св. Јован во Камбервел секој петок има џез, во криптата на Св. Андреј на Холбурн од време на време се прикажува некоја претстава на Шекспир.

Во три цркви во Лондон редовно се организираат крводарителни акции, а потоа, во вистински црковен англиски дух, се служат бисквити и чај. Да не ги заборавам популарните традиционални продажби - необично место за случување во свето место, но во црквата во Лејтонстоун секои три години се организира „џем анд џемпер фест“. Во црква во Далич бевме на модна ревија, а во Ислингтон на најдобрата стенд-ап комедија. Во Тринити црквата во Голдерс грин и во Свети Петар во Клапам може да си го донесете чергичето за јога и да ги извежбате сите асани, зашто во овие, и не само во овие цркви, фитнес-инструкторите можат да го изнајмат просторот и да се обидат да го доведат физичкиот баланс на телото со духовниот. Хосана и Асана. Велат, добро делува. Има нешто навистина мистично кога вежбате јога во таква атмосфера. Знам. Сум пробала.

Овој месец бев двапати во галеријата Сачи, лондонската галерија за современа уметност каде што има поставка наречена Постсоветски акционизам - Уметност на Побуната. Еднаш со Ана, пријателката блиска до мојата генерација, и еднаш со внука ми Клеа од Швајцарија. Претставени делата на алтернативците Олег Кулик, Пјотр Павленски и, се разбира, Пуси Бунт. Фантастична изложба. Имаше многу млади луѓе. Со Ана многу работи ни беа „познати“, па поминавме преку нив релативно брзо. Но не и помладата генерација - Клеа со часови гледаше сè.

Ја интересираше затвореноста на Советскиот Сојуз, неможноста луѓето слободно да патуваат и да говорат и да бидат прогонувани и затворани поради уметност и – беше шокирана од фактот што членките на Пуси бунт беа уапсени и осудени на затворски казни зашто имале перформанс во црквата Христос Спасител во Москва, во кој го критикувале Путин. Ги слушаше коментарите околу на нејзината генерација. „Па да се затвора тука поради остри критики на сметка на Меј во црква“, рече едно момче со насмевка на лице, „нека се обиде да дојде полицијата во црквата Свети Метјуз во Брикстон. Ќе им треба барем дваесет возила да нè собере сите таму кои уживаме во музиката која нема баш најпофални зборови за премиерката.Тоа е едноставно, незамисливо. Да се крсти човек.“

 

(Објавено во „Слободен печат“)

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Понудени, како почестени, па вие видете што ќе правите

Ја разбирам фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и нивното демократско право да бојкотираат, но оваа политика на бојкот ќе мора наскоро да ја менуваат, оти во неа нема политика, туку само тврдоглав инает и недораснатост.

Лажни вести – лош глас за моќните

Речиси половина од сите жители на ЀУ, (46 отсто во 2016 година), консумираат вести главно преку социјалните мрежи и ги делат понатаму на интернетот без ни најмал напор за проверка на фактите.

Москополе

Отсекогаш сум сакал да научам влашки јазик, но никогаш не сум имал прилика.

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега.

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш.

Позајмувачи

Системот на „позајмување“ всушност и беше комплетно октроиран и елабориран токму од страна на државата и нејзините (највисоки) институции, што пак, нормално, потоа се шири како чума низ целото општество.

Православието не е религија!

Човекот ништо не мора, како што му сугерира карикатуралното православие, туку може слободно да сака или не.

До финалето, трпение – спасение!

Без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност.

Just do it!

На овие граѓани очајно им е потребен еден голем чекор. Доста им се мали чекори со „големо значање“. Тоа веќе не поминува. Малите чекори задржете си ги. Нека биде тоа нов Клинички центар

Поуки од британскиот однос кон сопственото и името на Ирска

Ирска го користи сопственото уставно име во дипломатските односи со странски држави, во рамките на ООН, Европската унија (ЕУ), Советот на Европа...

НАЈЧИТАНИ