• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 104

Дијагнозата наречена „тапа џонсон“ искажана од премиерот Заев само пред неколку дена не се разликува којзнае колку од мојата наречена Jurassic Park. Тука некаде се, иако премиерот не ја употреби неговата во кумулативна смисла, за целото општество, туку само за еден нејзин сегмент наречен Антикорупциска комисија. Во мојот македонски „Парк Јура“ таа комисија односно нејзините членови се на рамништето на најниското скалило во исхраната на средината, нешто како глувци, или стаорци, кои што јадат сè и сешто, главно отпадоци. И биваат изедени од предаторот наречен – политика. Овие нашиве некако преживеале, премиерот ги гледа дури благонаклоно, ги остава да одживеат уште некој месец, односно ги препушта на предаторот време.

Но не е само таа разлика, се разбира. Исказот на премиерот од пред некој ден, кога беше спомната „дијагнозата“, сепак беше оптимистички, надежен, дури зачудувачки смирен и добронамерен. Моите дијагнози не се такви. Во мојов/нашиов „Парк“, односно во нашата нова стварност (главно прострена на културата) нема место за таков оптимизам. Или – ајде да бидам малку добронамерен пред истекот на годината – има сосема малку. Оптимизам, нели. Тој се темели на неколку нешта: на волјата за квалитативни промени, на знаењата/можностите за истите и на довербата на еден добар дел од македонската култура вложена во новата стварност. Да, постојат уште извесни сомнежи – па и кај мене, ако сакате – ама генерално како да струи некој беневолентен дух, некаква нова верба во конечното ослободување на креативните потенцијали. Иако бројни се „тапа џонсон“ поединците и групациите (и) во културата, залегнати или заседнати врз нејзиниот грб во очекување на првите погрешни потези. Гласна е вревата на бившите агитатори и послушници. Па дури и на оние, и онакви, од заштитата на културното наследство, чиј што директен производ е и „Скопје 2014“, покрај останатото. Е сега тие ќе биле кооперативни, дури партнери. Ма ајде, ти се молам.

Но, слободата е нешто што се учи. Зашто, македонската култура де факто никогаш не била слободна во западнодемократската смисла на поимот. Се разбира, ние тоа го оправдува(в)ме со историското наследство (до 1945), со идеолошките стеги (до 1952, плус некоја), ама после тоа не може(в)ме да најдеме соодветно оправдување за случувањата во и околу неа. Како и да е, периодот од седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век сепак произведе култура ослободена од многу идеолошко политички стеги, иако тоа не ја подразбираше и целосната, очекуваната слобода во вистинската смисла на зборот. Идеолошкото, но и секое друго заложништво сè уште беше присутно. Партијата не така лесно ги тргаше рацете од културата, а богами и политкомесарите беа прилично агилни. (Кога сега би цитирал некои „искази“ на наши денес „видни“ академици и нови „демократи“, младиве би останале запрепастени!). Сепак, крајот како да беше видлив. Деведесеттите и новата демократизација на општеството ветуваа подобри перспективи. Сè до криминализациите во 1998-2002 година, а потоа и од 2006 година наваму, кога се случуваше процесот на целосно киднапирање односно заробување на културата. И тој процес траеше малтене до вчера, а во некои сегменти трае и денес. И ќе трае. Она „инцидентно“ откажување на претставата во МНТ беше (само уште еден) доказ за тоа! И тоа важен, безмалу парадигматичен за актуелните состојби, па и за нивното натамошно ексалирање, ако сакате.

Зошто? Затоа што на еден огромен дел на македонската култура не ѝ одат во прилог најавуваните промени. Тие сакаат – по старо, иако нудат кооперативност. Така им беше добро, во заробената култура неработниците беа примадони, некадарниците првенци, неспособните добиваа награди и државни пензии … Се добиваа според партиски заслуги или лични симпатии. И таквите не беа малку, напротив. (Ене ја, впрочем, онаа „националнана“ држи тврдокорни говори во странство! Ама ајде, и неа ќе ја издржиме.).

Десетгодишната манипулација односно замена на квалитетот со квантитет и на неспособноста со партијност продуцираше исклучиво таков провинцијален (не)културен кадар кој што системот ни ги претставуваше како наша културна елита. Сега ги живееме неговите резултати! Прашање е само дали ќе ги преживееме!? Се разбира, немам намера подетално да се навраќам на таа лоша „театарска“ епизода иако, повторно, ја гледам како парадигматична, како чин на демонстрирање на силата контра новиот систем. Зошто? Па, на пример, затоа што никој, ама баш никој од таа „фела“, особено младата, не протестираше против барањето на употреба на гумени куршуми од страна на една нивна колешка, а контра „шарените“ протестирачи? Или и тоа им беше – нормално? А кога онаа покондирена тиква – повторно нивна колешка – бараше „долги ножеви“, и тоа ли беше нормално за македонската култура? И за нив како нејзини припадници?

Но, повторно, добронамерноста и оптимизмот наложуваат преку некои нешта да се премине зашто ова време е време на нов предизвик за македонската култура. И на дефинитивно ослободување. Време кое што мора добро да се (по)троши умно, рационално, разумно, реформски. И никако теснопартиски, уште помалку волунтаристички, популистички, „добронамерно“. Зашто поправен ќе нема, а од „добри“ намери стигнавме до пеколот. Трошките оптимизам се трошат многу бргу, а она малку неизвалкано што остана од македонската култура се троши најбрзо. Поточно, се троши нивниот ентузијазам, верба, доверба. А тоа се нешта што најтешко се враќаат. Ако еднаш се раслои и тоа ткиво, ако ветените реформи не ги дадат и посакуваните резултати, клекнатата македонска култура дефинитивно ќе падне.

 

(преземено од Теодосиевски уметност)

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

До финалето, трпение – спасение!

Без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност.

Just do it!

На овие граѓани очајно им е потребен еден голем чекор. Доста им се мали чекори со „големо значање“. Тоа веќе не поминува. Малите чекори задржете си ги. Нека биде тоа нов Клинички центар

Поуки од британскиот однос кон сопственото и името на Ирска

Ирска го користи сопственото уставно име во дипломатските односи со странски држави, во рамките на ООН, Европската унија (ЕУ), Советот на Европа...

„Политикин забавник"

Ме импресионира со каква леснотија на „забавниково" знаење нашите дипломатски експерти објаснуваат ситуации во меѓународните односи....

Ботови, платени со наши пари, амнестирани од новата власт

Големите началници со најмногу чварки на еполетите и најмногу нули во банкарските сметки, сѐ уште шетаат на слобода и божем ја менуваат капата и униформата. Токму тие се на чело на бандите кои продолжуваат со својата валкана работа.

(Не)квалитет

А компетентната критичка мисла можат да ја финансираат самите министерства за своите ресори, месечно, повторно според формулата колку музика – толку пари.

Нема интеграција без пенетрација

Можеби ќе ви помогне да ја разберете логиката којашто стои зад новиот Закон за јазици. А и за да не допуштиме дебатата за него да ја диктираат само професорки по правни науки.

Никој не го доведувал во прашање името на Ирска

Примерот со Ирска е најдобар доказ дека политичката определба „Република“, пред нашето име Македонија е гаранција дека тоа не крие никаков иредентизам врз другите делови од регионот Македонија бидејќи ги прецизира границите на државата.

Ептен силен отров!

Приказната потсетува на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција, кој кулминирал до голема омраза меѓу двете страни.

Сладок развод: Проблем со името...

Веројатно решението е заклучено некаде во минатото кога Македонија го смени знамето и Уставот, но не беше доволно храбра да го прилагоди еднострано ов

НАЈЧИТАНИ