• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106

Институтот за стратегиски политички истражувања и алкохолни исцедоци и испарувања (ИСПИ-АИИИ), со мобилно седиште на неколку кафеански локации во скопско Дебар Маало, вчера ја одржа последната седница за оваа календарска сезона на која се сумираа политичките постигнувања и другите резултати во 2017 година.

Индивидуалното членство во ИСПИ-АИИИ се темели врз старото персиско правило дека секоја голема и важна одлука што ја носела таа вековна античка империја поминувала низ процес на две дискусии: еднаш дискусијата се водела кога сите биле пијани, а потоа се повторувала и кога биле трезни, од комбинацијата на така мудро избалансираните ставови, се решавало дали да се тргне во војна или да се преговара за мир.

Ние вчера решивме дека треба да се преговара за мир. Не само затоа што, објективно, во Македонија веќе нема за што да се војува – Груевски замина во историјата, а демократијата во силен налет ја преплави државата и општеството – туку и затоа што во кафеаната снема кисела зелка со црвен пипер, па се прејде на скара, а млакиот шприцер, за разлика од ладната ракија, постепено ги разредува милитантните опции на гласните сеќавања за борбените херојства и ги претвора во плачливи мирнодопски дискусии за поделбата на пленот според револуционерните заслуги.

Е, кога дојдовме до пленот, констатиравме дека „Што е наше, ќе си дојде!“, што е типичен победнички заклучок на губитниците, бидејќи укажува на фактот дека само времено сме останале без придобивки, ако не се брои суџукот в раце што го мезевме во тој момент.

Но, одмаздата е слатка! Оние кои изгубија сѐ, сега се патат уживајќи во плодовите на нашата победа: уште се мачат во бизнисот, глава не можат да кренат од работа и профит, уште се на повеќето раководни места низ државата и не ги пуштаме да си заминат, туку по казна ги унапредуваме во директори, советници и министри, да видат како е, уште мудруваат по дебатните емисии, сега со нов демократски елан по наеднаш професионално освестените телевизии кои до вчера нѐ дереа на живо… Со еден збор, мајка им плакавме, глава не можеме да кренеме од нивните маки!

На пример, сирот Амди, којзнае какви кошмари му се вртат низ глава додека спокојно дреме во Собранието и си го масира средниот прст за трајно да не му се здрви од долга вкочанетост.

Сепак, во попијаниот дел од дискусијата, некаде на преодот меѓу пачата и сармата, се истакна дека недоволно респект му се укажува на Претседателот на државата и на неговата иницијатива за национално помирување меѓу нациите во нашата нација. Се отвори дилемата за тоа која е разликата помеѓу амнестијата и амнезијата и дали едното го исклучува другото? И дали неговото апсење би придонело за националното помирување, со оглед на неговата неспособност да прогласи вонредна состојба тогаш кога им е најлесно и аболиција тогаш кога им е најтешко?

Сѐ на сѐ, заклучивме дека нашата револуција тече и дека 2017 година е клучната година пред 2018 и по 2016, во која ништо важно не се случило, освен што Фамилијата и дефинитивно си замина од власт. Овој факт предизвика мала штама во кафеаната, а потоа се нарачаа уште неколку вонредни тури од наливното вино во чест на Христијан Мицкоски и неговата победа против силите на поразот во таа партија. Иднината му е светла како опашката на кометите што се појавуваат еднаш на илјада години, пред крајот на светот.

После, кога таман нарачавме експреса, почнаа да ни ѕвонат виберите со чудни прашања од жените до кај сме и дали наскоро ќе се прибираме, што беше јасен знак дека им недостасуваме, како што вода недостасува во пустина за да има живот. За сите.

Решивме дека за годинава е доста, а догодина ќе биде подобро, зашто ако е полошо од ова ќе ги соблечеме гаќите и во знак на протест ќе рипнеме во коприви. Ма, нема заебанции со нас! 


Извор: Цивил

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Понудени, како почестени, па вие видете што ќе правите

Ја разбирам фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и нивното демократско право да бојкотираат, но оваа политика на бојкот ќе мора наскоро да ја менуваат, оти во неа нема политика, туку само тврдоглав инает и недораснатост.

Лажни вести – лош глас за моќните

Речиси половина од сите жители на ЀУ, (46 отсто во 2016 година), консумираат вести главно преку социјалните мрежи и ги делат понатаму на интернетот без ни најмал напор за проверка на фактите.

Москополе

Отсекогаш сум сакал да научам влашки јазик, но никогаш не сум имал прилика.

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега.

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш.

Позајмувачи

Системот на „позајмување“ всушност и беше комплетно октроиран и елабориран токму од страна на државата и нејзините (највисоки) институции, што пак, нормално, потоа се шири како чума низ целото општество.

Православието не е религија!

Човекот ништо не мора, како што му сугерира карикатуралното православие, туку може слободно да сака или не.

До финалето, трпение – спасение!

Без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност.

Just do it!

На овие граѓани очајно им е потребен еден голем чекор. Доста им се мали чекори со „големо значање“. Тоа веќе не поминува. Малите чекори задржете си ги. Нека биде тоа нов Клинички центар

Поуки од британскиот однос кон сопственото и името на Ирска

Ирска го користи сопственото уставно име во дипломатските односи со странски држави, во рамките на ООН, Европската унија (ЕУ), Советот на Европа...

НАЈЧИТАНИ