• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 104

Според сите наши локални „обичаи“ во првите денови на новата година да се пишуваат „умни“ предвидувања за тоа што и како ќе ни се случува, секој според своето поле на експертиза, се разбира, а на некои телевизии се појавуваат дури и јасновидци да нè „просветлат“ за тоа каква наводно ќе ни била годината, јас во таков случај би требало да напишам нешто доволно паметно од областа на културата, односно да смислам нешто „провокативно“ како можно обележје на македонската култура во оваа 2018 година.

Тоа е предизвик, секако, ама не знам колку јас сум видовит – или јасновид – во таа и таква насока. Зашто македонската култура е по правило непредвидлива. Таа не е од оној здодевен западноевропски тип каде што сè е однапред испланирано и очекувано, и на државен и на институционален план! Просто човек не знае како им се работи во такви услови на тие западњаците, нели, кога точно знаете што и како ќе правите не само за една или две туку и за повеќе години, каде што институциите немаат само бомбастични имиња туку и еднакво бомбастични програми... Па, дури и оние со помалку звучни називи и програми сепак си ја знаат улогата во културата на даденото општество, знаат што и како да очекуваат од државата речиси една деценија однапред и слично. А знаат и што треба „да вратат“ преку формите на културна презентација.

Културен амбиент

Мора навистина да е до зла бога убиствено еднолично да немате за што да се расправате со „државата“ – што и да се подразбира таму под тој поим, односно дека не мора државата задолжително да има министерство за култура, како кај нас – при што речиси сите актери во културата знаат што и како ќе се случува со и околу нив неколку години однапред.

Во отсуство на таква моја способност, но и на соодветно „способен“ културен амбиент, можам само да се ограничам на она што јас би сакал да се случува оваа година кај нас, во културата, се разбира, и околу неа. Иако тоа може да разочара многумина, во повеќе т.н. културни дејности. Зашто, ако посакам(е), на пример, барем да почнеме да разговараме за некакви – нека се и локално македонски – стандарди во културата, ќе биде ли премногу? Можеби, за некого, или за многумина, кои упорно се затскриваа(т) зад провинцијалната логика дека ние сме си посебни (историски и културно), дека сме специфични (а другите демек не се!), дека сме дури и единствени (никогаш не разбрав во што, можеби во глупоста?) и слични национално нарциосоидни будалштини. Инаку, најавените реформски процеси (и) во културата треба да значат токму тоа: Македонија конечно ќе почне проактивно да прифаќа европски стандарди (но и вредности!) и во културата, се разбира чекор по чекор, со приоритети и селекција на најитното и она што би можело да причека подобри времиња, итн. (Иако, вториов дел, оној со одложеното, ако го прифатиме здраво за готово, според нашите мерила би можело да значи дека никогаш нема да дојде на ред!)

Измешани карти

Од друга страна, и да не сакаме, стандардизацијата ќе дојде на ред, ќе се наметне самата. Зашто во вакви (не)услови македонската култура тешко ќе преживува. Со сите стотина и кусур институции закачени за буџетот на Министерството за култура, со руинирани и посељачени (национални) институции со програми одвај адаптибилни и на македонските нови потреби а камоли на некакви европски, со етничко партиски директори што со нивната неспособност сепак не одговараат пред никого... на таквата „култура“ можете однапред да ѝ ставите крст. Или, поточно – тој е ставен, само треба поцврсто да го зариете во рофкото тело на македонската културна сцена! И се разбира, во целиот тој значаен процес на стандардизација на македонската култура, никако не ќе можат да се одминат разговорите особено за децентрализацијата, за партиципацијата, за континуитетите и дисконтинуитетите, за валидноста на нашето разбирање на основните поими што ја сочинуваат културната сцена (институции, културни работници, уметници итн.). Зашто, во овој наследен сегашен хаос на неспособност и некомпетентност, на самобендисаност и етно-партизираност редот ќе мора да се востановува „од врвот“ бидејќи еден голем дел од базата е целосно раскомотен и раскокодакан низ културнава провинција како на селско буниште. И веќе сите карти се измешани, поимите и компетенциите се целосно растурени: оној што бил еднаш до Солун, а да не зборуваме до Париз, веднаш е експерт за меѓународна културна политика; тој/таа кој(а) поднаучила да терцира под домашниот туш веќе е примадона на нашата музичка сцена; свирачите по свадби ни се првокласни виртуози, а приучени полуписмени уметници директори на национални институции... Таков „културен“ амбиент просто рика за промени, за стандарди, за вредности. Ако умееме да му ги дадеме, се разбира!
 

Објавено во „Слободен печат“

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

До финалето, трпение – спасение!

Без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност.

Just do it!

На овие граѓани очајно им е потребен еден голем чекор. Доста им се мали чекори со „големо значање“. Тоа веќе не поминува. Малите чекори задржете си ги. Нека биде тоа нов Клинички центар

Поуки од британскиот однос кон сопственото и името на Ирска

Ирска го користи сопственото уставно име во дипломатските односи со странски држави, во рамките на ООН, Европската унија (ЕУ), Советот на Европа...

„Политикин забавник"

Ме импресионира со каква леснотија на „забавниково" знаење нашите дипломатски експерти објаснуваат ситуации во меѓународните односи....

Ботови, платени со наши пари, амнестирани од новата власт

Големите началници со најмногу чварки на еполетите и најмногу нули во банкарските сметки, сѐ уште шетаат на слобода и божем ја менуваат капата и униформата. Токму тие се на чело на бандите кои продолжуваат со својата валкана работа.

(Не)квалитет

А компетентната критичка мисла можат да ја финансираат самите министерства за своите ресори, месечно, повторно според формулата колку музика – толку пари.

Нема интеграција без пенетрација

Можеби ќе ви помогне да ја разберете логиката којашто стои зад новиот Закон за јазици. А и за да не допуштиме дебатата за него да ја диктираат само професорки по правни науки.

Никој не го доведувал во прашање името на Ирска

Примерот со Ирска е најдобар доказ дека политичката определба „Република“, пред нашето име Македонија е гаранција дека тоа не крие никаков иредентизам врз другите делови од регионот Македонија бидејќи ги прецизира границите на државата.

Ептен силен отров!

Приказната потсетува на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција, кој кулминирал до голема омраза меѓу двете страни.

Сладок развод: Проблем со името...

Веројатно решението е заклучено некаде во минатото кога Македонија го смени знамето и Уставот, но не беше доволно храбра да го прилагоди еднострано ов

НАЈЧИТАНИ