• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106

Прашањата кои во рамки на својата програма ги приоритира актуелната земја претседавач со ЕУ, Бугарија, делумно покажуваат дека сликата за земјите-членки од Источна и Централна Европа се помалку се перцепира како обединет блок со заеднички интереси. Разликите сега се повидливи, во споредба со првата половина од 1990-тите години кога беа воведени копенхашките критериуми, со кои практично проширувањето на ЕУ стана една од најмоќните алатки на нејзината политика. Привлачноста на ЕУ помогна да се трансформираат земјите од поранешниот комунистички блок во модерни демократии кои успешно функционираат. Заднички именител на нивната трансформација беше внимателно следен преку напорите за исполнување на политичките услови – стабилност на демократските институции и владеење на правото, воспоставување на пазарни инструменти, почитување на човековите права и медиумските слободи.

Бугарија за првпат ја презеде улогата на претседавач со ЕУ откако стана полноправна членка во 2017 година, лансирајќи ги своите приритети – подобрување на можностите на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја секако и Македонија, да станат полноправни членки, заштита на надворешните граници на Европа и стабилен економскин развој за целата Унија. Но бугарските економски постигнување се уште се под стандардите во однос на остатокот на ЕУ, а според истражувањата на степенот на сиромаштија што го изготви Еуростат, 41 отсто од насеклението во Бугарија живееле блиску до ризикот да западнат во сиромаштија во текот на 2016 година. Најмал ризик, во истиот период на мерење, од 2008 до 2016 година, бил присутен во Чешка, Финска и Данска, односно од околу 13 до 17 отсто. Во тој контекст не изненадува воопшто дека тешките социјални и економски околности на вантрешен план се од фундаментално значење за бугарската држава да го стави фокусот врз економскиот раст и солидарноста во ремки на целата ЕУ.

Во текот на бегалската криза во 2015 година Бугарија не претставуваше важна транзитна земја за азилантите од Сирија, во споредба со Македонија, Србија и Унгарија. Но моментно, имајќи ги предвид близината до Турција, несигурноста околку војната во Сирија и политички нестабилната систуација во Средоземниот регион, Бугарија, а донекаде и Романија, истапуваат како значајни поддржувачи на квотите за прифаќање на бегалци што ги предложи Европската комисија, сè додека за тоа добиваат економска поддршка од ЕУ. Значи, отворената бугарска поддршка на мигрантската ЕУ–политика јасно ја покажува разликата во однос на други источноевропски земји, какви што се Унгарија, Полска и Чешка, кои во оваа област, околу бегалските квоти, силно се конфронтираат со Брисел. Од своја страна, официјална Софија најави дека во текот на шестмесечното претседателство ќе се заложи распределбата на бегалците по принципот на квоти да стане реалност во целата ЕУ.

А што се однесува до проширувањето на ЕУ, бугарската Влада, како дел од својата регионална стратегија на стабилност, го поддржува доближувањето на Западен Балкан кон европските интеграции. Но за Разлика од Бугарија и други земји во Југоисточна Европа, земјите од Вишеградската група – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија – не покажуваат посебна заинтересираност да се забрза процесот на проширување на ЕУ со нови земји-членки од Западен Балкан.

Сега останува да се види колкава вештина и мудрост во текот на ЕУ-претседателството ќе покаже Бугарија во преговорите со земјите со кои имала развиена соработка во рамки на поранешниот советски блок. Во секој случај, сликата за Источна Европа, како блок земји со заеднички интереси, не е повеќе коректна. Денешните сојузи и алијанси всушност ги надминуваат старите поделби и разграничувања од периодот на Студената војна.

Поаѓајќи од споменатите разлики меѓу источноевропските земји, прашање е колку тоа ù оди во прилог на Бугарија доколку би се обидела да ја самали вознемиреноста на Брисел во однос на вниманието кое му се посветува на развлеченото одмерување на силите меѓу ЕУ и Русија и нивниот натпревар околу Источна Европа. Бидејќи напоредно на тоа Кина настапува сè поенергичнио и остава сè подлабоки траги на Балканот. Кина инвестира големи пари во источноевропската инфраструктура, како, на пример, моментно во Србија, каде што се случува градежен бум.

Но во Брисел сè почесто се реагира, иако неретко и како полугласно мрморење, дека намерата на Кина не е само да конкурира на европските пазари туку и да го зголеми своето политичко влијание во Европа и ЕУ. А сфаќањата и погледот кон човековите права и демократијата драстично се разликуваат меѓу Кина и ЕУ.

„Зачленувањето во ЕУ е наша цел“, вели српската министерка за инфраструктура Зорана Михајловиќ, но едновремено нагласува дека дотогаш “земјата има право слободно да избира со кого ќе соработува“. Српската Влада едноставно сака да извлече полза од сите инвестиции што ќе ù помогнат да ја развие инфраструктурата.

За очекување е дека влијанието на Кина ќе се зголемува, а за што јасно укажуваат и тековите на кинеските пари кои се впумпуваат во Европа. Но едновремено, сосема е извесно и дека таквиот развој, во кој источноевропските земји бараат начини да ја профилираат посебноста на своите национални и државни интереси, во Брисел и понатаму нема да наидува на симпатии, туку ќе продолжи да се заглавува како горчлива кнедла – која тешко ќе биде проголтана.
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Понудени, како почестени, па вие видете што ќе правите

Ја разбирам фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и нивното демократско право да бојкотираат, но оваа политика на бојкот ќе мора наскоро да ја менуваат, оти во неа нема политика, туку само тврдоглав инает и недораснатост.

Лажни вести – лош глас за моќните

Речиси половина од сите жители на ЀУ, (46 отсто во 2016 година), консумираат вести главно преку социјалните мрежи и ги делат понатаму на интернетот без ни најмал напор за проверка на фактите.

Москополе

Отсекогаш сум сакал да научам влашки јазик, но никогаш не сум имал прилика.

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега.

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш.

Позајмувачи

Системот на „позајмување“ всушност и беше комплетно октроиран и елабориран токму од страна на државата и нејзините (највисоки) институции, што пак, нормално, потоа се шири како чума низ целото општество.

Православието не е религија!

Човекот ништо не мора, како што му сугерира карикатуралното православие, туку може слободно да сака или не.

До финалето, трпение – спасение!

Без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност.

Just do it!

На овие граѓани очајно им е потребен еден голем чекор. Доста им се мали чекори со „големо значање“. Тоа веќе не поминува. Малите чекори задржете си ги. Нека биде тоа нов Клинички центар

Поуки од британскиот однос кон сопственото и името на Ирска

Ирска го користи сопственото уставно име во дипломатските односи со странски држави, во рамките на ООН, Европската унија (ЕУ), Советот на Европа...

НАЈЧИТАНИ