• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106

Ја читам колумната на Бранко Геровски „Поворка и зад Заев?“ во која нагласува дека на премиерот му недостасува поддршка од неговите најблиски соработници, од партиски другари и од јавните личности што му се наклонети, поддршка во форма на аргументирана одбрана на идејата за компромис, кој бездруго не смее да го засегне нашиот идентитет. Ова ми даде идеја да ја подржам оваа идеа на Геровски од едноставна причина што и јас си го поставував повеќе пати истото прашање – каде е македонската јавност, пред се интелектуалците и академиците да дадат свое мислење и го подржат оптимизмот на Заев за решавање на името на земјата.

Мора да признам дека е чудна нашата академија и нашите академци! А бе, ги нема да гукнат сега кога се решава најгорливото прашање за името без кое нема безбедност, економски развој или едноставно Македонија не може да опстане како држава. Ај порано викавме дека било диктатура во време на владеењето на Груевски, но сега не знам зошто не „гукаат„ туку молчат како залиени; да не мислат дека се уште Груевски е на власт!? Или пак академиците земале толку голема доза на страв, па им треба време да се ослободат од стравот. Изгледа дека академиците не се за дневно политичка употреба! Кој ли да ги знае?
Во замена што интелектуалците и академиците молчат, ние обичните граѓани ќе водиме јавна дискусија за името, онака лаички! Ќе почнам со Алдо Климан, за мене непознат, во својата колумна (објавена на бела хартија во „Република„) се обраќа до македонскиот народ и пишува дека не доаѓа предвид менување на името Република Македонија; тоа ќе било најголем политички и историски фалсификат и наша национална срамота и смрт! Самиот наслов на колумната „Тројанскиот коњ Заев и неговата ергела тројански коњи„ зборува за содржината, има слика со глава на коњ каде е напишан текстот на англиски: Zoran Zaev &Greek Agenda„, прикажувајќи го Заев како Тројански коњ преку кој Грците перфидно го наложуваат нивното барање за бесрамно промена на уставното име, што Заев како „предавник„ и „квислинг„ го прифаќа. Секако не се сложувам со написот на овој колумнист, само да не пишува на примитивен стил, но го ценам фактот што тој има свое мислење, макар и негативно по прашање за името отколку нашите молчаливи академци!

Прочитав албанскиот портал InfoShqip дошол до информации за прашањето за името, дека било договорено име: Република Нова Македонија – Republic of New Macedonia (анг.) - Δημοκρατία της Νέα Μακεδονία (gr); Националност: Македонско; Јазик Македонски / Macedonian (анг.); Идентитет на Македонскиот народ: Македонец, Македонка / Македонци.

Интересно е да се спомене дека спрема истиот портал, идентитет на Грците кои регионално се идентификуваат како Македонци: Грчки македон / Грчки македони – Greek Macedon / Greek Macedons (анг.) - Μακεδονικό/Makedoniko – Μακεδόνες/Makedones (gr.). Ова последното како ќе се нарекуваат Грчките „Македонци„ ме потсети на еден случај од 2013 година кога го посетивме селото Ранци (Ermakia, на грчки) во близина на Калјари (Ptolomeida, на грчки) – го прашавме еден овчар по име Ристо, на свои 55-60 години, дали е тој ендоп или Македонец, тој одговори: ендопи ни велат „стари глави„, а јас сум Македонец – Грк Македонец – јас сум Грк Македонец. Всушност овој овчар од Ранци уште во 2013 година, четири години пред сегашното договарање, го решил проблемот на Грција за прашањето како ќе се нарекуваат Грците кои регионално се идентификуваат како Македонци – Грчки Македонци. Ако се сеќавате во една прилика поранешниот грчки премиер Мицотакис кажа дека тој бил Македонец (роден во Егејска Македонија)!

Во преговорите имаме две предности, прва, што уставното име на Македонија го признаа 140 земји од вкупно 186 членки на ОН што ни дава за право договореното сложено име (со придавка) да се користи за меѓународна употреба но не и интерно во земјата и втора, за идентитетот не греба да се преговара, тргнувајќи од фактот што Грција има проблем со името на државата но не и со идентитетот. Ова втората предност треба да се објасни на начин што Грција има проблем со уставното име Македонија која подразбира, по нивно мислење, иредентизам односно територијални претензии спрема Егејска Македонија во Грција, па се бара територијално разграничување на територијата Македонија од која делови се наоѓаат во границите на Грција и Бугарија. Што се однесува до народот и јазикот како идентитетски прашања, во Грција се зборува грчки јазик различен од македонски јазик, а како тие ќе го нарекуваат народот во Егејска Македонија што се идентификува како „Македонци„ тоа е нивни проблем. Мене лично не ми смета да се нарекува „Грк Македонец„ онака како што се декларира Ристо овчарот од Ранци.

Уште една трета предност постои, а тоа е откажување од глупата антиквизација на Македонија што ја наметна претходниот премиер Никола Груевски. Заев најави доколку тоа е проблем за Грција што треба да се решава, тој е спремен и ова прашање да го разреши, во смисла на тоа дека ние се откажуваме дека сме директни потомци на Александар Македонски и античките Македонци, односно дека македонската антика им припаѓа и на Грција и на Македонија. Мене ова не ми смета, и онака ние немаме ништо заедничко со античките Македонци, нашите корени се словенски што се потврдува со словенскиот јазик како основна карактеристика за идентитетот. Не треба да се занемарува фактот што Словените се доселиле на Балканскиот простор некаде од 550 до 650 година по новата ера, а Филип II и Александар Македонски живееле во 4-от век пред новата ера, па како е можно да ние сме антички Македонци! Никола Груевски со својата глупава антиквизација има и свој позитивен придонес во преговорите со името преку откажување од антиквизацијата и прифаќање на словенски идентитет, какви што и сме!

Во Македонија има добар дел од народот, посебно кај членството на опозиционата партија ДПМНЕ каде е концентриран поголем дел на „проста маса„, преовладува мислењето дека не треба да се менува уставното име Македонија, водејќи примитивен инат не мислејќи што се’ се губи доколку не се реши проблемот со името и се отворат евро атлантските интеграции на Македонија. После десетгодишното „перење на мозокот„ на Македонскиот народ дека „името не го даваме„ од страна на владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, што имаше силно влијание кај поширокиот дел од народот (слојот што живеат на село и работниците), тешко е дека ќе се убедат да гласат на референдумот за промена на името, за период до првата половина на 2018 година. Не е можно да се примени мислењето на народот за толку краток период после 10-годишно постојано „чипирање„ на мозокот на народот, поради што референдумот не би била успешна опција.

Од изнесените причини во овој краток период треба да се активира и пушти глас нашите интелектуалци, не мислам на „квази интелектуалците„, понатаму да се јави со свое мислење и Македонската академија (доста беше хибернација), да се интензивира и покрене јавното мислење за прифаќање на договор за компромисно сложено име без промени на идентитетот нешто како неминовност што треба и мора да се реши за отворање на членство на Македонија во НАТО и започнување преговори за членство во ЕУ. Ова е работа на целата наша интелигенција, вклучувајќи ги посебно новинарите и секако и академиците за формирање на позитивно јавно мислење по прашање за името. При ова треба да се измерат користите од евро атлантските интеграции со решавање на сорот со името наспроти загубите што би ги имале со не решавање на прашањето со името.

Повелете интелектуалци и академици, бидете активни...

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Понудени, како почестени, па вие видете што ќе правите

Ја разбирам фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и нивното демократско право да бојкотираат, но оваа политика на бојкот ќе мора наскоро да ја менуваат, оти во неа нема политика, туку само тврдоглав инает и недораснатост.

Лажни вести – лош глас за моќните

Речиси половина од сите жители на ЀУ, (46 отсто во 2016 година), консумираат вести главно преку социјалните мрежи и ги делат понатаму на интернетот без ни најмал напор за проверка на фактите.

Москополе

Отсекогаш сум сакал да научам влашки јазик, но никогаш не сум имал прилика.

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега.

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш.

Позајмувачи

Системот на „позајмување“ всушност и беше комплетно октроиран и елабориран токму од страна на државата и нејзините (највисоки) институции, што пак, нормално, потоа се шири како чума низ целото општество.

Православието не е религија!

Човекот ништо не мора, како што му сугерира карикатуралното православие, туку може слободно да сака или не.

До финалето, трпение – спасение!

Без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност.

Just do it!

На овие граѓани очајно им е потребен еден голем чекор. Доста им се мали чекори со „големо значање“. Тоа веќе не поминува. Малите чекори задржете си ги. Нека биде тоа нов Клинички центар

Поуки од британскиот однос кон сопственото и името на Ирска

Ирска го користи сопственото уставно име во дипломатските односи со странски држави, во рамките на ООН, Европската унија (ЕУ), Советот на Европа...

НАЈЧИТАНИ