• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106

Во завршниот дел од својата денешна колумна во „Независен весник“ Георги Спасов пишува: „Со сите соседни народи имаме повеќе заедничко од различно и можеби во тоа е нашата национална посебност.“ Веднаш потоа уследува и една важна спцификација на таа формулација. Таа потсетува на една од клучните составки на секоја посебност каква што е онаа на јазикот, „како посебен во групата словенски јазици тој се изучувал на 50 универзитети во светот“, прецизира Спасов.

Што практично вели формулата на Спасов според која нашата „посебност“ е повеќе во сличностите со соседите, а помалку во разликите? Иако, од јазичка гледна точка, многу повидливи се сличностите со српскиот и бугарскиот јазик (имаат иста основа во старословенскиот), а помлаку со грчкиот и албанскиот. При сè што има и некои „проникнувања“ за кои, во детали, станува збор во „Историјата на македонскиот јазик“ на Конески.

Таа формула на Спасов става акцент врз т.н. „тернарни опозиции“ кои во формалната логика на Р. Бланше се опишуваат како слаби, наспрема силните, бинарни опозиции. Да се рече, на пример, дека ние со соседите „имаме повеќе заедничко од различно“ како што вели Спасов, тоа значи, упростено кажано, дека ние сме и Срби и Бугари, и Грци и Албанци истовремено. Наспрема Србите кои се помалку Бугари, Бугарите, помалку Грци, а Грците помалку Албанци затоа што сите тие немаат толку „заедничко“ како Македонците со нивните соседи и во тоа не се состои нивната национална „посебност.“

Кон тоа треба да се додаде уште и следното: кога станува збор за посебности, акцентот се става врз разликите затоа што само тие помагаат подобро да се оцртат тие посебности. Кога станува збор за општости (народи кои образуваат исто семејство: словенски, англосаксонски, индо-европски) акцентот се става врз сличностите. Или, разликите се тие кои помагаат да се направат идентитети: на единка, група и нација. Додека пак сличностите помагаат да се установат врските меѓу идентитети.

Од антрополошка гледна точка односите меѓу татко и син се, на пример, исто толку односи по блискост - кооперација, комплементарност колку и односи по спротивност - ривалитет, соперништво. Да се стави акцентот врз еден од тие два вида односи како, на пример, врз односот „заедништво“ (друго име за кооперативноста и комплементарноста), значи да се фрли во длабока сенка еден друг вид каков што е оној на ривалитет и соперништво, не помалку важен за обликување на идентитетите личност, професионална група или нација.

За што практично станува збор? За очигледен редукционизам кој не-посебноста ја издига на пиедесталот посебност и, згора на тоа, ја прогласува за главна одлика на нацијата Македонци со видлива предност над соседите затоа што „ние знаме кои сме“; затоа што „никого не загрозуваме“ и затоа што сме добро „подготвени да градиме европски идентитет“. Останува да се праша: како тоа ние со својата „не-посебност“, уникатна посебност според Спасов, можеме да градиме супер-посебност каков што е, на пример, посебноста евро-идентитет? Кој, најверојатно, ни не ќе може да се изгради без нас?

Одговорот на тоа просто и неудобно прашање е: сопките што и ги прават соседите на малата (во споредба со нив) Македонија на патот кон нејзините евро-атлантски интеграција не се ни некои - сопки: Србите со црквата, Бугарите со јазикот и нацијата, Грците со името, Албанците - не можам да се сетам со што. Тие сопки се дефицит од духовна (морална) сила кај соседите, а суфицит кај Македонците.

Што треба да рече, во најмала рака, дека, барем по тоа Македонците се супериорни над своите соседи. Или, една реална неволја да се претвора во надмоќна доблест - „заедништвото“ на Спасов. Убаво! Тоа звучи како добра утеха во еден свет таков каков што е. Ама, не и нешто повеќе од - добра утеха! 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Понудени, како почестени, па вие видете што ќе правите

Ја разбирам фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и нивното демократско право да бојкотираат, но оваа политика на бојкот ќе мора наскоро да ја менуваат, оти во неа нема политика, туку само тврдоглав инает и недораснатост.

Лажни вести – лош глас за моќните

Речиси половина од сите жители на ЀУ, (46 отсто во 2016 година), консумираат вести главно преку социјалните мрежи и ги делат понатаму на интернетот без ни најмал напор за проверка на фактите.

Москополе

Отсекогаш сум сакал да научам влашки јазик, но никогаш не сум имал прилика.

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега.

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш.

Позајмувачи

Системот на „позајмување“ всушност и беше комплетно октроиран и елабориран токму од страна на државата и нејзините (највисоки) институции, што пак, нормално, потоа се шири како чума низ целото општество.

Православието не е религија!

Човекот ништо не мора, како што му сугерира карикатуралното православие, туку може слободно да сака или не.

До финалето, трпение – спасение!

Без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност.

Just do it!

На овие граѓани очајно им е потребен еден голем чекор. Доста им се мали чекори со „големо значање“. Тоа веќе не поминува. Малите чекори задржете си ги. Нека биде тоа нов Клинички центар

Поуки од британскиот однос кон сопственото и името на Ирска

Ирска го користи сопственото уставно име во дипломатските односи со странски држави, во рамките на ООН, Европската унија (ЕУ), Советот на Европа...

НАЈЧИТАНИ