• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106

Во серија анализи објавени во весникот „Шпиц“ од ноември 2007 до самитот на НАТО во Букурешт во април 2008 година и потоа, јавно се заложив за компромисно решение за спорот со Грција и таа, тогаш еретичка идеја, ја поткрепив со пет основни аргументи, кои сега буквално ги цитирам од тогашните текстови:

Прво, сегашното меѓународно име на нашата земја не е Република Македонија, туку референцата Поранешна југословенска република Македонија.

Второ, Македонија не е единствената земја на светот која има меѓународно име различно од домашното. Уникатни се можеби околностите под кои сме принудени да носиме едно такво име. Од сосема други причини, токму нашиот јужен сосед со кој сме во спор, има дури две меѓусебно различни меѓународни имиња - едно официјално, Hellenic Republic и едно неофицијално, Republic of Greece – а и двете различни од официјалното име за домашна употреба.

Трето, Грција во основа нема проблем со препознавањето и со прифаќањето на идентитетот на модерната македонска нација. Секако, ова важи ако ја преживееме фрустрацијата од откажувањето од инаку непостоечкото „идентитетско наследство“ од античка Македонија.

Четврто, за нас добар компромис е име кое е различно од уставното, но кое истовремено обезбедува недвосмислено препознавање на идентитетот на македонската нација.

И петто, откако Грците се согласија зборот Македонија да биде составен дел на сложеното компромисно меѓународно име за нашата земја (според моите информации, тaков компромис во Атина е постигнат уште во далечната 2005 година), за мене спорот за името суштински е завршен и сега се сведува на практично-политичко прашање.

Мило ми е што лично од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој штотуку се врати од Атина, слушнавме дека во Грција постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот со Грција. Значи, недвосмислено е јасно дека оптимизмот за позитивен исход на преговорите произлегува од фактот што и Скопје и Атина, а и меѓународниот фактор, се подготвени спорот да го затворат со вин-вин решение, кое нема да ги оспори македонскиот идентитет и посебност, но кое истовремено ќе ја задоволи и потребата на Грција да се направи јасна дистинкција меѓу нашето име и името кое за Грците има едно поинакво историско и политичко значење.

Обидите да се пронајде прифатливо решение, кое, како што вели Османи, „нема да удира врз најчувствителните вредности на двете општества“, продолжуваат. Тие обиди треба да се поткрепат со аргументи од македонска страна, кои ќе бидат најзначајното и неопходно „оружје“ за нашите преговарачи, тогаш кога ќе се преговара за опсегот на употребата на новото име и за другите детали, во кои, како што обично се вели, понекогаш се крие ѓаволот.

А идејата за референдум во овој момент треба веднаш да се отфрли. И тоа не го велам само јас (па со мене полемизираат таму некои недоветни будалетинки, кои мислат дека му помагаат на Заев), тоа го велат влијателните политичари, на чело со грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас. Плебисцитарното изјаснување за едно вакво сложено и чувствително прашање, во овој момент, за Македонија, како и за Грција, би било непродуктивно, да не речам погубно.

Сега е време за одговорни, мудри и храбри политички одлуки. Не за популизам. Не за кампањи и билдање рејтинзи. На политичарите во Скопје и во Атина спремни за овој историски потфат, мора да им се помогне. Јавната дебата треба да се води умно, одговорно, рафинирано и продуктивно. Да не ни се случи, не дај боже, на крајот на молзењето кравата да ја клоцне кофата со млекото.
 

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Понудени, како почестени, па вие видете што ќе правите

Ја разбирам фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и нивното демократско право да бојкотираат, но оваа политика на бојкот ќе мора наскоро да ја менуваат, оти во неа нема политика, туку само тврдоглав инает и недораснатост.

Лажни вести – лош глас за моќните

Речиси половина од сите жители на ЀУ, (46 отсто во 2016 година), консумираат вести главно преку социјалните мрежи и ги делат понатаму на интернетот без ни најмал напор за проверка на фактите.

Москополе

Отсекогаш сум сакал да научам влашки јазик, но никогаш не сум имал прилика.

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега.

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш.

Позајмувачи

Системот на „позајмување“ всушност и беше комплетно октроиран и елабориран токму од страна на државата и нејзините (највисоки) институции, што пак, нормално, потоа се шири како чума низ целото општество.

Православието не е религија!

Човекот ништо не мора, како што му сугерира карикатуралното православие, туку може слободно да сака или не.

До финалето, трпение – спасение!

Без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност.

Just do it!

На овие граѓани очајно им е потребен еден голем чекор. Доста им се мали чекори со „големо значање“. Тоа веќе не поминува. Малите чекори задржете си ги. Нека биде тоа нов Клинички центар

Поуки од британскиот однос кон сопственото и името на Ирска

Ирска го користи сопственото уставно име во дипломатските односи со странски држави, во рамките на ООН, Европската унија (ЕУ), Советот на Европа...

НАЈЧИТАНИ