• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис е сосема во право кога тврди дека глупостите на политичарите се главна причина за лошите односи меѓу Република Македонија и Република Грција. А глупости правеа и македонските и грчките политичари.

По распаѓањето на Југославија и по воспоставувањето на политички плурализам во Република Македонија, покрај останатите политички партии, беше регистрирана и партијата ВМРО-ДПМНЕ, која уште на својот прв конгрес најави дека наредниот конгрес на партијата ќе го одржи во Солун! Оваа најава предизвика хистерија во Грција, се организираа митинзи во Солун, Атина и други грчки градови на кои учествуваа милиони луѓе! Иако зборот Македонија беше табу тема се до 1988 година, наеднаш Македонија беше прогласена за грчка и се оспоруваше правото на соседната држава во своето име да го користи зборот Македонија! Реакцијата на Грците наиде на неразбирање и на чудење во светот! Светот се чудеше како една мала земја, која е без оружје, со население од 2 милиони жители, со хетероген етнички и верски состав може да загрози држава која има 5 пати побројно население, која има најмодено оружје и која традиционално е милениче на меѓународната заедница, посебно на западната цивилизација.

Доколку најавениот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и се одржеше во Солун тој на Грција можеше само да и го зголеми девизниот прилив. Четвртиот конгрес на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) беше одржан во Дрезден во 1928 година, а Дрезден не беше окупиран, ниту во Германија беше воспоставен комунизам! Вистина е дека Дрезден по Втората светска војна се најде во комунистичката Германска демократска република (ГДР), но, тоа не беше поради конгресот на КПЈ, туку поради констелацијата на односите во Европа и во светот по Втората светска војна!

Дилетантската македонска дипломатија мошне тешко се снаоѓаше во турболентните настани што се случуваа по уривањето на комунизмот и по распаѓањето на СФРЈ и не можеше да и парира на мошне искусната грчка дипломатија. На крајно невешт начин го бранеше името на нашата држава. Наместо да го брани интегралното име Република Македонија, таа го бранеше само зборот/именката Македонија. Името Република Македонија содржи одредница со која се дефинира дека нашата држава има утврдени и меѓународно признати граници кон сите соседни држави на поранешната СФРЈ, вклучувајќи ја и Грција, и нема територијални претензии кон која било соседна земја! Колку е важна одредницата Република најдобро може да се објасни со состојбите во односите меѓу Велика Британија и Ирска. Во комуникацијата меѓу двете земји, Ирска не ја користи одредницата Република, бидејќи има аспирации на целиот остров (Ирска), а на Велика Британија и се обраќа без назначување дека во нејзиниот состав се наоѓа и Северна Ирска! Во комуникацијата со Ирска, пак, Велика Британија кон името Ирска редовно ја користи одреднцата Република, со цел да нагласи дека Северна Ирска не е нејзин составен дел, додека во своето име редовно ја вклучува и Северна Ирска, така што тоа гласи Обединето кралство на Велика Британија и Северна Ирска! Значајно би било да се нагласи дека спорот околу имињата на двете држави е нивен билатерален проблем, со кој тие успешно се справуваат со децении, без инсистирање на која било од двете страни за „сеопшта употреба“ (ерга омнес) на спорните имиња! За разлика од Ирска, Македонија не само што нема ништо против одредницата Република, туку истата редовно ја користи во своето име! Апсурдот е во тоа што Грција упорно инсистира на додатна географска или слична одредница! Уште во почетокот укажував дека македонските политичари треба да го бранат името Реублика Македонија, а не само именката/зборот Македонија, но, македонското раководство тоа го разбра дури по 4-5 години! По средбата со претседателот К. Глигоров во 1996 година, почесниот претседател на Комунистичката партија на Грција, Флоракис на средбата со новинарите нагласи дека е многу задоволен од она што му го кажал македонскиот претседател дека РМ е држава со меѓународно признати граници, која нема територијални претензии кон која било соседна земја!

Односите меѓу Република Македонија и Република Грција беа додатно искомплицирани со одлуката на македонското раководство за усвојување на шеснаесетзрачното сонце од Пела (Вергина) за државно знаме на нашата држава. Во тоа време се ширеа шпекулации дека тоа знаме е усвоено со цел трговија со Грција („Знамето“ за „Името“). За време на една посета на Македонија, Џорџ Сорос изјави дека Република Македонија има право за името, но не и за знамето, бидејќи тоа е најдено на територијата на Грција. Македонските политичари ја прифатија оваа забелешка и по кратка постапка ова знаме го заменија со осумзрачно сонце!

Најдобар доказ дека светот немаше разбирање за ирационалните и апсурдни барања на Грција за промена на името на нашата држава е тоа што голем број земји воспоставуваа дипломатски односи со нашата дршава под името Република Македонија. Поради својата ирационална политика кон нашата држава, Грција се најде во дефанзива и не знаеше како да се извлече од ваквата неповолна ситуација!

Во 2006 година на власт во Македонија дојде партијата ВМРО-ДПМНЕ предводена од национал-романтичари, кои, користејќи го национализмот, успеаа да владеат повеќе од еднаа деценија! Со својата национал-романтичарска политика и овозможија на Грција да ја рехабилитира нејзината ирационална и апсурдна политика и и дадоа аргументи да ја обвинува нашата држава за иредентизам, за крадење на грчката историја и слични обвиненија.

На изборите што се одржаа во декември 2016 година, победија партиите кои се безрезервно определени за зачленување на Република Македонија во НАТО и во ЕУ, така што во интерес на Грција би било безрезервно да ги подрши ваквите определби на својот северен сосед, посебно и поради тоа што новата власт во Република Македонија е животно заинтересирана за развој на добрососедски односи и сестрана соработка со Грција! За да се постигне тоа сега и Грција би требало да ги скроти и да ги заузда своите националисти и шовинисти, кои без потреба близу три децении безмилосно ја тормозат кревката и мирољубива Република Македонија и нејзините граѓани!

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Понудени, како почестени, па вие видете што ќе правите

Ја разбирам фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и нивното демократско право да бојкотираат, но оваа политика на бојкот ќе мора наскоро да ја менуваат, оти во неа нема политика, туку само тврдоглав инает и недораснатост.

Лажни вести – лош глас за моќните

Речиси половина од сите жители на ЀУ, (46 отсто во 2016 година), консумираат вести главно преку социјалните мрежи и ги делат понатаму на интернетот без ни најмал напор за проверка на фактите.

Москополе

Отсекогаш сум сакал да научам влашки јазик, но никогаш не сум имал прилика.

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега.

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш.

Позајмувачи

Системот на „позајмување“ всушност и беше комплетно октроиран и елабориран токму од страна на државата и нејзините (највисоки) институции, што пак, нормално, потоа се шири како чума низ целото општество.

Православието не е религија!

Човекот ништо не мора, како што му сугерира карикатуралното православие, туку може слободно да сака или не.

До финалето, трпение – спасение!

Без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност.

Just do it!

На овие граѓани очајно им е потребен еден голем чекор. Доста им се мали чекори со „големо значање“. Тоа веќе не поминува. Малите чекори задржете си ги. Нека биде тоа нов Клинички центар

Поуки од британскиот однос кон сопственото и името на Ирска

Ирска го користи сопственото уставно име во дипломатските односи со странски држави, во рамките на ООН, Европската унија (ЕУ), Советот на Европа...

НАЈЧИТАНИ