• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 109

Време е албанските политички партии од Македонија повторно да организираат заедничка средба и да донесат декларација која треба обавезно да ја наречат платформа. Известувањето мора да биде од Тирана, за да се именува Нова Тиранска платформа.
Новата Тиранска платформа треба да гласи:

„Ние, албанските партии од Македонија, тука во Тирана, едногласно се согласивме дека евро-атлантските интеграции на Македонија треба да се финализираат. Спорот со името мора да се реши. Република Македонија треба да добие географска или временска одредница, која би била прифатлива за двете страни. Ние Албанците, во никој случај нема да дозволиме било какви преговори за интимните и крајно чувствителни идентитетски прашања на нашите сограѓани Македонци. Ние нашата албанска иднина не сакаме да ја градиме врз несреќата на нашите соседи и сограѓани Македонци.

Сигурни сме дека и нашите балкански соседи и европски сограѓани Грци, не сакаат нивната светла иднина да ја темелат врз било чија крајна и екстремна несреќа. Сигурни сме затоа што корените на западно-европската демократија и сите највисоки достигнувања на модерните човечки општества доаѓаат и почнуваат токму од славната грчка Атина.

Сигурни сме дека од модерна и европска Атина ќе слушнеме широкоград, демократски и западно европски компромис, којшто е достоен за модерниот балкански граѓанин од 21 век. Сите заедно имаме потреба од напреден, перспективен и модерен добрососедски соживот. Нашата заедничка среќа нема да ја темелиме врз ничија несреќа“.

Толку (а можеби и пократко), треба да содржи новата Тиранска платформа.

Албанците треба да дадат јасна поддршка за решението на проблемот со името и истовремено јасна поддршка за недопирливоста на чувствителните и интимни идентитетски прашања на нивните сограѓани Македонци. Ваква (или слична) треба да биде содржината на заедничката изјава на сите албански партии во Македонија.

Овие се зборовите кои сака да ги слушне растреперената патриотска душа на нашите сограѓани Македонци, кои имаат потреба од нивните сограѓани Албанци.

Подоцна, секој албански политичар и интелектуалец, групно или одделно, може нашироко и попреку во приватни и јавни коментари да аргументира колку ваквата поддршка била заслужена или незаслужена.

Знам дека многумина ќе ми замерат. Погледни ќе ми речат кон „Пејсажот број 2014“, енциклопедијата на МАНУ, глупавите
провоцирања со новокомпонованите дешифрувања на Каменот од Розета, воведувањето на Хунзологијата како наставна програма во основното образование итн, итн.

Зарем не гледаш, ќе ми речат, дека твојот предлог за поддршка е слон на стаклени нозе?

Би одговорил дека секогаш сум бил и ќе бидам против налудничавата антиквизација и секакви други агресивни и злонамерни државни политики врз албанските идентитетски прашања. Знам како боли кога некој ги шутира албанските идентитетски прашања, и затоа ги препознавам туѓите болки, но целиот овој аргумент припаѓа во „башка муабет“. Не аргументирам дека поддршката е 100% заслужена, аргументирам дека е 100% потребна.

Сега е моментот да ги препознаеме новите реформски сигнали и сите одделно да ги реформираме нашите балкански инаети, во сите балкански народи и нивни држави. Само така реформирани ќе заслужиме да бидеме рамноправни граѓани на Европската Унија без граници, во која се пристигнува преку НАТО сега, и во оваа година. Драги мои сограѓани Македонци, спијте мирно, вие не сте сами. Вашите интимни и чувствителни идентитетски прашања се безбедни.

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Понудени, како почестени, па вие видете што ќе правите

Ја разбирам фрустрацијата на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и нивното демократско право да бојкотираат, но оваа политика на бојкот ќе мора наскоро да ја менуваат, оти во неа нема политика, туку само тврдоглав инает и недораснатост.

Лажни вести – лош глас за моќните

Речиси половина од сите жители на ЀУ, (46 отсто во 2016 година), консумираат вести главно преку социјалните мрежи и ги делат понатаму на интернетот без ни најмал напор за проверка на фактите.

Москополе

Отсекогаш сум сакал да научам влашки јазик, но никогаш не сум имал прилика.

Барок, Рококо и $ Охохооооо

Сега плачеме. Зошто не плачевме последните 11 години? Што сега? Доза заборав? Бевме многу уплашени? Па, ајде да се плашиме и сега.

Пет куршуми во телото на балканскиот мир

Ние сме на крстосница на која, можно е, сите семафори истовремено да покажуваат црвено или зелено светло. Затоа, изборот за тоа како да продолжиме, сепак, ќе биде наш.

Позајмувачи

Системот на „позајмување“ всушност и беше комплетно октроиран и елабориран токму од страна на државата и нејзините (највисоки) институции, што пак, нормално, потоа се шири како чума низ целото општество.

Православието не е религија!

Човекот ништо не мора, како што му сугерира карикатуралното православие, туку може слободно да сака или не.

До финалето, трпение – спасение!

Без паника околу најверојатната почетна неприфатливост на предлозите што деновиве ќе „протечат“ во грчката или во македонската јавност.

Just do it!

На овие граѓани очајно им е потребен еден голем чекор. Доста им се мали чекори со „големо значање“. Тоа веќе не поминува. Малите чекори задржете си ги. Нека биде тоа нов Клинички центар

Поуки од британскиот однос кон сопственото и името на Ирска

Ирска го користи сопственото уставно име во дипломатските односи со странски држави, во рамките на ООН, Европската унија (ЕУ), Советот на Европа...

НАЈЧИТАНИ