• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104

Триесет години Македонците одбиваат да се ситуираат во реалниот политички, геополитички и културен простор. Тоа е основниот извор на нивната драма. Наместо тоа, се обидуваат да ја ситуираат својата претстава за себе во светот кој за тоа нема никакви симпатии. Се пржат во сопствената маст. Ретка. Како чварки. Уживаат во супериорната позиција на жртва од која ја посматраат историјата и плукаат врз неа како врз неправедна курва. Како дека може да има праведни курви.

Македонецот не гради свест за слабостите на себе како етничка, политичка и културна вертикала во новите услови на демократија, пазарно стопанство, капитализам и глобализам, туку свест за поразите кои му се случуваат, имено, како последица на неосвестеноста за себе во новите околности.

Ова е многу важно затоа што тоа говори дека национот е во смртоносна спирала од која нема излегување без катарзична реакција по шлаканиците и боксовите на животот: секој нов пораз тој го разбира како неправда и како темел на следниот и така сè до смртта. Без трунка свест за сопствената одговорност. Како некој политички наркоман навлечен на најпростата дрога на самоодржувањето, преку континуирано самоуништување!

Инструменти за отстрел

Тој пристап ги претставува Македонците како мало стадо диви свињи кое мисли дека може да се скрие во пченката, да речеме, на јазикот или во житото на преамбулата или на името, што комбајните на светската историја, ги собираат за брашно, зејтин, пуканки... Да не зборуваме за ловџиите кои околу чекаат со своите снајпери и загари! И сега, што!?

Дивите свињи ми се лутат кога ќе им кажам дека Законот за јазиците или промената на името, треба да ги разберат не како инструменти за отстрел, туку како инструменти за припитомување, за адаптирање, за аклиматизирање, како алтернатива на тоа дека како опасни за себе и за околината би можеле да бидат успиени, убиени или самоубиени. Затоа што им ја јадат иднината на земјоделците. И на нормалните.

Беса Арифи тоа многу добро го опишува. Мислам тој напредок низ поразите, односно, напредокот како пораз, или поразот како напредок. Зошто е правилно арката кај чичко Стоилко да ја викаме Триумфекална капија на македонските порази. Од уставните амандмани, преку Уставот на независна Македонија, до референдумот за независноста, преку срамните епизоди со Педагошката академија и тетовскиот универзитет, до вооружениот конфликт и Охридскиот договор, од искуството со режимот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и еве сега до новата власт и темата за јазикот и името, Македонците ја бијат својата патетична битка во папирите, во нормативите, во уставите, во договорите, препуштајќи го животот како средина на теренот што некои фудбалски екипи му ја препуштаат на противникот пред да им начукаат пет комада.

Државата како товар

Форензиката на процесите открива дека проблемите произлегуваат од идејата за ослободувањето на Македонците од сопствената држава. Тоа е нивната онтологија. Што се потврдува низ успехот на ВМРО-ДПМНЕ. Државата која што се доживува како товар, како ограничувачки елемент, во испревртениот и парадоксализира свет, како елемент на сопствената реализација и суштина, имено, низ процесот на распаѓањето. Знае ли некој како гласи осмиот Њутнов закон!? Јас ќе ви кажам: Смрдеата на професорското говно односно на професорот како говно, е еднаква на стручната маса, помножена со политичката неписменост и брзината на моралната и културната деградација.

Четирите јавачки на апокалипсата се убава илустрација на овој закон. Тие се влакна што Македонецот го враќаат назад во еволуцијата. Тие се екипата за демонтажа на куќата.

Да ја хистеризираш нацијата по повод воздигнувањето на еден јазик (албанскиот) е најсериозен знак за потонувањето во баруштината на културниот шовинизам како смртоносна замка, не на тие професорки, туку на комплетниот општествен, национален, државен и културен амбиент во кој живееме и му ја даваме основната боја како Македонци. Немам поим од законот. Не сум го читал.

Кур не ме боли за законот. Свахили нека стане јазик на шанкот. Но, да ги плашиш децата во Берово со албанскиот јазик како што Римјаните ги плашеле своите деца со Ханибал, учењето на албанскиот јазик да го претставуваш како хендикеп, водењето на седниците на Собранието на албански јазик или декларациите на денарите или на документите итн. да ги претставуваш како опасност, да ги култивираш тие работи како причина за претсмртен врисок на простата маса, тоа значи дека ти си аут од времето. Да не речам у курац. Дека си неразумен, глуп, аморален, зол и злобен.

Во културолошки аут по дефиниција, а во политички по тоа што ја хистеризираш масата во лажна и опасна надеж дека сè што треба да прави за да ја задржи својата супериорна кобајаги позиција е да биде против. И да страда. Да и биде мака. Колку повеќе толку подобро. Кој сте курац вие, мајку ви ебам, професорска!

Интересот на граѓаните

Пет работи се битни ако сакаме да разбереме зошто Албанецот во Македонија може да биде националист, а Македонецот не смее да биде шовинист.

Македонскиот јазик е важна интегративна компонента, но поважна работа од јазикот е интересот на граѓаните да живеат во држава која нема друга тежина, историска, империјална, цивилизациска, Република Македонија, нема никаква друга гравитациска сила надвор од волјата и интересите на граѓаните и на нивните структури.

Активностите против законот за јазиците не се во прилог на заштитата на македонскиот јазик во сите негови својства, посебно во интегративната, туку се најкатегорична акција против македонскиот јазик во сите негови значења.

Трето, приказната за загрозеноста на Македонија преку ваквата интерпретација на темата за јазиците е вистинска и реална закана, а не албанскиот јазик.

Четврто, нацијата нема капацитет да ги суспендира решенијата што се донесени и да наметне други. Независно од сопствените претстави за праведноста или неправедноста.

Петто, Арифи е во право, нема да поминат ниту десет години пред да почнеме да се срамиме од ставовите што денеска ги застапуваат професорките.

Мислам, на општо ниво, инаку, јас веќе се срамам, глава не можам да кренам.

П.С.
Со Грција сме соседи, и вечно ќе бидеме соседи, вели шефот на македонската дипломатија. Не би рекол, господине Димитров, велам, јас, ако пропаднеме ќе добиеме некој друг сосед, кнежеството Анжу, да речеме, или некоја друга умрена држава!

 

Објавено во „Слободен печат“ 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

Идентитет и клаустрофобија

доколку се постигне договор (меѓународен), тоа не мора да значи дека ќе треба да чекаме тој целоснно да се сповреде за да влеземе во НАТО. Може ли договорот да вклучува, фази на пример, што мислите?

ПИСМА ОД ЛОНДОН Полнички, слабички, мода и бизнис

Оние што ги фрлија алиштата што ги носеа во осумдесеттите години – е па да им е криво, ако сакаат да ја следат тековната мода, ќе мора да купуваат ново и да си велат – е вакво слично имав.

Буркина Фасо

Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

НАЈЧИТАНИ