• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104

Кога бевме мали деца, јас и мојот брат поседувавме два автомобила, поточно ги поседуваше нашиот дедо: „шкода“ и „лада“. Шкодата беше голема, комфорна и тромава, а сигурна како тврдина и несмасна како мечка. Кога ќе тргнеш да претекнуваш друго возило, подобро ти е да бидеш сигурен барем километар нанапред дека нема никој што ти доаѓа во близина. Од денешна перспектива, ми се чини дека мојот дедо беше „блоковски“ неутрален, како одвај да чекаше на појавата „лада“: само како би го отклонил секој сомнеж и криза на идентитетот, па веднаш го пазари, дали на кредит или во кеш, на тоа не се сеќавам. Добро, факт е дека „ладата“ беше побрза, постабилна, ама сепак беше руска, што можеби и немаше можност во тоа време блоковски да се биде неангажиран. Кога подобро ќе размислам, за мене „ладата“ беше важна: тоа беше единствен автомобил што некогаш сум го возел – колку да видат моите другари – дека и јас може да возам, некаде кон крајот на 90-тите, цели седум километри, и тоа беше крајот на мојата и онака непосакувана возачка кариера. Десет години подоцна, можев да полагам за автомобил, ама не го направив тоа, ниту, пак, после тоа добив желба да полагам „возачки испит“.

По наша мера

Како и да било, готово е со „шкодата“ и „ладата“. Последните примероци се произведуваат скромно, ама таа приказна дефинитивно е завршена; приказна која, да се разбереме, не е само индустриска епизода, туку и приказна за едно време во кое беа формирани нашите погледи на светот, време во кое мислевме дека ни припаѓа сè што им припаѓа и на другите, и дека бевме кадарни за се што беа другите, оние кои беа побогати и поголеми. Денес, пак, гледај, повторно се вративме на истата мера, или барем на онаа мера од она што ни припаѓа во новиот поредок на работите.

Многу луѓе, сигурен сум, ќе ламентираат за тие работи овие денови, што сепак е факт дека станува збор за затворање на кругот: зарем нели во Крагуевац се произведуваше сè она кое беше обична испостава на италијанската велеиндустрија? Нели нашиот „фиќо“, нарекуван во она време како автомобил од „национална класа“, беше варијанта на „тополина“? Нели и оној „триескец“, тој љубимец од најраните седумдести, беше оригинално „фиатово“ чедо?

Се разбира, тоа е така, и таа е нашата мера. Или не е? Оти, земјата порасна, се издигна, почна да создава какви-такви вредности, па дури и оние што служеа за заебанција во безбројните американски акциони филмови, оние де, знаете, во кои учествуваа барем половина „југо флорида“ кои некогаш беа произведени. Ама за која земја зборуваш, бре, Јовановиќу? За онаа, бре, луѓе, по која беше наречено тоа „југенце“ (а не беше Флорида); онаа земја што засекогаш ја нема, еве речиси дваесет и осма година по ред. Таа земја, почитувани читатели, можеше повремено да исцеди од себе нешто што глобално би било препознатливо; од друга страна, нејзините микронски наследници тоа не го можат, а ако нешто такво и имаат, се покажува дека тоа е наследство од она време, додека беше „онаа земја“. Ви текнува ли „что ви лафам“?

Безвредни свинштини

Не го зборувам ова поради некаква носталгија, носталгијата, имено, одамна ја преболев, туку затоа што ова погоре е еден од оние ладни, рамнодушни факти на кои светот опстојува.

И ете ви го тој ѓаволест парадокс: таа земја, со дифузен и конфузен идентитет, оптоварена со разноразни внатрешни будалштини, кон надвор емитуваше еден силен, издвоен, препознатлив глас: прво политички, а потоа богами и културен, па дури и ако сакате економско-индустриски. Но, откако сите во неа почнаа на големо да се занимаваат со идентитетот, опсесивно да трагаат за некое „кобајаги“ изгубено богатство – еден куп безвредни свинштини за општонародниот простотилак – сите овие земјичиња, кои најпрво да ве потсетам дека војуваа меѓу себе, а денес се судат околу тоа како задрти „паори“ околу меѓата, нашите земји (односно држави!) ги претворија во стоваришта за вишоци на колонијална стока, и одвај има нешто во нив што не е второлигашка конфекција што постои каде што на Земјината топка.

Затоа овде кај нас најмногу се произведува бескрајно лупетање околу приказните за идентитетот, за самобитноста, за сувереноста, за верата и нацијата, за нашата единственост во вселената: таквото лупетање владее онаму каде ништо друго и нема. А таму, пак, кајшто се обележуваат идентитетите и идентитети кои се гледаат во секојдневниот живот, таму тоа го нема, затоа што тоа никому не му треба, ниту некој би знаел да каже за што тоа некому му служи, а уште пак, гледај, и не работи.

 

Објавено во „Слободен печат“ 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

Идентитет и клаустрофобија

доколку се постигне договор (меѓународен), тоа не мора да значи дека ќе треба да чекаме тој целоснно да се сповреде за да влеземе во НАТО. Може ли договорот да вклучува, фази на пример, што мислите?

ПИСМА ОД ЛОНДОН Полнички, слабички, мода и бизнис

Оние што ги фрлија алиштата што ги носеа во осумдесеттите години – е па да им е криво, ако сакаат да ја следат тековната мода, ќе мора да купуваат ново и да си велат – е вакво слично имав.

Буркина Фасо

Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

НАЈЧИТАНИ