• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104

Драга Румена,

"Сега кажувам" е движење на баналноста.

На релативизирање на злото врз жената.

На тоа против што "Сега кажувам" ја декларира својата борба.

Добра идеја што ја фрливте како компир во врела фритеза.

Усерување на шансите.

Поза и имитација.

Ретро.

Градно.

И гадно.

Во твојата реакција читам извесни благородни, би рекол, елементи. Со некои зборови или ставови и оценки во твојата реакција би можел да спорам, но, мислам дека е поважно да ја поздравам благопокајателната интонација на твоето обраќање, во надеж дека заедничката битка против насилството, посебно против сексуалното насилство врз жените, најпосебно од позиција на моќ, конкретна моќ и општа моќ или моќ која што луѓето си ја присвојуваат од општата констелација на односите, ќе продолжи до ситуации од кои и во кои сите ќе бидеме задоволни.

Просто кажано, кога на стоката ќе им ги свиеме вратовите и ќе им ги отсечеме алатките!

Не се заебавам.

Но дозволи.

Светот е смртно сериозен, а вистините на кои им ја одрекуваме забавноста, се досадуваат и од одмазда почнуваат да не гњават.

Забораваме дека човекот не постои само поради тоа да убеди друг човек- туку постои за да го придобие, освои, заведе, опчини.

Вистината не е само ствар на аргументите- таа е и работа на атракцијата или провокацијата.

Да не ѝ даваме на идејата во нас да расте на сметка на личноста.

Вистината не се остварува во апстрактниот турнир на идеите, туку во судирот на лица.

Речиси дека би можел да кажам дека јас за жените мислам како што Гомбрович мислеше за Евреите. Со сиот ризик на претерувањето, се разбира, би кажал: оние на кои им е дадено правото да бидат виши, немаат право на еднаквост.
Барајки ја таа еднаквост тие се во право - тоа е исправно, тоа е разбирливо- но тоа не е по мерка на нивната ствараност.

Тоа е премногу разбирливо и премногу лесно.

Тоа е мојот филозофски базен.

Во кој пливам и си ги чешам јајцата додека на пластичното перниче со карибски коктели и француски шампањи стигнуваат материјалите за конкурсот на тема: како бев вознемирувана за време на летниот одмор кај баба ми во Берово?!

Со опција за три бода помалку да се раскаже за маките на операционата маса во Клиничкиот центар во Скопјанг, во некоја новинска агенција или во кабинетот на некој професорски идиот од универзитетски тип.

Тие петооделенски прикаски не се знак за охрабрување на жената, туку,обратно, знак дека таа и понатаму е спремна на блеф и на заштита на својата патријархална колиба и подреденост, на тоа дека своите трауми не е спремна да ги сподели и да се бори за соодветна правна, морална, финансиска и секаква друга сатисфакција и дека наместо тоа е спремна како компензација да црпне од општата тегла на баналноста и приказните за малите џокици и ивици и марици, само минус сто.

Штипкање за г'з во трето одделение и поглед преку рамото во осмо.

Излегувањето во јавноста со такви "бедастоќи", фрла погрешна слика за состојбата со насилството врз жените и го сведува проблемот на трлање по скопските автобуси или на школски агресии по основните училишта, на сексуални алузии и заебанции.

А сите знаеме дека состојбата е драматично полоша!

Тоа е антиженска акција, ако можам така да ја упростам мојата реакција.

Тоа што ти си лежела гола на операционата маса е приказ кој навистина беше повод за мојата пародија "секс под анестезија", но, ајде да не се заебаваме, твојот изворен текст и рекацијата, имаат две слабости: имплицираат инкриминации на комплетниот медицински персонал, ги вообличуваат во луѓе кои со ињекции и скалпели чекаат "младо женско месо", демек "пичкетина", ако дозволиш една мала јазична иновативност, што е најултрагрозна евентуалност со која сум се соочил во животот и, второ, ги стаписува жените кои денес или утре треба да одат на операција, ги шокира, демек кај одат и што ги чека.

Јас сум машко, мори, па, сеедно, ме фати шубе.

Подобро да умрам отколку некој да ми го начука под анестезија!

Хахаха!

Ние сме примитивна и насилничка средина, но тоа што ти го сугерираш не би можел ни "Парамоунт" да го снимат во најнасилните филмови.

Второ, вашата парада делува нестварно на фонот на реалните социјални, финансиски, статусни и образовни, културни и институционални проблеми на жените. Нивното сведување на сексуалната димензија, дури и во насилничката вараијанта, значи стеснување на женската позиција, на нивната реализација, на нивниот живот и борба, а идејата да се монополизира борбата против сексуалното насилство е насилство. За тоа пишував во "Слободен печат".

Усвоената керка на Вуди Ален даде интервју во кое го обвини очувот дека ја злоставувал уште кога имала седум години. Таа не ги повика другарките од шесто одделени да пишуваат прикаски за тоа што доживеале за време на извидничкиот камп во Аризона.

Повеќе жени кои соработувале или соработуваат со Ален ги откажале сите аранжмани со него. Кевин Спејси отиде да се лечи, исто како и главниот холивудски предатор Вајнстин.

Тоа е борба против насилството.

Ние имаме типична провинциска умисленост околу идеите кои не се лоши сами по себе, напротив, добри се, но во тоа гребаторство по холивудската карпа на славата, луѓето паѓаат како смачкани домати.Борбата на жената кај нас делува како борба за поза, а не за правда.

Жените, велиш ти, ќе се ебат со кого сакаат, океј, но прашањето е како тие ќе знаат дали тие се кои сакаат да се ебат, сакаат тоа да го прават!?

Како жените ќе занаат дека се жени!?

Дали е ова претерано!?

Илон Маск ќе најде решение за сите нас!

Поздрав!
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

Идентитет и клаустрофобија

доколку се постигне договор (меѓународен), тоа не мора да значи дека ќе треба да чекаме тој целоснно да се сповреде за да влеземе во НАТО. Може ли договорот да вклучува, фази на пример, што мислите?

ПИСМА ОД ЛОНДОН Полнички, слабички, мода и бизнис

Оние што ги фрлија алиштата што ги носеа во осумдесеттите години – е па да им е криво, ако сакаат да ја следат тековната мода, ќе мора да купуваат ново и да си велат – е вакво слично имав.

Буркина Фасо

Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

НАЈЧИТАНИ