• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104

(Полемика со Ристо Никовски, „Македонскиот идентитет е сериозно загрозен“, „Слободен печат“ , 21 јануари 2018)

Го читам повторно, почитувани, Ристо Никовски, се обидува да ми реплицира, па додека го читам, си велам во себе: „Ристо, кога држиш нож и ме бодеш, биди господин, земи и виљушка“! Знаете што, кога го слушам Ристо Никовски како ме „проколнува“, „укорува“, како ги детектира моите комплекси, читајќи го ка-ко ми импутира дека сум платеник на Сорос, УСАИД и на други белосветски „империјалисти“, сакам да го кажам прво следново: „Добро, луѓе, како не им досади“, и второ, ако веќе не им досади, тогаш станува збор за некаков дувачки оркестар, кој раштимано свири од куќа до куќа и чека граѓаните да му фрлат некаков ситниш низ прозор; a потоа меѓусебно се тепаат за пари потребни за пиење и курвање.

Тоа, oдносно таквиот стил на ламентирање и „аргументирање“ мене ми личи дека се работи за некаква група проклетници, кои имаат проблем со интелигенцијата, ориентацијата и видот. Ваквите, односно таквиот табиет во феноменолошка смисла, успеаја по воениот конфликт во Куманово, пљачката, култовите, катастрофите, митовите, лагите, бедата, мистификациите, празноверието, опсесијата од колективните фрустрации – народот (во кој толку многу се крстат!) да го остават без надеж.


Коавтори на апатијата

Ја искористија секоја можност за својата суета, љубомора, болна амбиција за публицитет и аплаузи, да ја нахранат на штета за оние што во нив видоа нешто повеќе од „шверцери на историска половна роба“, како што се легитимираа изминативе години груевистите. Затоа овие изблици на „загрозениот идентитет“ на Македонецот се ништо друго освен обични мушички на еден меланхоличен темперамент за „сите Македонци“: тие се коавтори на сеопштата апатија на нацијата, тие се потписници во маратонската трка на Македонецот кој трча во иднината, и додека сите европски нации трчаат напред, Македонците со Ристо на чело, спокојно, во едноличен ритам, трчаат наназад како само тие да го знаат скриениот пат низ историјата.

Да бидам брутално искрен! Секој нивни сојуз – изминативе десет години – беше неискрен, секое нивно здружување беше лага, секоја нивна акција беше само придонес за одржување една абнормална состојба и секое нивно ветување беше одвратна лага. Повеќе енергија потрошија на братоубиствена војна, отколку на раскринкување на системот чија метастаза потсетува на Австроунгарското царство, минус Гаврило Принцип. Луѓето како Ристо Н. безочно им гле-даа на Македонците в очи, а мислеа единствено само на една пукнатина сместена малку подолу.

Тие не живеат онака како што проповедаат и не мислат онака како што рабо-тат; затоа сè што прифатија да работат во изминатава декада – од одбрана на идентитетот, од коалиции до универзитети, од слободите на медиумите па до сите нивни избори, секоја работа ја уништија заради одбрана на пресветлиот „македонски идентитет“. Дури, замислете, нè убедуваат „на пули очи“ дека ним, денес, не им е до никаква власт, дури не им е ни до рушење на власта на оној чија слика отворено ја плукаат. За нив било важно, а тоа на секој добронамерен граѓанин му е јасно, единствено „,македонскиот идентитет“?

Со неговите тажачки, Ристо Н. докажува дека оваа нација не сака да се промени, докажува дека оваа нација повеќе ниту размислува за подобар живот и се задоволува со две работи на кои не може да се изгради ништо, а камоли иднината: Македонците сакаат да им биде лошо и сакаат да ја задржат смислата за „предвидување“ на реалноста. Само така можат да ја поднесат реалноста и можат да живеат само ако лажната слика за себе и својот живот ја примат како вистина.

Во држава што е тврдоглава исклучиво спрема сопствените неволји, слепа спрема сопственото добро и нечувствителна за тагата на своите граѓани, во нација што и гледањето низ „окце“ од машината за перење на алишта, во програма на претперење, ја смета за голема авантура, македонската интелегенција својата глупава и неискрена политика ја смета за предност.


Оправдание за злосторството


Имено, во секоја нација, па и македонската, глупаците го сочинуваат мно-зинството, па така „Никовци“ се сметаа изминатава декада за некакви гуруа кои ќе го спасуваат „националниот идентитет“, типична флоскула за создавање потенцијални муштерии. Муштерии на кои Ристо Н. ќе им биде духовен татко, кој не се огрешил со духот и телото. A неговите ламентирања како „амбасадор од кариера“ ќе ги наплаќа за масни пари. Така таквите ја разбираат државата, идентитетот, па дури и демократијата во крајна линија.

Да ви откријам една мала тајна: сите „патриоти“ опседнати се со неколку флос-кули низ годиниве (флоскули на кои добро заработуваа од мајчица Македонија): „достоинство“, „чест“, „идентитет“, „интегритет“ и „суверенитет“. Ако само за момент загребеме под површината, ќе видите дека под овие зборови се крие: пљачка, било лична, било колективна; ќе видите дека станува збор за една шуплина во која се скриваат само за да го оправдаат злосторството, било да е лично, било да е колективно.

На самиот крај, како што „Груевски“ го изеде својот дел од Македонците, во тој манир продолжува и Ристо Н., низ мене, овој човек докажува дека нарацијата за одбрана на идентитетот одамна не е вегетаријанска професија, туку канибалска. Сега, сакам да верувам во тоа дека судбината на Македонија мора да зависи и од разумната опозиција: даваaт ДПМНЕ трунка надеж дека навистина сакаат да се реши овој горлив повеќедецениски проблем; се обидуваат луѓето да го направат она што мора да се направи. Чувствуваат луѓето, барем сакам да верувам дека ги разбираат и ги чувствуваат сите зулуми со кои претходното раководство ја понижи Македонија и нејзините граѓани. Што значи дека сакам да им верувам дека се променети на подобро.

А што се однесува до Ристо Н. и неговото весело друштво – тие, предвидувам, вака би резонирале: ако пропадна Римското царство, па што не би пропаднала и една Македонија. 

 

(Објавено во „Слободен печат“)

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

Идентитет и клаустрофобија

доколку се постигне договор (меѓународен), тоа не мора да значи дека ќе треба да чекаме тој целоснно да се сповреде за да влеземе во НАТО. Може ли договорот да вклучува, фази на пример, што мислите?

ПИСМА ОД ЛОНДОН Полнички, слабички, мода и бизнис

Оние што ги фрлија алиштата што ги носеа во осумдесеттите години – е па да им е криво, ако сакаат да ја следат тековната мода, ќе мора да купуваат ново и да си велат – е вакво слично имав.

Буркина Фасо

Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

НАЈЧИТАНИ