• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104

Естетиката на средбата во Давос му даде на грчко-македонскиот спор за името димензија на спектакуларност и светскост. Што нема да остане без одраз на политичките аспекти на решението на најзаебаното балканско прашање од аспект на европската рационалност. Двајцата млади лидери како да беа однесени во швајцарските Алпи со хеликоптер на НАТО, директно од некоја јахта во Црвеното Море. Благо чоколадизираниот тен на нивните лица, широките насмевки и лежерниот тон, чудната комбинација меѓу холивудскиот и кански гламур и неформалноста што зрачеше од раскопчаните кошули, сугерираа сигурност со која младите лидери можат да ја потчинат темата за името. И која било друга тема. Што потоа многу убедливо го демонстрираа во официјалните изјави. Веселите сесии со министрите за надворешни работи ја нагласуваа оваа димензија на настанот.

Таа и таква спектакуларност беше можна затоа што беше важна контракција во рамките на европските и светски решености да се реши проблемот со името од-носно едно абортирано европско чедо да се врати во утробата на мајката Европа.


Глобални одрази

Давос, даваш, давам - така би можеле да ја крстиме оваа финална рунда.

Знам дека ќе бидам обвинет за злоба, но, морам да кажам дека ваков настан не беше можен додека на чело на македонската администрација беше човеколикото, шаткасто чудовиште, со нос од куртовска капија и замрзната цинична насмевка на лицето, авторот на неверојатните компликации на проблемот и со проблемот, до нивото на кое го беше форматирал како свесна и систематска велепредавничка алатка. Од политички и од естетски причини.

На некој начин беше убаво да се видиме себеси како земја и нација, како општес-тво и култура, под рефлекторите на светското внимание и очекувања, со еден благонаклон и добронамерен, дури би рекол благороден став, понуда и поттик.

Така што, капа долу за господинот Ципрас и за господинот Заев. Не се сомневам дека во рамките на сите светски рефлексии за овој настан, соодветни информации ќе стигнат и на адреса на Нобеловиот комитет во Осло. Зашто, од ова важно естрадно ниво може убаво да се види и генезата на проблемот, неговата политичка тежина, импликациите од нерешевањето и благородните последици од решението на спорот. Како за односите меѓу двете блакански држави, така и за важни аспекти на регионалната политика, стабилноста и безбедноста, со не безначајни европски и глобални одрази.

Проблемот со името, како што е познато, ја закочи евроатлантската агенда на Ре-публика Македонија. Се разбира, во меѓувреме, Македонија успеа да произведе и бројни други внатрешни кочници. Шекеринска е во право, името не беше единствениот проблем каков што го прикажуваа од режимот на ВМРО-ДПМНЕ, но беше главен проблем и сам по себе и по тоа што тој проблем ги отвори вратите на невидената внатрешна деструкција од страна на злосторничкото здружение на господинот Груевски.

Тоа прашање ја закочи и европската и пошироко западната политика во овој дел на светот. Заокружувањето на римландскиот појас на НАТО, посебно. По интеграцијата на Црна Гора, Македонија и Србија останаа воздушни дупки во тестото на Северноатлантската алијанса што се шири од северот на Европа и оди долу на југ до Грција и Турција. Тоа беше проблем во сите варијанти, а особено дојде до израз во новите аспекти на руската надворешна политика, преку поагресивно присуство на Балканот, имено, во обиди да се спречи тоа заокружување на натовски-от појас со прекини на синџирот секаде каде што е тоа можно.


Нова димензија


Од главен фаворит на европската надворешна политика во периодот до 2006 го-дина, Македонија се претвори во главен проблем, од пример за решавање на меѓуетничките прашања (Охридски рамковен договор) во пример за опасна политичка импотенција со можни импликации и врз меѓуетничките релации. Разорувањето на општеството, на неговата културна, морална, естетска и финансиска основа, во одредени фази на режимот на Груевски беа оценувани како модалитети на совладување на отпорите на младата држава и нација, меѓу другото и за решавање на спорот за името, но во напреднатите фази овие процеси се заканија со опасноста да се претворат во неконтролиран и комплетен распад и затоа ВМРО-ДПМНЕ ја загуби поддршката на меѓународната заедница, а СДСМ ја доби.

Расправата околу одговорноста за појавата и опстанокот на проблемот со името ќе не однесе многу далеку. Не мислам дека во овој момент е паметно да се зани-маваме со тоа, но сепак треба да се каже дека невината позиција на Македонија од самите почетоци на спорот се деформира во агресивна и провокативна алатка на еден злосторнички режим, во политика која во ниту еден момент не се обиде да разбере макар некои аспекти на грчките стравувања, и на сопствените тешки загуби, додека позицијата на Атина еволуираше од нивото на патетичните, смешни и агресивни стравови, на почетокот на спорот, до идејата за истоштување на Македонија и на ставот дека би можеле да остават едно парче Македонија и во името на северниот сосед. Република Македонија во спорот беше посилна во правна смисла и во врска со тоа има и официјална пресуда на судот во Хаг, едно време беше посилна и во морална, па и во политичка смисла, но полека ги губеше тие позиции и заедно со дефектите на историската и културната идентификација, со глупавите амбиции дека копирајтот на Македонија во сите свои димензии, е тука меѓу Богородица и Табановце, не однесе во аут.

Јас го разбирам оваа финале на процесот на решавање на името како драматично исчекорување во нова културолошка димензија на Македонија и посебно на Македонците. Во отворање на нови аспекти на саморазбирањето. Во статус на себеослободување. Во нова основа на постоењето. Откако ја изедовме асномска Македонија, а вмровската ни се прикажа во сиот свој вампирски сјај, договорот Заев-Ципрас е можност да се пресоздадеме во културна и во вредносна смисла, а не само да решиме еден политички проблем.


Булевар Грција

Тој договор е како пипс за домашните шовинистички муви, тој ги провоцира, тие шмркаат од давоскиот спреј и неконтролирано се удираат во џамот на европските перспективи. ВМРО-ДПМНЕ, односно остатоците од тоа злосторничко здружување, веќе се исправени пред два модалитета на својата смрт како таква екипа: да ги поддржат овие процеси и самите да се модернизираат низ нив и на тој начин да престанат да постојат како зло или да им се спротивстават и да умрат како зло. Последните најави велат дека екипата околу Мицковски, сепак, ќе се реши за првата варијанта. Прекрстувањето на автопатот и на аеродромот, е минимален знак за вразумувањето на оваа мала државичка. Не гледам причини зошто не би се распишал меѓународен тендер за демонтажа и откуп на Александар, на коњот Букефал со лавовите и преторијанците, без да се крене ниту грам прашина. Зош-то не би ја вратиле Ленинова. И Мексичка. Ако имаме булевар Србија, зошто не би имале и булевар Грција. Зошто не би ја поканиле Грчката филхармонија, зошто не би отвориле нови гранични премини, зошто да не би стигнале до европските фондови. Никакви промени на никакви устави или други документи не смеат да бидат причина за блокада на овие историски процеси.

Господине Заев, ја имате сета поддршка на возбудливата екипа од кафето „Корзо“. За екипата од „Мериот“ не сум сигурен, но мислам дека и оттаму ќе стигнат позитивни знаци. Загриженоста на Меркел во врска со национализмот е јасна порака дека грчко-македонското зближување ќе се третира и како основа на новата балканска парадигма. 

(Објавено во „Слободен печат“)

 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

Идентитет и клаустрофобија

доколку се постигне договор (меѓународен), тоа не мора да значи дека ќе треба да чекаме тој целоснно да се сповреде за да влеземе во НАТО. Може ли договорот да вклучува, фази на пример, што мислите?

ПИСМА ОД ЛОНДОН Полнички, слабички, мода и бизнис

Оние што ги фрлија алиштата што ги носеа во осумдесеттите години – е па да им е криво, ако сакаат да ја следат тековната мода, ќе мора да купуваат ново и да си велат – е вакво слично имав.

Буркина Фасо

Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

НАЈЧИТАНИ