• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104

Ги гледам сите дебати на „сите“ аналитичари како зборуваат на темата „за името“, што значи сакам да кажам: ништо не може да го промени тој вечен рутински тон на селски поп, ама затоа лицето му делуваше така поспано кога мудруваше дека „Македонија нема да влезе во Европската унија уште за многу, многу години“. И не му беше особено мрско тоа што го рече, би се рекло дека повеќе беше утеха, отколку предупредување, а секако не беше некаков израз на жалење. Оти тој е патриот, патриот на една техничка земја, земја што гнасно е осиромашена и пропадната. Од таквата перспектива се претпоставува дека тој би знаел што зборува. А знае ли? Па, тоа е големо прашање.

Да речеме дека неговата изјава е разумна и оправдана – од неговата точка на гледање. Оти, наречената патриотска личност, во некое минато официјално својство, она во кое беше официјален застапник на државата Македонија, на Европската Унија сосема сериозно ѝ постави прашање: „Признајте дека не го признавате името на земјата, односно нас не нè признавате, во пакет со непризнавањето на името, Унија што пак нас не нè признава, ама кој нас нè прашува? Ако, пак, вие нè признаете, и ние вас ќе ве признаеме, па може и ќе ви се придружиме“.


Прогресивна парализа

И сè оттогаш па до денес, Македонците тензично очекуваат одговор, одговор кој – во форма во која тие го замислуваат – никако да дојде, и изгледа никогаш нема да дојде додека има век и свет. Сакам да кажам дека сега е вистинскиот момент за решавање едно техничко прашање. Сосема е сеедно кое име ќе биде, само да се откочи процесот и да се обидеме да тргнеме. Потоа се претпоставува ќе биде уште потешко. Ама таков е прогресот, нели? Може ли појасно, Јовановиќу?

Македонија денес е во прогресивна парализа; кога мислам на „Македонија“, мислам на нејзиното општество, заедница, друштво кое е во некаква состојба на распад. Нашите огромни проблеми во политиката и економијата, суштинската немоќ и парализа на културата, условени се со непостоење цивилизирано (и цивилно) општество на чие место е поставена именката „Македонија“ – онаа апстрактна заедница што ја нарекуваат „Македонска“ – и уште поапстрактна држава што постои во меморандуми, резолуции, романи и песни, бидејќи на списокот на европски држави нашата ја нема. Вие, почитувани, може да се лутите, да негирате, да врескате до небо – каква е таа држава што само ја има на документ, меморандум или некаква блесава резолуција?

Македонија функционира единствено во екстремни ситуации: во војни, во пљачка и во природни катастрофи. Нема имено вистинска држава без вистинска нација: родовска заедница која функционира на крвна врска и псевдомитологија, подложна е на нестабилност, релативности и привиди, од проста причина што повеќе припаѓа на светот на животните (читај, природата!), отколку на светот од дух преку кој вистински може да се создаде една држава и нација. Ние не сме собрани како духовни личности, туку како биолошки организми, единки. Во такви заедници се губи моторот на напредокот – принципот на слободна личност – а граѓаните наместо субјекти стануваат објекти, збирни именки, атоми на материја кои не постојат. Да се обидам да опишам две точки.


Кобни грешки


Првата кобна грешка: националната припадност кај нас е поистоветена со припадноста на православното христијанство, така што предизвикува двојна штета: црквата е контаминирана со етнофилетизам; од тогаш наваму универзализмот на заповедите на Исуст Христ потиснати се во корист на релативизмот од „националните интереси“. Следствено, Црквата како место на духовна наобразба станува профана, додека духовното се преместува во областа на профаното, па и ден денес слушаме психотични врескања за светата македонска земја.

Другата кобна грешка се состои во тоа дека Европската Унија ќе се распадне. Добро, вие можеби се чудите на ваквиот неконвенционален увид, ама работите треба да се набљудуваат „длабински“, низ оние интерактивни теоретичари „за името“, „за Европа“ или слично. Космолошки гледано, сигурен сум дека Европа ќе се распадне, дури мислам дека е осудена на пропаст, и дека кога-тогаш ќе се растече во ништожност. Додуша, не е нужно тоа да се случи пред да исчезне и самиот европски континент, како што ќе исчезне и самата планета Земја, по извесен број милиони години ова место ќе се претвори онака како што ни сами нема да го препознаете... И на кое „инвестиционата клима“ ќе биде крајно неповолна на долг рок. На крајот на краиштата, еден ден ќе исчезне и Млечниот Пат, а по сè изгледа дека и нашaта галаксија е конечна и дека еднаш неминовно ќе имплодира, ќе се издува како балон, или како точно се нарекува таа форма на „урушување во ништожност“? Со други зборови: патриотите од нивната супериорна позиција на вечноста, во право се: ЕУ е привремен проект, и како таква не е баш достојна за внимание на една „небеска“ Македонија, земја што е „папокот на светот“.

А сега малку сериозно. Извесен број години, кога некој досаден новинар ќе ги напнеше патриотите околу Европа, тие веднаш почнуваа да замавнуваат со раката како некаква досадна мува: „Нема да одиме ние таму, барем не сега брзо, нема потреба да се занесуваме со тоа“. Видете, тие не велеа нешто оригинално, туку само неталентирано репродуцираат пословично бурен мислечки ток на човек што до вечера им беше „шеф“ во „патриотската влада“ (пардон, „државотворно одговорна влада“; тоа е флоскула што означува самоизвинување за тоа што нè опљачкаа!). Овде, меѓутоа, станува збор за една прилично банална манипулација; друго прашање е што баналноста не значи нужно и неефикасност, напротив. Ајде да видиме за што станува збор, драг Вотсоне!


Наши работи

Сите влади досега, од 90-тите наваму, Македонија доследно ја изместуваа од матичниот континент (набрзо и од матичната планета); изминаа 27 години, Македонија се замота како црвец и се прелеа со срам, а политиката на „малиот, смрдливиот потконтинентален фашизам“ посака, со новите трендови од надоаѓањето на 21 век, да се прешминка, да настапи некаков новоговор. Сите влади кои дојдоа, сите нè опљакаа. Пљачката ја правдаа со „евроскептицизам“. Или има уште едно помодерно: антиглобализам. Што во превод значи: да влеземе вакви какви што сме, и уште да ни аплаудираат!

Да завршам: Што е исходот на ваквите дегенеративни процеси? Стратешки антиевропска политика (шифра: „не сакам да ми го сменат името“) се покажува како разумен скептицизам, и тоа не е начелно (шифра: „не треба да ми го сменат името“) туку практично (шифра: „не може“). Така е најлесно, ама и трансферот на одговорноста на погрешна адреса најмалку се забележува. А која е оваа инфлација од лажното тртлање „за името“?

Може да биде само една, драг Вотсоне! Секаква сериозна трага за приклучување кон Европа да се прикаже ако не како „предавство“, тогаш како инфантилно сонување кое не води сметка за фактите. А што се во ваков случај „фактите“? Тие се произведуваат сами: прво се ќе направам земјата да ја оддалечам од Европа (Европа како „метафора“, нели?), а потоа мудро ќе констатирам: не го даваме името, ако може на Европа да ѝ ги земеме парите, и онака е далеку, и ќе си ги гледаме „нашите“ работи. А кои се тоа „нашите“ работи? Во економија: лева-рака-десен-џеб; во културата: ма кој ја ебе културата; во политиката: растреси, па истури. 

 

(Објавено во „Слободен печат“)
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Заложничка драма

Патот до пеколот е секогаш поплочен со добри намери, како што рече еден плочкар, кој не го сфати вицот.

Како „малиот Мицковски“ ја замислува политиката

Се плашам дека овој или кратко ќе трае или неславно ќе заврши. Можеби и двете.

Пачавра - писание

Оние 200 будали се чини се турнати напред само да ја брануваат јавноста и да ги оттргнат погледите од тајните планови и инфилтрации што се случуваат вон вниманието на критичката заедница. Тие се одамна прочитана книга-пачавра.

Корупција – темно петно на политиката

Како и сè друго и во оваа сфера постои друга страна од моралноста, која, без оглед за каков општествено-политички систем станува збор, и без оглед на исклучоците од правилото, се јавува како константа - Моќта опива!

Идентитет и клаустрофобија

доколку се постигне договор (меѓународен), тоа не мора да значи дека ќе треба да чекаме тој целоснно да се сповреде за да влеземе во НАТО. Може ли договорот да вклучува, фази на пример, што мислите?

ПИСМА ОД ЛОНДОН Полнички, слабички, мода и бизнис

Оние што ги фрлија алиштата што ги носеа во осумдесеттите години – е па да им е криво, ако сакаат да ја следат тековната мода, ќе мора да купуваат ново и да си велат – е вакво слично имав.

Буркина Фасо

Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

НАЈЧИТАНИ