• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0

Мислам декас. сè уште се кикотам откако вчера за прв пат ја видов фотографијата на Артан Груби сликан со празната фотелја на американскиот потпретседател Мајк Пенс. За оние кои не мора да знаат, Груби е на прошетка во САД (претседателот на Комисијата за европски прашања во „работна посета на САД“?), каде некој од „моќното албанско лоби“ (можеби хигиеничарот во попладневната смена во западното крило на Белата куќа?) му овозможил да се слика во празната канцеларија на американскиот потпретседател, потпрен на грбниот потпирач од неговата фотелја, врз сосема празниот потпретседателски работен астал што е толку исполиран, што и мува би се лизнала при слетување!

Целата композиција на фотографијата би можела да носи наслов: „Мртва природа: Груби на вистинско место, во погрешно време“. (Под услов фотографијата да не е направена во некој вашингтонски шопинг мол, бидејќи Американците знаат да се глупираат и со такви туристички изведби за слики-апарат-за-целиот-град.)

Што може да го натера човек – политичар – да се слика во друштво со празна фотелја, а потоа таа фотографија да ја сподели не само со семејството, како спомен за кој ќе следуваат анегдоти кога ќе се врати дома по патот од онаа страна на Атлантикот, туку со целиот свет!?

Во занаетот на правење пропаганда има една техника која се нарекува „споделување на кредибилитет“: ако, на пример, човек со проблематичен професионален углед го седнете на телевизиска емисија меѓу двајца кои имаат неспорен професионален углед, тогаш кај публиката која ја гледа емисијата нешто од угледот на двајцава „се пренесува“, речиси како првут, и врз „рамењата“ на неугледниот, бидејќи резонот е дека кога ти дале да се дружиш со угледни, мора и самиот нешто да си заслужен!

Погаѓате, оваа првут-техника се употребува кај луѓе со проблематични мотиви, кога експертите за пропаганда имаат потреба да ги „огребат“ од туѓи кредибилитети, токму заради целосен или делумен недостаток на сопствен. На пример, ќе застане Груби да преведува до Али Ахмети и „првут“ лета на сите страни!

Но, морам да признам дека е иновативен пристапот „угледот“ на една празна фотелја да се пренесе врз оној кој се потпира врз неа – освен ако со ракавите од палтото тој што се потпира нема задача да го избрише првутот од потпирачот, што ме враќа на тезата дека зад целиот овој пропаганден „проект“ сепак стои хигиеничарот од попладневната смена во Белата куќа.

Не му е прв пат на Груби да се глупира со свои фотографии и селфија, во погрешен контекст. Па и она предизборно врескање, без ехо, со „УЧК, УЧК!“ во полната сала „Борис Трајковски“, спаѓа во истата пропагандна техника на „споделување кредибилитет“. Дури, би можело да се тврди дека и тепачката на скопското Кале, своевремено, може да има слична, опасна, политичко-пропагандна инспирација…

Всушност, Груби ми личи на политичар кој како да е во постојана потрага по кредибилитет! Ете, сега разбирам зошто не престанувам да се кикотам откако за прв пат ја видов фотографијата на Груби со празната фотелја на американскиот потпретседател…

 

 

извор: Цивил медиа

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Идентитет и клаустрофобија

доколку се постигне договор (меѓународен), тоа не мора да значи дека ќе треба да чекаме тој целоснно да се сповреде за да влеземе во НАТО. Може ли договорот да вклучува, фази на пример, што мислите?

ПИСМА ОД ЛОНДОН Полнички, слабички, мода и бизнис

Оние што ги фрлија алиштата што ги носеа во осумдесеттите години – е па да им е криво, ако сакаат да ја следат тековната мода, ќе мора да купуваат ново и да си велат – е вакво слично имав.

Буркина Фасо

Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

Природна Албанија или федерализација на Албанија - предизвици и дилеми

Дали Р. Албанија е подготвенa на вакви решенија дотолку повеќе ако се знаат културолошките и други разлики кои се уште присутни помеѓу Тоските и Гегите.

Гео одредница

Жално, ама интелектуалниот капацитет со Чертификат ни е до ниво на Формата.

Никогаш и не било за идентитетот!

Ако е точно тврдењето на дел од грчките медиуми дека Атињаните би се задоволиле со мешународна спогодба наместо со промени на Уставот, блиску сме до планот Б што го заговарам – минимално решение за членство во НАТО.

Малото шишенце отров „Ивона Талеска“

Пропагандистичкиот отров што се чува во шишенцето со розова етикета „Ивона Талеска“ вчера судски само се премести од подолните, на погорните полици во мрачната визба на крчмата Македонија.

НАЈЧИТАНИ