• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71

Во рамките на темата за (отсуството на) стандарди во македонската култура, делот за финансирањето во културата е некакво општо место, наша константна „болна точка“, хроничен јадеж што никако да помине. А ние и не го решаваме туку само дополнително го расчешуваме, го иритираме до зла бога, речиси до болка, како раката некако автоматски да оди на непријатнотон разранетото место. Како да нема чаре за нашите маки со парите. Или – нема волја?

Не велам дека културна Европа ги нашла баш сите одговори во културата, па и во нејзиното правично финансирање. А што пак би значел зборот „правично“ – тоа е друга приказна. Но, ги нашла соодветните модели, согласно системот (политички, културен) во дотичната држава, донела јасни критериуми и разумни стандарди, па на одговорната (!) и професионалната (!!!) администрација и’ преостанува само да ги применува. Од А до Ш, без лични, партиски или којзнае какви толкувања. Пријатели кажуваат дека од Сенатот за култура на Берлин не можеш две години по ред да добиеш средства за проект. Кај нас, очигледно, можеш да добиеш четири проекти во една година! Од друга страна, еден холандски десничарски министер за култура не така одамна реши дека во неговата културна „политика“ нема да има пари за најголемите холандски национални институции. Па кога му излезе цела културна Холандија на улиците на Амстердам, мораше да си ја повлече одлуката. Сакам да кажам: и Европа познава инциденти, ама ги решава, брзо и ефикасно. Токму на ниво на инцидент. Ние од инцидентот правиме – правило. Но, Европа има и нешто друго: има избор!

Ние – немаме. Кај нив сите џуџиња се на број; кај нас две џуџиња ги глумат неопходните 80, или колку веќе општини има државава. Едното џуџе е Министерството за култура, второто е Собранието на град Скопје. Па и да се убијат, тие две џуџиња никако не можат да ја заменат работата на останатите осумдесетина. Не се ни толку способни, ни толку богати. Иако не се ни сиромашни, скраја да е. Е сега, Тричковски никако не греши кога Министерството за култура го гледа како „дистрибутивен центар“. Тоа де факто е токму тоа, И на тоа џуџе е закачена цела Македонија. Плус Снежана, во ликот на оние „културопомазани“ кои мораат постојано да бидат галени и фалени, ама и доени и хранети со секакви специјалитети. Се смеевме ама и се згрозувавме на оние стекови од бизон и коњ, бифтек од дивеч или елени во сос, ама оние 1.2 милиони евра за филмче не не’ згрозуваат, нели? А во што е разликата? А „културопомазаните“ не се задоволуваат само со специјалитетите од едното џуџе. Тие се закачени на двете. Па така, „џезерон“ на пуфлата, покрај оние 700.000 од помалото џуџе, инкасирал уште 6.5 милиони денари од поголемото џуџе викано „дистрибутивен центар“; онаа т.н. Дирекција за „култура“ исто така мрсно (со неколку милиони денари) се офајдила и од националното џуџе, и сè така со ред!

Шегата на страна, но таква поставеност во финансирањето во културата – само на два извори – нема никаде во Европа. Кај нас одамна нема фондации, ни странски ниту домашни, спонзорствата од големите фирми (онаа нивна смешка наречена „општествена одговорност“ за споделување на дел од профитот) одат главно во спортот и турбо фолкот, општините (секоја чест на малкуте исклучоци!) се фаќаат за пиштол ако им спомнете култура зашто повеќе им се допаѓаат оние ракијади, пастрмајлијади и слични идиотлуци. Оттука, од каде културата да црпи средства ако не од оние две џуџуња? Практично, културата на целата држава е закачена на Министерството за култура и (делумно) на Собранието на град Скопје. И тоа е сериозен товар! Како што впрочем се гледа од двете програми за годишно финансирање – националната и скопската.

Се разбира, во некоја идеална ситуација, Министерството за култура може комотно да рече дека ќе ги финансира само националните институции во културата и неколку проекти на независната културна сцена и поединци кои навистина споделуваат дух на квалитет, иновативност, оригиналност итн. Но, од друга страна, во нашиве услови тоа би била смртна пресуда за редица културни иницијативи од голем број прилично неразвиени македонски општини, би значело редукција на гарантираната грижа на државата за развојот на културата на целата нејзина територија и слично. Тоа ниту една култура, во ваква ситуација како нашава, не може да си го дозволи. И со ова најмалку сакам (дури ни делумно) да ги оправдам посочуваните во јавноста примери на несоодветно (благ израз!) третирани проекти и иницијативи, на лоши и нестручни проценки на редица проекти, на необјаснива нестручност и индолентност, дури на политички необјасниви утки. Тоа се нешта кои што можат и мораат да се корегираат. И тука не мислам на оној формален начин по пат на жалба до некаква си второстепена владина комисија каде седат правници и жалбите ги читаат само и исклучиво низ призмата на прописите, туку мислам на компетентна над-комисија во самото Министерство, каде одделни одлуки ќе се филтрираат низ пореални и пообјективни параметри отколку оние на некои „стручни“ комисии. Иако, се разбира, и тука не би можеле којзнае колку да се поправат некои поголеми пропусти.

Она што сериозно и’ недостасува на македонската култура е широка државна и локална поддршка, задолжително вклучување на сите општини – дури и на најсиромашните – во финансирањето на културни потреби на населението. И тоа оваа власт може лесно да го направи зашто, практично, (речиси) сите актуелни градоначалници се од нејзините редови! И понатаму, истата власт мора да поведе сериозен (едукативен и инспиративен) дијалог со бизнис заедницата во земјава на тема култура и нивниот однос кон истата. А ако тие не знаат дека Лепа Брена и Аца Лукас не се култура, нека им се објасни, нежно но компетентно. Ако не знаат што има во Нерези или Курбиново, и тоа треба да им се објасни, (ова малку построго!). И, конечно, и повторно, културата мора да почне да се „чисти“ самата, одвнатре, од сиот наталожен шљам кој со години живее врз грбот на двете џуџиња, ама и врз нашите грбови. Зашто нивниот мамутски дел од културниот колач автоматски значи помалку пари за сите други. А шљамот, ако е толку способен, нека си најде и други извори на средства за нивните акробации! И впрочем, не разбирам како, и зошто, во правосудството на пример, не се добредојдени оние компромитирани со режимот бараби, ама во културата истиот калибар бараби, само демек покултурни, се’ уште жари и пали на македонската сцена?! Зошто целата банда што се криеше под сукњата на пуфлата или седеше во скутот на шаткестоно фирерче и го шеташе на сетови или со саати го чекаше за да го започне концертот, повторно да е добредојдена? А ние да сме почестени што ни ги земаат парите?

 

извор: Теодосиевски уметност

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

Природна Албанија или федерализација на Албанија - предизвици и дилеми

Дали Р. Албанија е подготвенa на вакви решенија дотолку повеќе ако се знаат културолошките и други разлики кои се уште присутни помеѓу Тоските и Гегите.

Гео одредница

Жално, ама интелектуалниот капацитет со Чертификат ни е до ниво на Формата.

Никогаш и не било за идентитетот!

Ако е точно тврдењето на дел од грчките медиуми дека Атињаните би се задоволиле со мешународна спогодба наместо со промени на Уставот, блиску сме до планот Б што го заговарам – минимално решение за членство во НАТО.

Малото шишенце отров „Ивона Талеска“

Пропагандистичкиот отров што се чува во шишенцето со розова етикета „Ивона Талеска“ вчера судски само се премести од подолните, на погорните полици во мрачната визба на крчмата Македонија.

Спорот со Грците, сега (1)

Дека долгогодишниот, за многу добронамерни луѓе од Европа и светот тешко разбирлив, неразуман спор со Грција околу името е „целосно асиметричен“, како што напиша неодамна универзитетскиот спор Денко Малевски, тоа е видливо.

Време е за план Б во спорот за името

Предлагам нашата страна да покрене иницијатива за минимален напредок во спорот, напредок што ќе обезбеди брз прием на Македонија во НАТО, но не и почеток на преговорите со ЕУ.

За списокот од 200 интелектуалци

Проблемот со списокот на овие 200 интелектуалци е далеку поголем – што меѓу нив не препознав ниту еден етнички Албанец.

НАЈЧИТАНИ