• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71

Господинот Марјан Цветковски е реизбран за генерален директор на МРТВ, со одлука на Програмскиот совет на јавниот радиодифузер. Новиот мандат ќе му трае уште три години, иако на таа функција се наоѓа од 2012 година. Со тоа, мислам дека овој ТОТАЛЕН анонимус ќе стане човекот со најдолг директорски мандат во историјата на македонската, некогашна државна, па потоа јавна радио-телевизија, основана во далечната 1944 година. Наздравје.

Голема е веројатноста дека за него никогаш не сте слушнале, доколку не сте член на раководството на партијата на Никола Груевски или ако, баш, не сте вработен во МРТВ. Да ви наредам десет фотографии за негово распознавање, претпоставувам, а и речиси сум убеден дека ни на слика не би го препознале.

Значи, за човекот кој ќе наврши десетина години раководење со најважниот дел од медиумскиот систем во државата Македонија, од ослободувањето до денес, ниту сте слушнале, ниту, пак, знаете како изгледа.

Не се тревожете – нема зошто да го знаете, со ништо не се прославил. Ако протарашкате малку на интернет, ќе дознаете дека за него се врзуваат главно некакви афери: наводно, дечкото нагло се стекнал со голем недвижен имот во последните десетина години; го третираат како еден од најлојалните послушници и слепи извршители на режимот на Груевски; вршел притисоци врз вработените, во „оние“ времиња, да се излегува на протести против Заев и СДСМ; се озборува како еден од главните оперативци на ТВ Нова на Сеад Кочан (да, да, истовремено со функцијата и платата во МРТВ!); а го има и како прима некаков орден од Иванов… Значи, сè некакви шибицарски безвезарии. Тотален НОУБАДИ!

Е, тој, доби уште три години мандат, по изминатите шест, да раководи со МРТВ, врз основа на поднесена тригодишна програма за работа, што беше услов во распишаниот конкурс за избор. По три години и нови 40 милиони евра од Буџетот на државата подоцна, ќе има право и на реизбор, уште три години. Груевски ќе може вода да му носи, до тогаш дури и Хорхе ќе биде заборавен во некој овоштарник во Валандово!

А сега малку „готвачки специјалитети“ од новинарските кујни: ако се во право моите добро упатени извори, реизборот на г. – како се викаше, бе?… – Цветковски, наводно, е резултат на „договор“ (?!) меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ (?!), со согласност на „меѓународниот фактор“ (?!), за тој да остане на таа функција до усвојувањето на новиот Закон за медиуми, што ќе треба да се случи до крајов на годинава, а потоа, со бирањето на нов Програмски совет на МРТВ, чиј реизбор ќе се пропише во новиот закон, би се одело и на бирање на нов генерален директор, за да може г. – како се викаше, бе?… – Цветковски малку да здивне по напорното раководење со ТВ Нова. Пардон, со МРТВ.

Мене ако ме прашувате, г. – како се викаше, бе?… – Цветковски ќе си остане на челната функција на МРТВ полни три, нови години. Побрзо ќе биде дека оваа Влада на г. Заев ќе падне од власт, пред да се гласа каков било нов закон за медиуми, одошто дека некаков нов Програмски совет на МРТВ ќе бира некаков нов директор на МРТВ.

Единствената среќа во несреќа е што, трагично, под сигурното раководство на старо-новиот генерален директор чие име постојано го заборавам, гледаноста на програмите на МТВ ќе продолжи да биде помала од гледаноста на ТВ Шутел, а за слушаноста на Македонското радио не знам, бидејќи ТВ Шутел не емитува радиска програма.

Што би рекол Грамши, живееме во време во кое старото си замина, а новото сè уште не може да се воспостави – е, во тој временски „празен простор“ нашиве џукели сè уште завиваат. Којзнае што добро ќе излезе од тоа.

 

извор: Цивил медиа

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

Природна Албанија или федерализација на Албанија - предизвици и дилеми

Дали Р. Албанија е подготвенa на вакви решенија дотолку повеќе ако се знаат културолошките и други разлики кои се уште присутни помеѓу Тоските и Гегите.

Гео одредница

Жално, ама интелектуалниот капацитет со Чертификат ни е до ниво на Формата.

Никогаш и не било за идентитетот!

Ако е точно тврдењето на дел од грчките медиуми дека Атињаните би се задоволиле со мешународна спогодба наместо со промени на Уставот, блиску сме до планот Б што го заговарам – минимално решение за членство во НАТО.

Малото шишенце отров „Ивона Талеска“

Пропагандистичкиот отров што се чува во шишенцето со розова етикета „Ивона Талеска“ вчера судски само се премести од подолните, на погорните полици во мрачната визба на крчмата Македонија.

Спорот со Грците, сега (1)

Дека долгогодишниот, за многу добронамерни луѓе од Европа и светот тешко разбирлив, неразуман спор со Грција околу името е „целосно асиметричен“, како што напиша неодамна универзитетскиот спор Денко Малевски, тоа е видливо.

Време е за план Б во спорот за името

Предлагам нашата страна да покрене иницијатива за минимален напредок во спорот, напредок што ќе обезбеди брз прием на Македонија во НАТО, но не и почеток на преговорите со ЕУ.

За списокот од 200 интелектуалци

Проблемот со списокот на овие 200 интелектуалци е далеку поголем – што меѓу нив не препознав ниту еден етнички Албанец.

НАЈЧИТАНИ