• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71

Тешки барања се содржани во новата стратегија на ЕУ за подотворање на вратите за Балканот. Во бројните медиумски анализи ова прашање се третира како контроверзно, имајќи предвид дека и понатаму станува збор за “немирниот ќош на Европа“ кој претставува арена и за растечките руски, кинески и исламистички интереси.

Всушност, по сите укажувања дека суштинските аспекти во новата стратегија на посебен начин не отстапуваат од барањата за интензивирање на реформите во однос на веќе познатите фундаментални определби – правна држава, борба против корупцијата и организираниот криминал, како и јакнење на демократските институции и натамошне прогрес кон функционална пазарна економија, – сепак, како клучна точка останува загриженоста на Брисел околу прашањето на безбедноста на ЕУ-периферијата.

„Или ќе успееме да извеземе стабилност, или ќе увеземе нестабилност“, вели Кристиан Даниелсон, генерален директор при Европската комисија за соседска политика и прашања на проширувањето. Западен Балкан, според негово мислење, е веќе дел на Европа, но во крајна линија станува збор основниот интерес на ЕУ да создаде стабилност во своето соседство. Изразената волја на Европската комисија да внесе нова енергија во преговорите за прием на нови членки од Западен Балкан се толкува, пред сè, како важен чекор за јакнење на улогата на ЕУ и на безбедноста на Европа. Преговорите за членство треба да бидат сфатени како веродостојна алтернатива за балканските земји, која им нуди конкретна содржина за нивната иднина. Само преку јакнење на регионалната соработка и напоредно учество во заедничките европски работи овие земји ќе можат да се ослободат од етничките конфликти и насилство.

Едновремено, изолираноста која ги погодува земјите од Западен Балкан, значајно влијае на перцепцијата на европските интеграции меѓу населението, посебно меѓу младите кои, каков што е слулчајот во Македонија, се меѓу најневработените во светот. Големата младинска невработеност во Македонија придонела младите луѓе да живеат поизолиран живот од речиси сите други европски млади, изложени на еднодецениска националистичкан реторика на претходниот режим која многумина ја и прифатиле и како нормална, при што нивната земја се прикажува како жртва на политиките на големите сили. За оддалеченоста од интегративните текови зборува и податокот дека мошне мал број македонски студенти учествувале во меѓународните европски програми за размена, каква што е, на пример, програмата Еразмус. За разлика од голем број европски земји од кои со оваа прогрaма биле опфатени повеќе илјади студенти, од Македонија учествувале само околу двесте во по,следните две години.

Отворањето кон ЕУ и понатаму се нуди како преспектива, но прертпазливоста сега е голема. Грешките поради брзиот прием на Бугарија и Романија, пред овие земји да се справат со корупцијата која кај нив и понатаму цути, како и приемот на Хрватска без преходно решение за меѓуграничниот спор со Словенија, што сега се заканаува да доведе дури и до можни престрелки меѓу нивните поморски сили, не смеаат да се повторуваат. Само земји кои навистина имаат стабилна демократија, во која може да се има доверба долгорочно, би требало да бидат прифатени како полноправни членки. Дали Европската комисија суштински ќе може да го менаџира процесот во таа насока, останува да се види, односно дали јасно изразената волја на ЕУ, преточена во форма на нова стратегија, ќе ги поддржи напорите на балканските земји да станат “увозници“ на стабилност и ефикасни реформи.

ЕУ нема друг избор, сметаат приврзаниците на процесот на проширување. Тоа е и најважниот чекор кон целосна Европска унија, смета челникот на либерарлите во Европскиот парламент, Ги Верхофштад. Ако Балканот биде оставен вон ЕУ тоа ќе биде закана за стабилноста на цела Европа. Но прашање колку вакви и слични аргументи, кои имаат силна поддршка од страна на Европската комисија, всушност наидуваат на еднаква поддршка и меѓу жителите на ЕУ? Примот на источно-европските земји во ЕУ во претходниот период предизвика големи мигрантски бранови на поефтина работна сила, меѓу другото од Полска, а со што се заострија клритичките гледишта во пошироката британска јавност – што најпосле заврши со Брегзит.

Сликата за ЕУ како центар на цивилизацијата, додека вонграниците на ЕУ владее хаос, ќе продолжи да биде актуелна. Всусшност, нормализацијата и “вкалапувањето“ на балканскиот регион, и со оваа нова стратегија на Европската комисија се смета за можно доколку со ЕУ-интеграцијата се создаде некаков вид заштитничко-надзорен менталитет, така што балканските земји се сметаат за неспособни сами да преземат одговорност за сопствениот општествен развој. Ориентацијата кон поттикнување на изградбата на мулитетнички општества како модел за некои балкански земји, како што тоа и досега можеше да се види, бара напоредно потиснување на нивните национални интереси во полза на ЕУ-интеграцијата. Но во исто време се продоложува и со поттикнување на асоцијации и стереотипи околу негативните ефекти на балаканизацијата, а што секако влијае на политиката на проширување со која земјите од Западен Балкан се поставени во подредена положба и задоцнет пристап кон евроинтеграциите. Токму затоа, наместо претеран оптимизам новата ЕУ-стратегија повеќе ја следат – воздржаност и претпазливост. 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

Буркина Фасо

Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

Природна Албанија или федерализација на Албанија - предизвици и дилеми

Дали Р. Албанија е подготвенa на вакви решенија дотолку повеќе ако се знаат културолошките и други разлики кои се уште присутни помеѓу Тоските и Гегите.

Гео одредница

Жално, ама интелектуалниот капацитет со Чертификат ни е до ниво на Формата.

Никогаш и не било за идентитетот!

Ако е точно тврдењето на дел од грчките медиуми дека Атињаните би се задоволиле со мешународна спогодба наместо со промени на Уставот, блиску сме до планот Б што го заговарам – минимално решение за членство во НАТО.

Малото шишенце отров „Ивона Талеска“

Пропагандистичкиот отров што се чува во шишенцето со розова етикета „Ивона Талеска“ вчера судски само се премести од подолните, на погорните полици во мрачната визба на крчмата Македонија.

Спорот со Грците, сега (1)

Дека долгогодишниот, за многу добронамерни луѓе од Европа и светот тешко разбирлив, неразуман спор со Грција околу името е „целосно асиметричен“, како што напиша неодамна универзитетскиот спор Денко Малевски, тоа е видливо.

Време е за план Б во спорот за името

Предлагам нашата страна да покрене иницијатива за минимален напредок во спорот, напредок што ќе обезбеди брз прием на Македонија во НАТО, но не и почеток на преговорите со ЕУ.

НАЈЧИТАНИ