• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 71

Вие може да се заебавате колку што сакате, но мене сериозно ме замисли барањето на поранешниот премиер Никола Груевски, Судот да му додели канцеларија и плата, кога веќе толку често доаѓа на рочишта.

Не затоа што е убаво – а убаво е, признавам! – да се слушне како поранешниот премиер се жали дека судството било претворено во „политичка гилотина“ и дека Судот има нееднаков третман кон обвинителството, кон одбраната и кон обвинетите. Баш така! Тоа е наследството што токму тој ни го остави и сега редно е да го почувствува и врз сопствениот грб.

Она со канцеларијата и платата, сепак, ме плаши. Зашто, овие од новава влада (патем речено, до кога ќе си ја викаме нова?), се многу чувствителни на вакви барања и ептен галантни. Па сега, ако може стариот директор на МРТВ да стане нов, се плашам дека кадровиците во Владата би можеле да удоволат на желбата на Груевски.

Во крајна линија, ако зборуваме реално и цивилизирано, зарем не заслужува поранешниот премиер една екстра канцеларија и една екстра плата?

А бидејќи станува збор за државна администрација, каде што владеат транспарентност, отчетност и стандарди, тоа и не би можело да биде каква било плата. Не може копирант, курир или паркирач на автомобили, на пример, сите со завршено средно образование и без работно искуство, да имаат плати по околу 500 евра, а на поранешниот премиер, магистер, со огромно работно искуство во упропастувањето на државата, да му се даде некаква цркавица.

Освен тоа, ако човекот добие канцеларија и плата, по закон му следуваат надомест за патни трошоци и дневници и кога на крајот ќе реши да напише мемоари за своите искуства на великомаченик преподобен, нормално, треба да добие и една пристојна субвенција од Министерството за култура. Не мора да биде на негово име, ќе се најде некоја независна продукција, која после ќе ја екранизира неговата животна драма. На пример.

Велам, се плашам дека во еден сегмент од општеството и за еден дел од луѓето, веќе сме станале толку нормална и цивилизирана држава, што животот буквално грга како од Вевчански извор, така што барањето на Груевски, кажано на шега или не, може комотно и да помине. Како легално и легитимно.
 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

БОМБА НА МИЛЧИН Им го кажа она што го мислиме многумина!

Сум чул дека некои од младите маоисти во Владата, за постовите и настапите на Милчин коментирале - а бе што сака сега стариов?! Каков безобразлук! СДСМ, внимавајте, Владе Милчин зборува во името на многу што ги споделуваме неговите чувства!

Со оваа земјоделска политика, го испушивме!

СДСМ, очигледно, нема ни волја ни храброст за вистинска земјоделска земјишна реформа којашто, на среден и долг рок, ќе го оправат македонскиот, наводно, стратегиски сектор на земјоделието. Вака, најверојатно го испушивме!

Бојата е иста, во прашање се нијанси!

Многумина забележуваат и се вчудоневидени зошто денес во Македонија нема суштински изразени идеолошки разлики! Од реченото, логично произлегува дека и едните и другите припаѓаат на истото поимање на политиката. Боја иста, прашање се нијанси

Природна Албанија или федерализација на Албанија - предизвици и дилеми

Дали Р. Албанија е подготвенa на вакви решенија дотолку повеќе ако се знаат културолошките и други разлики кои се уште присутни помеѓу Тоските и Гегите.

Гео одредница

Жално, ама интелектуалниот капацитет со Чертификат ни е до ниво на Формата.

Никогаш и не било за идентитетот!

Ако е точно тврдењето на дел од грчките медиуми дека Атињаните би се задоволиле со мешународна спогодба наместо со промени на Уставот, блиску сме до планот Б што го заговарам – минимално решение за членство во НАТО.

Малото шишенце отров „Ивона Талеска“

Пропагандистичкиот отров што се чува во шишенцето со розова етикета „Ивона Талеска“ вчера судски само се премести од подолните, на погорните полици во мрачната визба на крчмата Македонија.

Спорот со Грците, сега (1)

Дека долгогодишниот, за многу добронамерни луѓе од Европа и светот тешко разбирлив, неразуман спор со Грција околу името е „целосно асиметричен“, како што напиша неодамна универзитетскиот спор Денко Малевски, тоа е видливо.

Време е за план Б во спорот за името

Предлагам нашата страна да покрене иницијатива за минимален напредок во спорот, напредок што ќе обезбеди брз прием на Македонија во НАТО, но не и почеток на преговорите со ЕУ.

За списокот од 200 интелектуалци

Проблемот со списокот на овие 200 интелектуалци е далеку поголем – што меѓу нив не препознав ниту еден етнички Албанец.

НАЈЧИТАНИ