• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА СОДРЖИНИ ОД ПЛУСИНФО

Бесплатно преземање на содржини од Плусинфо надвор од овие услови е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Плусинфо, односно со одговорниот уредник.

Дозволено е бесплатно преземање на вести, извештаи и други написи од Плусинфо, само под следните услови:

- дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот

- на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Плусинфо

- ако текстот е потпишан од конкретен автор од Плусинфо, во преземениот текст задолжително треба да се наведе името на авторот

- насловот на текстот задолжително треба да почне со зборот „Плусинфо“ и со интерпункцискиот знак две точки (на пример, „Плусинфо: Ме лустрираа без никаква вина“)

- дозволено е да се преземат најмногу пет содржини дневно.

Забрането е бесплатно да се преземаат колумни објавени на Плусинфо, освен во непосреден договор со одговорниот уредник на Плусинфо. Без таков договор, дозволено е бесплатно да се објави само извадок од колумна, при што:

- извадокот од колумната може да биде долг најмногу 10 реда од оригиналната објава во Плусинфо

- насловот на извадокот задолжително треба да почне со фразата која го содржи името на авторот на колумната и зборовите „за Плусинфо“, по што следи интерпункцискиот знак две точки (на пример, „Биљали за Плусинфо: Талибанци, индијанци и мерценари“)

- на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целата колумна прочитајте ја тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Плусинфо

Преземање на видеа и фотографии е дозволено само во договор со одговорниот уредник на Плусинфо.

Тој што ќе објави содржина ( вест, извештај или друг напис) надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на Плусинфо да му исплати надомест од 2.000 денари за една содржина.

Тој што ќе објави колумна надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на Плусинфо да му исплати надомест од 6.000 денари за една колумна. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот на колумната.

Тој што ќе објави видео или фотографија надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на Плусинфо да му исплати надомест од 6.000 денари за едно видео или една фотографија. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот.

За прекршувања на овие услови, издавачот на Плусинфо го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.

НАЈЧИТАНИ