• 26 септември 2017
  • Вести денес: 2
МИА10:08 11 септември 2017 ● Прочитано 902

Ирма е најсилниот ураган во историјата откако се започнати мерења над Атлантскиот Океан, но не и прв кој ја погоди Флорида.

Во август 1992 година Флорида била погодена од ураганот Ендрју, од кој загинаа 65 лица, оштетени се над 120.000 куќи, а целосно се уништени околу 20.000 домови.

Ураганите се метеоролошка појава која се состои од брзи ветрови пропратени со дожд. Тие можат да траат и до неколку недели.

Ураганите се најголемите бури, а воздушниот вител урива се пред себе. Темните облаци и ветрот го најавуваат ураганот, кој во разорната патека може да помине повеќе илјади километри.

Во суштина тие се бури кои брзо ротираат, а се карактеризираат со низок притисок во центарот, силен вител, чија оска е во средиштето на ураганот и спирален пренос на облаци со грмотевици, кои носат големо количество дожд.

Вителот се формира над големите пространства на релативно топла вода. Ураганот енергијата ја добива од испарување на водата од површината на океаните, по што настануваат облаци и дожд, кога ќе се олади влажниот воздух.

Во зависност од силата и локацијата, ураганите различно се нарекуваат, па така над Атлантски Океан и североисточниот дел на Тихи Океан се урагани, тајфун – северозападен Тихи Океан, тропска бура и циклон – јужен Тихи Океан и Индиски Океан.

Според силата ураганите различно се класифицираат, но најчесто се користи Сафир-Симпсоновата скала (ССХС) според непрекинатата брзина на движењето на ветерот. За некој ветер да биде ураган неговата брзина минимум треба да изнесува 119 километри на час. Најголемата петта категорија на ураган е таа чиј ветер се движи со брзина поголема од 252 километри на час.

Ураганите најчесто се формираат кон крајот на летото на двете земјини хемисфери, а сезоната на ураганите на северната хемисфера обично е во првата половина на септември.

Ураганот почнува да се создава над Атлантски Океан, илјадници киломертри далеку од западниот брег на Африка. Го создаваат мали нарушувања во млазната струја на воздухот, кои патуваат од исток кон запад над Африка. Нарушувањата, што научниците ги нарекуваат источни бранови, можат да бидат предизвикани дури и од чекор на дете во песокот на пустината. Од тоа може да се создаде мал вител од песок кој потоа може да предизвика развој на облаци на бура во атмосферата. Низата облаци на бура евентуално можат да се развијат во мал организиран систем на облаци со грмотевици. Таквите системи патуваат кон запад и кога ќе дојдат во допир со топлите води на Атлантски Океан можат да се претворат во големи тропски бури, а потоа дури и во урагани.

Ураганите се „хранат“ со влажен воздух над загреаните води на океаните во екваторијалното подрачје. Топлиот воздух се крева над површината од океанот. На тој начин над морето се создава недостиг на воздух, што значи се намалува притисокот. Тоа предизвикува зајакнување на струењето од околните подрачја со повисок притисок во кој се формира ураганот. Новодојдениот воздух исто така се загрева и се крева. Топлиот влажен воздух се крева во височина и се лади, влагата во него се кондензира и се создаваат дождовни облаци.

Праксата за именување на ураганите со женски имиња ја започнуваат американските војници кои се бореле за време на Втората светска војна над Тихи Океан, каде настануваат најголемиот број урагани. Но, Метеоролошката служба на САД во 1979 година одлучи на листата на имиња на ураганите да стават и машки имиња, за да се испочитува рамноправност меѓу половите.

Постојат вкупно шест листи за ураганите над Атлантски Океан и тие ротираат секоја година. Од листата се исфрлуваат имињата на ураганите што предизвикале голема штета. Таквата пракса е со цел да не се предизвика паника кај населението. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Медиумите за изборите во Германија: Историски рез во Бундестагот

„Швабише цајтунг“ оценува дека губитникот на овие избори е Ангела Меркел, а „Берлинер цајтинг“ дека вчерашното гласање ќе ја промени Германија.

Воените злосторници се повторно на политичката сцена

Само замислете: убиваш 100 луѓе, одлежиш, се кандидираш на избори, поминуваш и примаш 2.500 евра месечно; тоа може само во Босна и Херцеговина.

Како го изгубив минатото

Моето лично искуство за животот во Југославија беше поинакво од тоа што се опишува во книгите кои се појавија по крајот на Студената војна.

Германија в недела бира нов состав на Бундестагот

Единствена непознаница е кои партии ќе влезат во кабинетот „Меркел 4“, односно во владата што ќе ја формира Ангела Меркел во нејзиниот четврти мандат.

Каталонскиот референдум како „домино ефект“ за промена на границите во Европа

- За првпат од падот на Берлинскиот ѕид зборуваме за промена на границите. Може да има домино ефект - рече Борел.

НАЈЧИТАНИ