• 23 ноември 2017
  • Вести денес: 119
Плусинфо14:53 11 септември 2017 ● Прочитано 4349

Дипломата може да ни донесе подобро работно место и поголема плата, но според најново истражување на универзитетот Оксфорд и Лондонскиот колеџ, високото образование има силно влијание и врз нашето здравје, бидејќи го намалува ризикот од инфаркт и срцеви заболувања.

Во студијата, со која билe опфатени 500.000 луѓе, научниците наведуваат дека 3,6 години дополнително образование го намалува ризикот од инфаркт за околу 30 отсто. Оние пообразованите исто така, имале и понизок индекс на телесна маса, пониско ниво на масти во крвта, а меѓу нив имало и повеќе непушачи.

Еден од експертите, д-р Џулиен Ваучер вели дека резултатите покажуваат оти тоа делумно може да се објасни преку тоа што многу од испитаниците биле непушачи, но ако се земат предвид и другите испитаници, мистеријата останува.

- Политичарите треба да пронајдат начин како да го стимулираат продолжувањето на образованието кај луѓето, можеби со помош на подигање на свеста за ползата од сето тоа - објаснува научникот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Сестри, инкубатори, лекари, возила - што сè надостасува за здрави и живи бебиња

Би требало да се истражат сите смртни случаи на бебиња, не за да се казни медицинскиот персонал за грешките, туку за да се откријат причините.

Милион евра донирани за Гинекологија Чаир и за Детска клиника од Проект ХОПЕ Германија

Намалување на перинатална смртност и морбидитет во Република Македонија е цел на проектот ПериМак.

Пет здрави намирници кои не би смееле често да се јадат

Некогаш е тешко да се храните здраво, менито е ограничено на малку дозволени намирници, но што ако ви кажат дека дури и со нив не треба да претерувате

Нов систем за собирање отпадно масло за јадење од домаќинствата, вклучете се!

Еден литар отпадно масло за јадење може да загади до еден милион литри вода.

Дали да спиете со или без чорапи?

Крвните зрнца, кога е топло, се рашируваат, а тоа предизвикува пад на телесната температура и крвниот притисок.

НАЈЧИТАНИ