• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА10:34 12 септември 2017 ● Прочитано 1175

Хрватска се соочува со своевидна верижна реакција на влошување на дипломатските односи со сите соседни држави, оценува сплитскиот весник „Слободна далмација“.

- Ако во поранешна СФРЈ за слични состојби беше популарна изреката дека земјата се наоѓа во опкружување исполнето со „грижи“, денес може да се заклучи дека ниту Хрватска не заостанува премногу со „грижите“ и покрај значително помалата територија, наведува весникот.

„Слободна далмација“ потсетува дека набрзо по затегнувањето на односите со Словенија поради хрватското неприфаќање на одлуката на Арбитражниот суд за граничниот спор, Загреб западна во циклус на размена на дипломатски ноти со Србија поради поставувањето на плоча со усташкиот поздрав во некогашниот логор Јасеновац и палењето на примероци на гласникот на српското малцинство во Хрватска, „Новости“.

Односите со Босна и Хервеговина се влошија поради препукувањата во врска со изградбата на мостот кај Пелешац, но и поради тврдењата од Загреб дека постои опасност за ширење на исламскиот радикализам од БиХ кон Европа, наведува „Слободна Далмација“, додавајќи и дека Црна Гора испрати протестна нота до Хрватска поради поставувањето на споменикот на „хрватскиот емигрант со терористичко минато“ Миро Барешиќ, кој во Шведска е правосилно осуден за убиството на амбасадорот на СФРЈ, црногорска икона од антифашистичката борба Владимир Роловиќ.

Според весникот, кон спиралата на негативизмот во опкружувањето неодамна се приклучи и Унгарија, поддржувајќи ја Словенија во блокирањето на приемот на Хрватска во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

- Засега само со Италија сме во релативно непоматена атмосфера, заклучува „Слободна далмација“.

Според поранешниот хрватски дипломат Ивица Маштруко, причината за ваквите односи на Хрватска со соседите „примарно лежи во обременетиот и комплесен историјат на севкупното дејствување, односно недејствување“ од страна на Загреб.

- Причините за усложнување на односите со државите во опкружувањето не се меѓусебно поврзани, но понекогаш имаат заеднички допирни точки и интересни рамки кои се поклопуваат на некој начин или од нив се извлекуваат долгорочни заклучоци, додава Маштруко.

Според него, независно од комплексноста на дипломатските односи на Хрватска со соседите, во Брисел и во останатите европски центри на Загреб се повеќе се гледа како на „предизвикувач на проблеми“, отколку како на конструктивна европска компонента.

Поранешната хрватска министерка за надворешни работи Весна Пусиќ пак смета дека ваквата позиција на Хрватска се должи на тоа што земјата е во дипломатска дефанзива на сите страни. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Снимка од кражба за која зборува целиот Балкан: Вистина или местенка (ВИДЕО)

Во Галеријата на Културно-информативниот центар во Загреб минатиот петок се случила кражба, а сега се објавени и снимки од настанот.

Кога дознав дека сум кандидат за трансплантација, солзи ми потекоа

Марјан Миланов е човек на кој му бил трансплантиран бубрег од кадаверик. Не знае кој бил донорот, но оваа операција му го сменила животот

Интелектуалец во политиката

Визиите и идеите се убава работа, но треба да бидат осведочени со конкретни дела и начин на однесување.

Во пресрет на изборите во Унгарија: Орбан се расфрла со националистички пароли

Последниве недели во своите говори тој сè пожестоко ги повторува тезите кои многумина ги оценуваат како изразито националистички и расистички.

Њујорк тајмс во Косово: Десет мрачни години од прогласувањето на независност

- Ќе се разбудиш едно утро, ќе се погледнеш во огледало и ќе сфатиш дека плимата на историјата те прегазила - Ричард Холбрук му рече на Ивановиќ.

НАЈЧИТАНИ