• 23 ноември 2017
  • Вести денес: 119
Плусинфо13:23 12 септември 2017 ● Прочитано 553

Петнаесетта година по ред Амбасадата на Соединетите Американски Држави го одбележува Националниот ден на служба и сеќавање. И годинава амбасадата на САД и Црвениот крст на Град Скопје, преку добротворни акции организира настан како почит кон жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справување со последиците од терористичкиот напад во Њујорк на 11.9.2001 година.

На настанот за хуманоста говореа амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли и секретарот на Црвениот крст.

Целта на настанот е да се зближат луѓето од сите заедници без разлика на политички и религиозни убедувања. Присуствуваа и личности од политичкиот и јавен живот на Република Македонија, амбасадори и сите оние кои имаа една заедничка цел да се помогне, да се дополнат резервите на Црвен крст и да се обезбеди храна за загрозените семејства. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Од денеска до сабота затворена улицата Втора македонска бригада

Aвтобуските линии со броевите 19 и 35 ќе бидат пренасочени по улицата Босна и Херцеговина, во двата правцa.

Стотици невработени почнаа да го чистат Скопје ГАЛЕРИЈА

„Генералката“ денеска почна од населбата Бутел и ќе трае дваесеттина дена.

Центар нема да троши пари за Нова година ама ќе има прослава на сквер „Јадран“

Околу шест милиони денари, колку што требаше да се одвојат за новогодишната прослава, ќе се пренаменат за чистота и социјална помош.

Богдановиќ: До последен милиметар ќе се испитува што и како е градено во „Скопје 2014“

Градоначалникот најави средба во Град Скопје за спорната тераса во седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

До 50 отсто ќе поскапи паркингот во Центар

Разговарано e со БЕГ за можноста да се приклучат на централно греење и куќите од населбите во Центар со цел да се намали загадувањето на воздухот.

НАЈЧИТАНИ