• 26 септември 2017
  • Вести денес: 2
Плусинфо14:07 12 септември 2017 ● Прочитано 406

Издавачката куќа „Бегемот“ го издаде едно од најважните репортерско-новинарски дела на култниот полски репортер Ришард Капушќињски - „Уште еден ден живот“. Делото ја опишува катастрофалната граѓанска војна во Ангола, која траела речиси триесет години, за која од местото на настанот како сведок известува Ришард Капушќињски.

Делото е во превод на Лидија Танушевска.

Каков живот, при крајот на XX век треба да го сметаме за „обичен“? Што е „нормално“ во нашата ненормална епоха? За многумина од нас дефиницијата на обичност сѐ уште се врзува со поими како што се мир и стабилност. Во продолжение би сакале, можеби, да си го замислуваме секојдневниот живот како подложен на постојан ритам, потпрен на востановени, повторливи општествени шаблони. Творештвото на Ришард Капушќињски произлегува од свеста дека таквите конвенционални описи на реалноста денес имаат толку ограничена примена, што во извесна смисла станале фикција.

Уште еден ден живот е книга за бурното раѓање на независната Ангола. Тоа е и фантастична демонстрација на уметноста на пишувањето, полна со трогателни, надреалистични слики, кои веќе станаа препознатлив знак за Капушќињски. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Четириест и една година од смртта на Никола Бадев

Бадев има снимено повеќе од 400 песни и грамофонски плочи.

Театар Комедија со нова премиера и пристапен за лица со хендикеп

Романтичната комедија „Дони Дарк“ од Леонард Герш во режија на Роберт Ристов е прва премиера на Театар Комедија во новата театарска сезона.

Третиот ден на „Браќа Манаки“ посветен на децата

Интернационалниот фестивал на филмската камера денеска ќе биде отворен со програмата за деца и проекцијата на данскиот филм„Мини и комарците“.

„Златна петорка“ премиерно во Њу Џерси, а во Мумбај прогласен за најдобар странски филм

Филмот беше поздравен со долготраен аплауз, а режисерот одговараше на прашања на публиката.

ИФФК претстави дел од тимот на филмот „Насоки“

Филмот е бугарско-македонска-германска продукција.

НАЈЧИТАНИ