• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо14:25 12 септември 2017 ● Прочитано 1212

Островот Барбуда претрпе огромна штета од ураганот Ирма – 90 отсто од градбите и возилата се уништени, 1.600 жители останаа без дом, а едно лице загина. Роберт де Ниро сака да го врати островот во првобитна состојба.

Актерот, кој поседува ресорт на Барбуда, сака со свои пари да го реконструира островот, кој се наоѓа околу 400 километри источно од Порторико.

– Тажни сме заради информацијата дека островот е уништен. Се радувам што ќе соработувам со тим од ресортот и луѓето од владата за успешно да го изградиме она што природата го зема од нас – објавил Де Ниро во соопштение за јавноста.

Роберт и милионерот Џејмс Паркер лани го купиле ресортот, но се уште не почнале да градат заради проблеми со жителите на островот кои имаат документи за сопственост за одредени делови од земјиштето. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Бора Чорба мора итно да се оперира

Бора снимил видео кој го поставил на социјалните мрежи, а во кое им се извинил на обожавателите во Крагуевац.

Оскаровката Џенифер Лоренс завршила само основно училиште

таа е добитничка е на наградите Оскар и Златен глобус, но училиштето и понатаму и е на крајот на паметот…

„Црниот пантер“ ги сруши сите рекорди во првата недела од прикажувањето

„Црниот пантер“ може да стане најисплатлива филмска адаптација на еден стрип.

Почина британската актерка Ема Чемберс

Британската актерка Ема Чамберс, позната по нејзината улога во филмот „Нотинг Хил“ почина на 53-годишна возраст од природна смрт.

Елвис Присли и оставил на ќерката 100 милиони долари, и останале само 14.000 долари

Лиза Мери сега тврди дека и останале само 14.000 долари и го обвини поранешниот менаџер Бери Сигел дека го уништил нејзиното големо богатство.

НАЈЧИТАНИ