• 26 септември 2017
  • Вести денес: 2
Плусинфо14:32 12 септември 2017 ● Прочитано 683

За жал, во 2017 година, во Карпош сѐ уште има руинирани градинки и има недостаток од сместување за најмладите карпошани, изјави денеска пратеникот Стефан Богоев, претседател на СДММ и кандидат за градоначланик на Карпош.
 
- Затоа се обврзуваме пред граѓаните на општина Карпош, и јас и новата локална власт по преземањето на локалната власт на 15 октомври, целосно и темелно да ги реконструираме градинките „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, градинката во Влае 1 и да изградиме две нови градинки. Една во Влае 2 на местото до училиштето „Димо Хаџи-Димов“, и една која со години е дел од лажните ветувања на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е градинката во Бардовци до училиштето „Аврам Писевски“ - рече Богоев.
 
Тој вети дека Карпош повторно ќе биде модерна, урбана и општина во која сите ќе сакаат да живеат.

- Ставаме точка на криминалното владеење и ставаме точка на киднапирањето на општината од страна на Стевче Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ - порача Богоев.


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Марин: Ќе овозможиме субвенции за еколошки огрев за аеродромци

Златко Марин, кандидат за градоначалник од СДСМ во Аеродром, најави конкретен план како да го подобри квалитетот на живот во скопската општина.

Богдановиќ: Ќе ги завршиме сите позитивнни проекти почнати од Жерновски

Ќе го решиме и еден од најголемите проблеми со кој општината се соочува, а тоа се паркиралиштата, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар.

Трајановски на скопјани им вети паркови и здравје

Предвидено е да се засадат околу 500.000 метри квадратни нови зелени површини во градот Скопје за следните четири години.

Ограбени две обложувалници во Скопје

Едното разбојништво се случило во Ченто, додека другото во обложувалница во Тафталиџе.

Темелковски вети планско градење и гасификација во Кисела Вода

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода вети помош за старите и немоќните, како и поддршка за лицата со хендикеп, како и за нивните семејства.

НАЈЧИТАНИ