• 26 септември 2017
  • Вести денес: 2
Плусинфо10:25 13 септември 2017 ● Прочитано 1463

Се почесто се слушаат гласините дека бракот на родителите на војвотката од Кембриџ, Керол и Мајкл Мидлтон е на чекор од развод, пишува порталот „Клосервикли“.

Врската на брачната двојка Мидлтон којашто се венчала во 1980-тата година е затегната уште од венчавката на нивната повозрасна ќерка Кејт во 2011 година и се чини дека сега е сосема подготвена да „пукне”.

A, доколку дојде до развод, тие двајца ќе мора да поделат богатство вредно 42 милиони евра, коешто го опфаќа и нивниот имот во Англија вреден 5,1 милион евра, купен пред неколку години по продажбата на нивната куќа во јужна Англија.

Тие поседуваат и компанија за декорирање „Party Pieces” којашто во 1987 година ја купила Керол, а во којашто денес работат и двајцата. Мајкл пред да се вработи во оваа фирма бил вработен во компанијата „Бритиш ервејс“ како диспечер.

Ќерките на Мајкл и Керол, Кејт и Пипа Мидлтон, како и синот Џејмс, се многу блиски со родителите, па разводот, ако дојде до него, со сигурност ќе влијае на нив.

Војвотката од Кембриџ и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, кои ги имаат синот Џорџ и ќерката Шарлот Елизабет Дијана, неодамна ја објавија веста дека чекаат трето дете, а како што се зборува, Кејт ја разгледува и опцијата да се породи дома. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Штип се подготвува за фестивалот на забавна музика „Макфест“

„Макфест“ годинава ќе се одржи во стариот термин, односно на 5, 6 и 7 октомври.

Поранешниот сопруг на Ивана Трамп почина во Хрватска

Рикардо Мацукели 20 години живеел во Сплит.

Владо Јаневски и „Витаминка“ ја промовираа песната „Последна заблуда“ (ВИДЕО)

„Последна заблуда“ е втората песна и видео запис што произлезе од соработката со „Витаминка“.

Фан-клубот ќе промовира нова песна од Тоше на 5 октомври

Насловот на песната е „Light the Flame“, која ќе биде најава за нов албум снимен во Лондон.

Џенифер Лопез донираше милион долари за уништетниот Порторико

Циклонот зад себе во Порторико и на островот Доминика остави 33 жртви, само неколку дена по проаѓањето на страшниот ураган Ирма.

НАЈЧИТАНИ