• 23 ноември 2017
  • Вести денес: 119
Плусинфо10:35 13 септември 2017 ● Прочитано 1005

Објавена е најновата Гинисова книга со рекорди, која е полна со необични, спектакуларни, интересни, сериозни и забавни светски рекорди.

Меѓу рекордерите се Ју Јуанксија од Кина, која го држи рекордот за најдолги трепки на нејзиното лево око – вкупно измерени 12,4 сантиметри.

Ајана Вилијамс, пак, е жената со најдолги нокти во светот, чија вкупна должина изнесува 5,76 метри. Таа воедно е и највисокиот модел.

Највисоката фризура ја има бени Харлем – 52 сантиметри. На човекот му се потребни цели два часа за да ја направи фризурата.

Рекордот за најдолги нозе во свет го држи Екатерина Лисина. Нозете на девојката се долги 132 сантиметри.

Најстариот професионален билдер според Гинисовата книга е Џим Арингтон од Калифорнија. Тој има 85 години и е прадедо. Инаку, тој вежба веќе 70 години.

Нејл Харбисон е необичен рекордер – тој ја има првата антена имплант, додека на првата протеза за цртање тетоважи сопственик е Шејтан Тенет.

Признаен е и рекорд најголем бетмобил направен од лего коцки. Горд сопственик на овој Гинисов рекорд е Нејтан Саваја.

Најнискиот венчан пар е титулата што им припадна на Пауло Габриел да Силва Барос и Катјучиа Ли Хошино од Бразил, чија заедничка висина изнесува нешто повеќе од 181 сантиметар.

Чарлс Хелмке и Шарлот Гатенберг, пак, двајцата од САД, се возрасни луѓе со најголем број тетоважи. Чарлс и Шарлот имаат тетовирано 97,5 отсто од своите тела.

До 4 мај 2017 година Јутјуб-каналот „Рајан тојс ривју“ е прегледан 12.076.126.791 пат, а лансиран е на 16 март 2015 година, со што станува најгледаниот Јутјуб-канал за лица родени по 2000 година. Каналот е посветен на 6-годишниот Рајан, кој поставува видеа од себе (понекогаш и од семејството) како игра сo играчки или игра видеоигри и го споделува своето мислење за нив.

И некои животни влегуваат во годинашната книга на рекордери. Така, на пример, зајакот Бани е рекордер во најголем број „зачукувања“ на кош, додека мачка по име Сајгнус го има рекордот за најдолга опашка во светот – 44,66 сантиметри. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Девојче секс-роб во затвор поради убиство на силувачот

Сега ѕвездите како Ким Кардашијан, Кара Делавињ и Ријана користејќи ја својата моќ и влијание бараат правда за Синтоија.

Генијална идеја: автобуси кои возат на рециклирано кафе

Биогоривото со кое од денес ќе возат дел од лондонските автобуси се произведува со комбинација од масло од кафе кое се добива од отпадоците и дизел

Бугарин во Хрватска возел 240 километри на час

Возачот добил парична казна од 400 евра и едногодишна забрана за возење во Хрватска.

Калифорниец ќе полета кон небото за да докаже дека Земјата е рамна

Мајк, секако, одбива да верува во научните докази дека планетата Земја има тркалезна форма.

Манекенка прошета по гаќи и никој не забележа (ВИДЕО)

Манекенката на себе носела само танга гаќички, шал, капа и чизми, а сè останато е дело на уметницата Џен Сејдел и нејзината ќерка.

НАЈЧИТАНИ