• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА12:53 13 септември 2017 ● Прочитано 466

Бурата Ејлен проследена со мошне силни ветрови од над 120 километри на час, погоди делови од Велика Британија, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со електрична енергија и го отежна сообраќајот.

Најтешко се погодени делови од Велс, централните делови на англиски Мидлендс, како и делови од северна Англија.

Само во Велс, повеќе од 60.000 домаќинства останаа без струја, а проблеми со електроснабдувањето има и во северозападните делови од Англија.

Голем број патишта се затворени за сообраќај, блокирани од соборените стебла, а проблеми има и во локалниот железнички сообраќај.

Железничките компании соопштија дека неколку патни правци денеска се затворени за сообраќај, затоа што на пругите има гранки од соборени дрвја. Таму каде нема такви проблеми, возовите се движат со намалена брзина поради силниот ветер.

Полицијата ги предупреди возачите на автопатиштата, во делови од земјата погодени од бурата Ејлен да возат максимално внимателно.

Тоа посебно се однесува за камионџиите и мотоциклистите, како и возачите на автомобили со приколки, затоа што силниот ветер може да предизвика тие да се превртат.

Метеоролозите објаснуваат дека бурата во Велика Британија доаѓа од реонот на Атлантикот и дека сега се очекуваат силни и обилни врнежи од дожд.

Специјалните служби ја надгледуваат ситуацијата со невремето и го предупредуваат населението од опасноста од поплави.

Засега нема извештаи дека силната бура предизвикала човечки жртви, или повредила луѓе.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Земјотрес од 7,5 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Засега нема информации за предизвикани материјални штети или повредени лица.

НРА против предлогот на Трамп за измена на Законот за оружје

Измена на Законот беше предложена по нападот во средно училиште на Флорида, во кој загинаа 17 лица.

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер ја погоди Јапонија

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 125 километри од островот Хоншу, на длабочина од 9,9 километри.

Коѕијас: На Албанија не и отстапуваме ниту педа земја

Шефот на грчката дипломатија посочи дека иформациите дека Грција отстапува дел од својата територија се лажни.

Меркел, Макрон и Путин зборувале за прекин на огнот во Сирија

Tреба да се изврши максимален притисок врз сириската Влада со цел да се прекинат нападите во Источна Гута, соопшти портпаролот на германската Влада.

НАЈЧИТАНИ