• 26 септември 2017
  • Вести денес: 2
Плусинфо13:07 13 септември 2017 ● Прочитано 3753

Урбаните уметници не мируваат. Тие денеска со поставување на скулптура на леб во паркот кај зградата на Службен весник,потсетија на сиромаштијата во земјава и побараа конечно да почне да се намалува.

„Леб за сите“ е пораката и потсетувањето за политичарите и јавноста,  дека им е потребен на 450.000 граѓани на земјава кои влегуваат во стапката на сиромаштија од  21,5 отсто .

Дополнително се потсетува и дека вкупно 70.000 луѓе можат да си дозволат само три достојни оброци неделно, додека над 100.000 луѓе преживуваат со 100 денари дневно.

Скулптурата наиде на интерес на граѓаните кои се движеа во тој дел од градот.

Слични скулптури во изминатиот период урбаните уметници поставуваа на теми кои се од интерес на граѓаните.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Марин: Ќе овозможиме субвенции за еколошки огрев за аеродромци

Златко Марин, кандидат за градоначалник од СДСМ во Аеродром, најави конкретен план како да го подобри квалитетот на живот во скопската општина.

Богдановиќ: Ќе ги завршиме сите позитивнни проекти почнати од Жерновски

Ќе го решиме и еден од најголемите проблеми со кој општината се соочува, а тоа се паркиралиштата, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар.

Трајановски на скопјани им вети паркови и здравје

Предвидено е да се засадат околу 500.000 метри квадратни нови зелени површини во градот Скопје за следните четири години.

Ограбени две обложувалници во Скопје

Едното разбојништво се случило во Ченто, додека другото во обложувалница во Тафталиџе.

Темелковски вети планско градење и гасификација во Кисела Вода

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода вети помош за старите и немоќните, како и поддршка за лицата со хендикеп, како и за нивните семејства.

НАЈЧИТАНИ