• 23 ноември 2017
  • Вести денес: 119
Плусинфо13:27 13 септември 2017 ● Прочитано 496

Раководството на Македонската информативна aгенција (МИА), најстарата информативна агенција во земјата, донесе одлука во наредните три месеци, до завршување на локалните избори, интернет порталите да можат да ги пренесуваат бесплатно сите информации на МИА од сервисот „Македонија“.

- Сите портали кои сакаат да пренесуваат проверени и точни информации за настаните во државата, особено за локалните избори, ќе можат да бидат наши корисници - објави денеска на прес-конференција директорот на МИА, Драган Антоновски.

Услов за тоа истакна Антоновски е на крајот на веста да се наведе дека тоа е вест на МИА, да се назначи дека тоа е изворот, вестите да не се вадат од контекст, што е во согласност со Кодексот на новинарите на Македонија и правилата на професионалното новинарство.

- Ние од МИА сметаме дека наша обврска е да ги информираме граѓаните, да им понудиме проверени, брзи, објективни информации, и на тој начин сакаме да им помогнеме и на порталите кои знаеме дека финансиски не се кадарни, а сакаат да имаат вистински и аргументирани информации, да застанат на нозе, да се доближат до своите читатели, но не со лажни, туку со точни и проверени вести. МИА како информативна агенција застанува на страната на вистинитата информација, на страната на информирани граѓани и наспроти пропагандата, лажните вести и манипулациите - посочи Антоновски.

Ова, потенцира тој, е наш придонес кон демократизацијата на општеството и подигање на стандардите на професијата.

Интернет порталите кои сакаат да добиваат бесплатни вести од МИА во следните три месеци треба да се пријават на и-мејл адресата [email protected] за да добијат пристап до сервисот на Агенцијата.

Директорот на МИА објави, исто така, дека во најавите за настаните на денот ќе се прецизира кои настани со сигурност ќе бидат покриени и со информации и фотографии, за телевизиите, весниците и другите медиуми претплатници и корисници на генералниот сервис на МИА да можат да си ги распоредат своите новинари на други настани и да проценат кои текстови од настани би ги користеле од сервисот на Агенцијата.

За оваа новинарска акција МИА доби поддршка од Здружението на новинарите на Македонија и од Советот за етика во медиумите на Македонија.

Извршниот директор на Советот за етика на медиумите на Македонија, Марина Тунева, ја поздрави иницијативата на МИА во заложбите за третирање на етиката и процесот на саморегулација во медиумите, особено за време на претстојните локални избори во државата.

СЕЕМ изготви Повелба за етичко известување за избори која се заснова на универзални принципи на професијата, како вистиност и објективност, избалансираност, јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите, чесност и неутралност, професионална солидарност, уредувачка независност и професионален интегритет, почит и толерантност и принципот на слобода и одговорност.

Повелбата, како што кажа Тунева, е поддржана од голем број медиуми, но процесот на прифаќање останува да биде отворен и за тие кои дополнително ќе решат да се приклучат кон оваа иницијатива.

- Во контекст на натамошната промоција на концептот на саморегулација СЕЕМ веќе работи на подготовки на насоки и принципи за интернет порталите, како и за членките на советот така и за оние што би се приклучиле - рече Тунева.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека е убеден дека со оваа идеја на МИА ќе се придонесе за подобрување на начинот на известување на медиумите во претстојниот период.

- Известувањето на медиумите треба да биде секогаш професионално, но таа потреба е уште поголема во изборен период, затоа граѓаните на Македонија имаат право да имаат точни и проверени, кредибилни информации за да можат да донесуваат одговорни одлуки на денот на избори - изјави Селмани.

Иницијативата на МИА, како што рече Селмани се совпаѓа со пристапот на ЗНМ за решавање на проблемите во медиумите.

- Етиката не може да се наметнува со закон, таа е одговорност на новинарите и на медиумските работници да се организираат преку вакви и слични иницијативи да се зголеми степенот на примена на професионалните стандарди - рече претседателот на ЗНМ.

Селмани верува дека на овој начин ќе се направи разликата меѓу оние што ја прифаќаат професионалната етика и на оние што свесно ја кршат. 
 

Фото: МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Борисов им бакна раце на четворица владици на МПЦ (ФОТО)

Заев и Борисов одржаа средба во четири очи во манастирот во Водоча.

МНР призна дека има забелешки од ЕК, ги решавало на дневна основа

Според МНР, Европската комисија преку македонската амбасада во Брисел од новата Влада побарала реализација на итните реформи од планот 3 – 6 – 9.

Нови гранични премини со Бугарија, прв Клепало-Сандански

За ова денеска разговарале министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија, Оливер Спасовски и Валентин Радев на средбата во Струмица.

СЈО настапи со 1.560 докази во „Труст“, меѓу нив и две необјавени „бомби“

Се очекува денешното рочиште, како што посочи и самата судијка да трае до крајот на работното време.

Прегратки на говорница, Борисов ја гледа Македонија во ЕУ и НАТО

Премиерот Заев истакна дека пред претседавањато на Бугарија со Европската унија, Македонија ја надгради соработката.

НАЈЧИТАНИ